Европа
„Астразенека“ и „Оксфорд“ презентираа различни тврдења за нивната вакцина

Компанијата „Астразенека“ и Универзитетот Оксфорд дадоа спротивставени тврдења за начинот на дозирање на нивната вакцина против коронавирус, што е редок пример на несогласување меѓу двете институции околу овој клучен проект.
Двете страни имаат различна верзија на гледиштето за тоа како одлучиле вакцината да се дава во два наврата – првпат половина, а вторпат цела доза. Првично беше планирано да се даваат по две цели дози.
Студиите наводно покажале дека методот на половина доза е ефикасен 90 проценти во споредба со 62 проценти кога се даваат две цели дози.
Шефот на истражувањето на „Астразенека“ за „Ројтерс“ пред десетина дена изјави дека причината за половина доза е среќна случајност.
Истражувачите забележале дека очекуваните несакани ефекти како што се замор, главоболки и болка во рацете се послаби отколку што очекувале, а Мене Пангалос рече:
„Се вративме, проверивме и сфативме дека е дадена половина доза“, истакна тој, додавајќи дека компанијата потоа одлучила да продолжи со половина доза.
Водечки научник од „Оксфорд“ во понеделникот го отфрли тоа тврдење, велејќи дека половина доза е дадена намерно по темелна консултација.
Ваквите изјави од водечките институции предизвикаа загриженост во врска со веродостојноста на истражувањето, особено затоа што некои експерти сметаат дека се заобиколени некои прописи за да се одобри вакцината што е можно побрзо.
„Овие различни тврдења се загрижувачки“, рече Еленор Рајли, професорка по имунологија на Универзитетот во Единбург.
„Кога станува збор за вакцината, довербата е клучна и не смее да се прави нешто што ќе ја поткопа“, додаде таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
ЕК бара објаснување од „Фајзер“ за доцнењето на вакцините

Европската комисија ќе побара објаснување од американската компанија „Фајзер“, за причините поради кои повторно се одложува испораката на вакцини против коронавирусот, изјави денеска портпаролот на ЕК.
„Фајзер“ требаше да испорача нови количини вакцини во ЕУ следната недела, пренесува „Ројтерс“.
Претходно, компанијата објави дека повеќе нема да има одложувања во испораката на вакцини против коронавирус, откако веќе еднаш ја одложи испораката, со образложение дека мора да го зголеми производството.
Европа
Франција воведува ПЦР-тест за сите патници што сакаат да влезат во земјата

Францускиот претседател Емануел Макрон им рече на своите колеги од Европската Унија дека Франција ќе ги направи ПЦР-тестовите задолжителни за сите патници во Франција, вклучително и другите земји на ЕУ, соопшти кабинетот на Макрон.
Прекуграничните работници и копнениот транспорт ќе бидат ослободени од таа обврска, додаде француското претседателство, пренесува „Ројтерс“.
Тестот ќе треба да се изврши најдоцна 72 часа пред поаѓањето, беше речено по видеосамитот на лидерите на ЕУ, што се одржа во четвртокот.
Европа
Шпанија пријави рекорден број од 44.357 новозаразени од коронавирус

Шпанија објави рекордни 44.357 нови инфекции со коронавирус за еден ден. Во претходните 24 часа 404 лица починаа од коронавирус во Шпанија, со што бројот на смртни случаи од инфекцијата достигна 55.000.
Просечниот број на заразени во последните 14 дена денес се зголеми на 796 од вчерашните 736 на 100.000 жители. Во Шпанија 36 проценти од креветите моментно се зафатени во единиците за интензивна нега, а во регионите Ла Риоха и Валенсија повеќе од 50 проценти. Инфекцијата е потврдена кај 2,5 милиона Шпанци, со што оваа земја е на седмата позиција во светот.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот