Вести
Арапските челници ја потврдија поддршката на палестинската држава
Арапските челници повторно во средата ја потврдија својата поддршка на решението со две држави за деценискиот арапско-израелкси судир, во екот на засиленото непријатно чувство поради ставот на САД под новата администрацијата на претседателот Доналд Трамп.
Американскиот претседател ги вознемири арапските и некои европски челници кога оспрати сигнали дека е отворен за решението со една држава, со што го направи пресврт во однесувањето на досегашните американски претседатели и на меѓународната заедница.
Доналд Трамп подоцна во интервју за агенцијата Reuters изјави дека му се допаѓа концептот со две држави, но не ја потврди поддршката на САД за евентуалната палестинска држава, изјавувајќи дека ќе биде „задоволен со сето она што двете страни ќе ги направи среќни“.
Арапски челници, коишто следуваат на еднодневниот состанок во близина на Мртвото Море, јавно не се повикаа на Трамп или на неговите двосмислени изјави, но ја нагласија својата поддршка за независна палестинска држава и силно го критикуваа продолжувањето на еврејските населби на териториите коишто меѓународната заедница ги смета за окупирани од Израел палестински територии во војната од 1967 година.
Домаќинот на самитот, јорданскиот крал Абдула, изјави дека воспоставувањето на палестинската држава покрај Израел останува основата на каков и да е сеопфатниот арапско-израелски мировен договор./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
