Свет
Антонов: Американците нема да може да ја избегнат одговорноста за крвта и солзите на невините луѓе
Администрацијата на Вашингтон го поддржува Киев во извршувањето на злосторствата, меѓу другото, во извршувањето напади врз цивили, изјави рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов, коментирајќи ги реакциите на американските власти за нападот со ракети „Атакамс“ врз цивили во Севастопол, пренесува „Спутник“.
„Администрацијата демонстративно ги поддржува злосторствата на режимот во Киев, застана на страната на меѓународниот тероризам, ги одобрува нацистичките напади врз цивили“, напиша амбасадорот на „Телеграм“.
„Нема оправдување за крвавите акти на вооружените сили на Украина“, додаде тој.
Антонов нагласи дека нападот бил намерно извршен на место на кое имало голема концентрација на луѓе.
„Бандитите не се двоумеле да убиваат жени и деца на христијански празник, кој сите го почитуваат. Обидите на Вашингтон да прикрие страшно злосторство против руските граѓани предизвикуваат гнев и огорченост. Американците нема да може да застанат настрана и да избегнат одговорност за крвта и солзите на невините луѓе“, рече амбасадорот.
„Снабдувањето со американско оружје за нацистичките марионети, со овластување за напади врз цивили, само укажува на желбата на локалните власти да ја продолжат војната, без оглед на човечките жртви. На политичарите во Вашингтон им е јасно дека касетната муниција во ракетите ‘Атакамс’ не може да се лансира без учество на американски експерти и поддршка на американските разузнавачки служби“, нагласи дипломатот.
„Не е случајно што непријателските беспилотни летала кружат над Црното Море речиси секој ден“, објасни тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Тешка сообраќајка меѓу два училишни автобуси: повредени деца во француски регион
Осум тинејџери се хоспитализирани откако два училишни автобуси се судрија во Лузарш во регионот Вал д’Оаз.
До судирот дошло околу 17:00 часот кога две возила превезувале вкупно 32 основци и средношколци, јавува весникот Паризјен.
Според првите информации, возачот на автобусот закочил или забавил, што го изненадило возачот кој го следел и потоа удрил во задниот дел на првиот автобус.
Вкупно 20 ученици се полесно повредени.
Осуммина биле итно пренесени во болница, особено жалејќи се на болки во вратот.
Полицијата отвори истрага за инцидентот, пренесуваат медиумите во регионот.
Регион
Борисов ја повлекува кандидатурата за премиер
Лидерот на централно-десничарската бугарска партија ГЕРБ и поранешен премиер, Бојко Борисов, ја повлече својата кандидатура за премиер на Бугарија и одлучи да го врати мандатот за формирање влада.
„Не сакам повеќе да се занимавам со оваа земја. Ќе го вратам мандатот штом го добијам“, изјави Борисов на прес-конференцијата.
Борисов ја донесе одлуката по неуспешните преговори за коалиција по парламентарните избори во октомври, на кои ГЕРБ освои најмногу гласови, но без доволно мнозинство за самостојно да формира влада.
Минатата недела Борисов и понуди на коалицијата „Продолжување на промените – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) поддршка за кандидатурата на Атанас Атанасов за претседател на парламентот, под услов да формираат заедничка влада со него како премиер, но тој предлог беше одбиен.
Парламентот се уште е блокиран, а пропаднаа и обидите за избор на претседател на Собранието.
Свет
Русите објавија фотографии: „Ова се американски АТАКМС во Русија, подготвуваме одговор“
Министерството за одбрана на Русија тврди дека Украина истрелала неколку американски ракети со долг дострел АТАКМС кон Русија во изминатите неколку дена.
Москва најавува одговор.
„Според потврдени податоци, во последните три дена украинските вооружени сили извршиле два напади со западно оружје со долг дострел на цели во Курската област“, соопшти Министерството за одбрана.
Во саботата, според Русите, Украина истрелала пет АТАКМС во областа Лотарјовка, 37 километри северозападно од Курск, гаѓајќи го противвоздушниот систем С-400.
„Две од нив ја погодија својата цел“, се вели во соопштението, додавајќи дека системот е оштетен, а луѓето се повредени.
Вчера, Украина, исто така, „изврши уште еден напад со осум АТАКМС на аеродромот Курск-Восточни“, се вели во соопштението. Едниот сигнал до цента, две лица се повредени, а инфраструктурата е оштетена.
„Руското Министерство за одбрана ја следи ситуацијата и подготвува одговори“, се вели во соопштението.
Министерството објави и фотографии од остатоци од ракетите АТАКМС во Русија, но нивната автентичност не е потврдена.