Свет
Аналитичар: Нема да биде тешко да се пополни празнината во Иран по смртта на Раиси
„Нема да биде тешко да се пополни празнината по смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси“, изјави за Си-ен-ен аналитичар од Техеран.
„Претседателот Раиси не беше многу успешен економски претседател“, изјави Меир Џаведанфар, директор на компанијата за економски и политички анализи на Блискиот Исток, за Си-ен-ен.
„Во Иран рацете на претседателот обично се врзани бидејќи иако тој има голема одговорност, овластувањето за спроведување на работите навистина останува во рацете на врховниот лидер“, додаде тој.
Тој исто така посочи дека Раиси „не бил некој со искуство во безбедноснитже прашања“, ниту некој „со искуство во иранската државна администрација“.
„Тој не беше човек со визија. Тој не беше харизматичен политичар, кој дојде да ги промени работите“, рече Џаведанфар.
Економијата со која требаше да управува, всушност, се влоши под претседателот Раиси, посочи тој, пренесува медиумот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

