Контакт

Свет

Археолозите откриле легендарен ров на крстоносците во близина „Ерусалимските ѕидини“

Објавено пред

Археолозите откриле ров од 11 век во близина на ѕидините на стариот град во Ерусалим – првиот цврст доказ за опсадата на крстоносците против градот пред 920 години. Иако неколку историски документи содржат сведоштва за неа, многу научници сепак веруваа дека опсадата е мит, пренесува „Брејтбарт“.

Откритие е дел од археолошкиот проект „Маунт Зајон“, заеднички меѓународен проект предводен од професорот Шимон Гибсон и професорот Џејмс Табор од Универзитетот на Северна Каролина во Шарлот во соработка со Рафи Луис од колеџот „Ашкелон“.

Археолошката локација е дел од националниот парк „Ерусалемски ѕидини“, каде што археолозите претходно откриле еврејски замок од првиот век и ретка златна монета со печат со ликот на римскиот император Нерон.

Петтенеделната битка за Ерусалим меѓу армиите на крстоносците и Фатимидскиот калифат, кој го контролирал регионот во 1099 година, добила разрешница на 15 јули истата година кога Рејмонд Четврти, грофот од Тулуз, еден од водачите на Првата крстоносна војна, го нападнал градот од југ, а друга христијанска сила подигнала кула за да пробие градските ѕидини од север.

Рејмонд Дагије, кој напишал современ извештај за битката, опишал ров што муслиманите го бранеле за да ги спречат напаѓачите на југ. Според неговите летописи, грофот им ветил златни динари на сите крстоносци што би помогнале да се пополни ровот за да може да изгради стабилна опсадна кула над ѕидот.

Според извештајот на Рејмонд, опсадата на крајот успеала, но кулата била запалена. Кога северните сили го освоиле градот, крстоносците поминале една недела убивајќи ги муслиманските и еврејските жители на градот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

СЗО: Mајките да ги дојат своите деца и кога имаат ковид-19

Објавено пред

Светската здравствена организација денеска предупреди дека наспроти големите надежи за пронаоѓање на вакцина, можеби никогаш нема да има чудотворено решение за ковид-19 и дека враќањето во нормала ќе потрае.

Повеќе од 18,1 милиони луѓе во светот се заразени со новиот коронавирус, а речиси 700.000 се починати.

Генералниот директор на СЗОО, Тедрос Адхан Гебрејерус и раководителот на Одделот за вонредни состојби Мајк Рајан инсистираат на тоа државите строго да ги спроведуваат епидемиолошките мерки како што се носење маски, физичка дистанца, миење раце и тестирање.

„ Пораката до луѓето и владите е јасна: Направете се“ порача Тедрос на виртуелната конференција во седиштето на ОН во Женева.

Маските за лице, порача тој, би требало да станат симбол на солидарност во светот.

„Поголем број од вакцините се во третата фаза од клиничките испитувања и сите се надеваме дека ќе имаме повеќе ефективни видови на вакцини кои би помогнале во спречување на заразата. Но, засега нема чудотворно решение и можеби никогаш нема да го има“ рекол Тедрос.

Тој признал дека постои страв дека нема да има вакцина која е ефективна или заштитата од болеста ќе биде само краткотрајна и ништо повеќе, но дека тоа нема д асе знае се додека не се завршат клиничките испитувања.

Тедрос им порача на мајките да ги дојат своите бебиња и во случај да се заразени со коронавирус, бидејќи придобивките ги надминуваат ризиците од инфекција.

„ СЗО препорачува мајките кои се сомнителни или се потврдени дека се позитивни на ковид-19 да се охрабруваат на истиот начин како и сите други да започнат или да продолжат со доење“ рекол Тедрос.

Според него, бројните предности на доењето за бебето и децата значајно ги надминува потенцијалните ризици на инфекцијата.

Прикажи повеќе...

Свет

На секои седум минути умира еден човек од ковид-19 во Иран

Објавено пред

Во Иран на секои седум минути починува по еден човек од ковид-19, објави денеска државната телевизија.

Министерството за здравство регистрирало 215 нови смртни случаи.

Во оваа зеемја од коронавирус починале вкупно 17.405 луѓе, а бројот на потврдени случаи се зголемил за 2.598, на 312.035, соопшти министерството.

Државните медиуми предупредија на недостиг од физичко дистанцирање.

Некои експерти се сомневаат во точноста на официјалните ирански податоци за бројот на случаи.

Извештајот на истражувачкиот центар на иранскиот парламент од април укажува дека бројот на починати би можел да биде двојно поголем од оној кој го пријавило министерството за здравство.

Прикажи повеќе...

Свет

Почина Џон Хјум, нобеловецот кој ги помири католиците и протестантите во Северна Ирска

Објавено пред

Џон Хјум, римокатолик и еден од архитектите на северноирскиот миреовен договор поситгнат на Велики петок во 1998 година, почина денеска на 83 годишна возраст, објави неговата Социјалдемократска и лабуристичка партија.

Хјум поради неговата улога во ставањето крај на 30-годишното насилство меѓу католиците и протестантите доби Нобелова награда за мир.

Со договорот на Велики петок на 10 април 1998 година, ставен е крај на 30-годишното насилство во Северна Ирска, со околу 3500 загинати луѓе.

Хјум е заслужен за поттикнување на мировните преговори во таа британска покраина, Нобеловата награда за мир во 1998 година ја подели со тогашниот северноирски министер Дејвид Тримбл од протестанската Улстерска унионистичка партија.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет57 минути

СЗО: Mајките да ги дојат своите деца и кога имаат ковид-19

Светската здравствена организација денеска предупреди дека наспроти големите надежи за пронаоѓање на вакцина, можеби никогаш нема да има чудотворено решение...

Македонија2 часа

Нови 74 заболени и тројца починати од ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 689 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на...

Свет3 часа

Германските ученици се вратија во училишните клупи во екот на пандемијата

Десетици илјади училишни деца денеска се вратија во училиштата во северна Германија. Мекленбург-Западна Померанија е првата од 16 германски држави...

Македонија4 часа

Џафери: Добро се чувствувам, јас ќе ја водам седницата

Претседателот на Собранието, Тала Џафери изјави дека утре тој ќе ја води конститутивната седница. Џафери денеска ја напушта Клиниката за...

Свет5 часа

Руски доктор: Пандемијата личи на проба за биолошка војна

Ситуацијата со пандемијата на коронавирус личи на проба за биолошка војна, изјави рускиот детски хирург, Леонид Рошаљ, пренесе „Спутник“. „...

Свет6 часа

Мелбурн ги затвора речиси сите продавници и фабрики за да го спречи вирусот

Вториот по големина австралиски град Мелбурн, во кој веќе на сила е ноќен полициски час, најави нови ограничувања за индустријата,...

Свет6 часа

Латинска Америка најтешко погоден регион во светот, има речиси пет милиони заразени

Аргентина вчера надмина 200.000 случаи на ковида-19, Колумбија поставува дневен рекорд, а во Латинска Америка се рушат црните рекорди со...

Свет6 часа

Трамп: Ретко кој заслужил смртна казна повеќе од бомбашот од Бостон

Американската сојузна влада би можела уште еднаш да побара смртна казна за Чеченецот Џохар Царнаев, изјави американскиот претседател Доналд Трамп....

Свет7 часа

Германците сакаат да продолжат да работат од дома и по пандемијата

Поголем дел од Германците сакаат да ја задржат можноста за работа од дома и по завршувањето на пандемијата на коронавирус,...

Свет7 часа

Американски и британски фармери добиваат мистериозни пакети со семиња од Кина

Фармери во Велика Британија и САД веќе некое време примаат чудни пакувања со семиња од Кина во пошта што не...

Топ17 часа

Малолетник од Ресен исчезна во Преспанското езеро

Во водите на Преспанското езеро вчера исчезнало 16-годишно момче од Ресен. Во Полициската станица Ресен од Итната медицинска помош било...

Регион20 часа

Преглед на состојбата во регионот: Албанија со нов рекорд на новозаразени, во Косово уште 13 починати

Преглед на состојбата со коронавирус во регионот во последното деноноќие. Нов рекорд на новозаболени во Албанија Откако Албанија вчера регистрираше...

Македонија21 час

Maлиот Ајан кој го победи карциномот заѕвони на ѕвонче пред да ја напушти Детската клиника

По долга битка со леукозата, малиот херој Ајан денеска ја напушти Детската клиника во Скопје. Придружен со аплауз од медицинскиот...

Македонија1 ден

Филипче: Лежалката на плажа лесно се заменува со болнички кревет

Лежалката на плажа лесно се заменува со болнички кревет, предупредува министерот за здравство, Венко Филипче. Tој апелира на почитување на...

Македонија1 ден

Регистрирани 166 новозаразени со коронавирус во Македонија, починаа 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на...

Македонија1 ден

(Видео) Пендаровски: Помирување ни е потребно повеќе од било кога

Во ерата на националните романтизми и национализми, Илинден остана симбол на неспорно изрзената волја за својата држава, заснована врз демократските...

Економија1 ден

Јавниот и државниот долг се зголемени за над 8 проценти во период од три месеци

Јавниот и државниот долг во второто тромесечје се зголемени за над 8 проценти. Jавниот долг, кој ги вклучува државниот, гарантираниот...

Македонија1 ден

(Видео) Mицкоски го честита Илинден и се извини за грешките на ВМРО-ДПМНЕ од минатото

Со зборовите од Крушевскиот манифест: „Ура! За ‘Афтономна Македонија’!“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од струшкото село Ташмаруништа на граѓаните им го...

Топ1 ден

Mладо момче загина во сообраќајна несреќа кај Кратово, повредени се четири лица

Момче на возраст од 22-години почина во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат од селото Железница кон селото...

Свет1 ден

Во Мелбурн воведен шестнеделен ноќен полициски час

Во австралиската држава Викторија, чијшто главен град е Мелбурн, е прогласена состојба на катастрофа, а властите воведоа ноќен полициски час...

Досие