Свет
„Атлантик“: Луѓето ќе умираат поради пренатрупани болници
Многу показатели сугерираат дека следното лето ќе биде радосно и просперитетно и дека луѓето повторно ќе се собираат на отворено и во затворено. Но, ќе ги има помалку бидејќи ќе умрат десетици илјадиу Американци, кои можело да бидат спасени, пишува американскиот магазин „Атлантик“.
Многу докази укажуваат на тоа дека се остварува еден од најлошите стравови од пандемијата – дека болниците ќе бидат преплавени, што ќе доведе до непотребни смртни случаи. Американците што денес умираат од Ковид-19 би можеле да преживеат ако не се разболеа пред еден месец.
Бројот на хоспитализирани пациенти се зголемува речиси секој ден. Од 1 ноември бројот на пациенти со Ковид-19 во болниците е двојно поголем, а од 1 октомври тројно.
Во меѓувреме, здравствените работници се загрижени дека болниците набргу ќе бидат преполни.
„Здравствениот систем во Ајова ќе се распадне, без сомнение“, изјави еден инфектолог за „Атлантик“ на почетокот на ноември.
Следната недела лекар на интензивната нега во Небраска предупреди: „Претпоставката дека секогаш ќе имаме еден болнички кревет за вас е неточна“.
Оваа катастрофа се чини дека е на повидок не само во Ајова и Небраска, туку и во цела Америка. Националното распаѓање на болничкиот систем сега може да се види и во податоците на коронавирусот. Со недели бројот на хоспитализирани лица од Ковид-19 беше приближно 3,5 проценти од вкупниот број случаи претходната недела. Сепак, бројот на случаи во вкупниот број хоспитализации сега се намалува, наведува магазинот.
Просечен Американец со Ковид-19 примен во болница денеска, веројатно е поболен од некој со Ковид-19 на крајот од летото. Ова не е затоа што лекарите и медицинските сестри станале посурови, пишува „Атлантик“, туку едноставно затоа што им снемува болнички кревети и затоа е потребно да се заостри критериумот за прием во болница.
Се предвидува дека првите дози на вакцината речиси сигурно ќе пристигнат до Божик. Десетици милиони Американци би можеле да имаат имунитет во рок од осум недели, а до крајот на февруари околу 100 милиони Американци ќе бидат имуни.
Сепак, квалитетот на здравствената заштита ќе се влоши пред тоа, а на пациентите на кои им требаат болнички кревети од која било друга причина – срцев удар или скршеница на ногата – тешко ќе стигнат до нив. Многу луѓе ќе страдаат и ќе умрат непотребно, предупредува магазинот „Атлантик“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.

