Свет
Ајкула нападна британски туристи во Австралија
Двајца британски туристи се тешко повредени во напад на ајкула додека нуркале во Австралија, соопштија властите.
Ајкулата на едниот турист му го одгризала стапалото, а на вториот ногата.
Туристите на возраст од 22 и 28 години нуркале на островот Витсандеј кога се случил нападот, јави АП.
Спасувачите со чамец ги извадиле нуркачите на копно, од каде што со хеликоптер биле превезени во болница во градот Макај и се наоѓаат во сериозна, но стабилна состојба.
#RACQ #CQRescue arriving at Mackay Base Hospital at 12.40pm with two patients on board after a Shark attack in the Whitsundays. pic.twitter.com/UJy46tYEIi
— RACQ CQ Rescue (@cq_rescue) 29 October 2019
Од болницата соопштија дека 28-годишникот го загубил стапалото.
Во ноември минатата година ајкула уби 33-годишен маж во Витсандеј, а два месеца претходно нападнати беа двајца туристи, од кои 12-годишно девојче ја загуби ногата.
Зголемениот број напади од ајкули би можело да ја загрози посетеноста на светски познатата туристичка дестинација, наведе АП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

