Европа
„Астразенека“ ќе испoрача 150 милиони вакцини за земјите од Европската Унија

Шведскиот координатор за вакцини Ричард Бергстром денес изјави дека според сегашните информации, „Астразенека“ ќе може да ѝ испорача 150 милиони дози вакцина против Ковид-19 на Европската Унија во вториот квартал, како што беше претходно соопштено.
„Тоа е дури и помалку отколку во првичниот договор“, истакна тој, објави „Ројтерс“.
„Не сме целосно задоволни, но тие се обидуваат да најдат нови количини и сметаме дека тоа е одлично“, рече Бергстром на прес-конференција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
ЕУ постигна договор за климата, значително се намалува емисијата на стакленички гасови

Преговарачита на Советот на Европската унија и Европскиот парламент постигнаа договор за закон за климата според кој до 2030 година Унијата ќе ги намали емисиите на стакленички гасови за 55 проценти во споредба со 1990 година.
„Воодушевена сум што постигнавме договор за овој клучен елемент на Европскиот зелен план. Нашата политичка определба да станеме прв климатски неутрален континент до 2050 година сега е исто така законска обврска“, рече претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен.
Според договорот, целта е до 2030 година да се намалат стакленичките гасови за 55 проценти, во споредба со сегашните 40. Договорот ја потврди позицијата на Европскиот совет, кој во декември минатата година го поддржа предлогот на Комисијата за намалување од 55 проценти, додека првичната позиција на Европскиот парламент беше 60 проценти.
„Договорот исто така ја зајакнува нашата глобална позиција како лидер во справувањето со климатската криза. Кога светските лидери ќе се соберат на Денот на планетата Земја, ЕУ ќе излезе со оваа позитивна вест со која се надеваме дека ќе ги инспирираме нашите меѓународни партнери. Ова е добар ден за нашите луѓе и нашата планета“, рече извршниот потпретседател на Комисијата, Франс Тимерманс.
Во преговорите меѓу претставниците на земјите-членки и Европскиот парламент немаше напредок во последните неколку месеци, сè до последниот состанок, кој започна вчера рано попладне и заврши денеска во 5 часот наутро.
Законот допрва треба да биде официјално одобрен од Советот и Европскиот парламент.
Европа
Советот на Европа ќе учествува во набљудувањето на изборите за Државната дума во Русија

Претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), Хендрик Демс, во писмо до претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин, ја прифати неговата покана да учествуваат во набљудувањето на изборите за Думата во септември, изјави спикерот на Државната дума за ТАСС.
„Хендрик Демс информираше за подготвеноста на Собранието да учествува во набљудувањето на претстојните избори за Државната дума“, рече спикерот.
Дополнително, продолжи тој, Демс се согласи со неопходноста од соработка на европските земји во борбата против пандемијата на коронавирус и обезбедувањето пристап со вакцините за сите граѓани.
Средбата на Володин и Демс се одржа на 15 март за време на посетата на претседателот на ПССЕ на Русија. Политичарите разговараа за можното присуство на набљудувачите на ПССЕ на изборите и борбата против пандемијата на Ковид-19, како и за промовирањето на руските вакцини на европскиот пазар.
Изборите за руска Државна дума ќе се одржат на 19 септември истовремено со регионалните и општински избори.
Европа
Шведска: Наместо „Астразенека“, друга вакцина како втора доза

Швеѓаните помлади од 65 години, кои примиле една доза на вакцината против коронавирус од „Астразенека“, како втора доза ќе примат вакцина од друг прозиводител, објави денеска Шведската здравствена агенција.
„На лицата под 65-годишна возраст, кои веќе примиле доза од ‘ваксзеврија’ (што е новото име на вакцината oд ‘Астразенека’), треба да им се понуди втора доза од друга таканаречена mRNA вакцина како што е онаа на ‘Фајзер’ / ‘Бионтек’ или ‘Модерна’“, посочи здравствената агенција во соопштението, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион5 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?