Вести
Бан Ки-мун нема да се кандидира за јужнокорејски претседател

Поранешниот генерален секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун изјави во средата на прес-конференција дека нема намера да се кандидира на следните претседателски избори во Јужна Кореја.
Во јануари годинава Бан Ки-мун се врати во татковината откако осум години мина на чело на светската организација. Со месеци се нагаѓаше околу неговите политички амбиции, го и ги подгреваше самиот со повеќето јавни настапи, а од минатата есен се споменуваше досега за кандидат за највисоката функција во државата.
„Ќе се повлечам од политичкиот живот… Жал мие е што ќе разочарам многу луѓе“, изјави Бан пред новинарите по состанокот со челниците на конзервативните партии.
Иако декларативно никогаш не се прогласи за претседателски кандидат, Бан учествуваше на многу јавни настани со свои говори, што се толкуваше како најава за неговата претседателска кандидатура од страна на конзервативната партија Саенури на актуелната претседателка Парк Гуен-Хе на која ѝ се заканува отповикување од должноста поради корупциски скандали.
Меѓутоа, поддршка од партијата не успеа да добие, а имиџот му го расипаа и обвинувањата за корупција за него лични и за членови од неговото семејство. Со тоа популарноста на Бан последните седмици падна на 13,1 отсто, во однос на 20,3 отсто откако на почетокот од годинава се врати во Јужна Кореја. Во Сеул се смета дека споменатите новинарски истражувања претставуваат обид да се дискредитира идниот кандидат за претседател. прво кон крајот на неговиот мандат како Генерален секретар на ОН, Бан Ки-мун беш обвинет дека во 2005 и 2007 година земал мито во вкупна вредност од повеќе од 200.000 американски долари, но самиот Бан категорично ги отфрли таквите обвинувања.
Според сведоштвата на новинари на јужнокорејскиот весник Sisa Journal, Бан Ки-мун добил 200.000 долари во пролетта 2005 година, за време на работна вечер организирана во чест на посетата на министерот за надворешни работи на Виетнам на Јужна Кореја. Бан Ки-мун, кој во тоа време бил корејски министер за надворешни работи и трговија, ја примил делегацијата од Виетнам, во чиј состав бил и влијателниот тамошен бизнисмен, челникот на компанијата „Taekwang“. Пак Јеон Ча. Посредник, според написот, дошол во резиденцијата на министерот за надворешни работи еден час пред делегацијата за му ги предаде на Бан 200-те илјади долари.
Медиумите, исто така, тврдат дека во книгата за белешки на секретарката на виетнамскиот бизнисмен е забележано и името на Бан Ки-мун и покрај него наведени различни суми пари. Доколку се соберат, ова наводно мито, коешто го добил челникот на ОН, може да биде и поголемо од споменатата сума, забележува весникот. Уште 30.000 долари, истиот бизнисмен му предал на Бан Ки-мун во 2007 година во Њујорк, кога веќе овој бил челник на светската организација, тврдат новинарите.
Самиот Бан Ки-мун ги отфрла ваквите објавени во медиумите обвинувања. Тој целосно негира дека се познава со виетнамскиот бизнисмен Пак Јеон Ча.
Потоа, на 11-ти јануари, двајца најблиски роднини на досегашниот претседател на Обединетите нации, Бан Ки-мун се обвинети во САД за подмитување блискисточен функционер во врска со продажба на комплекс згради во Виетнам за 800 милиони долари.
Чу Хјун „Денис“ Бан, трговец со недвижнини од Њујорк и внук на поранешниот генерален секретар на ОН, и неговиот татко Бан Ки-санг, братот на Бан Ки-мун, порашенешн директор во јужнокорејската градежна компанија „Keangnam Enterprises Co Ltd.“, обвинети се пред сојузниот суд на њујоршки Менхетен. Обвинението беше подигнато откако на Бан на 31-ви декември 2016 година му истече двојниот петгодишен мандат на чело на светската организација, кој во тој период од јужнокорејските медиуми беше обвинет дека додека бил министер примил мито од виетнамски бизнисмен.
Според обвинението, компанијата „Keangnam Enterprises Co Ltd.“во 2013 година имала проблеми со ликвидноста и се обратила на Бан за да му најде инвеститор за комплексот згради „Landmark 72“ во Виетнам за провизија од пет милиони долари. Наместо финансирањето да биде изведено законски, двајцата се вклучиле во шема за да подмитат неименуван функционер до Блискиот исток кој требало да го убеди богатиот фонд во својата земја да го купи „Landmark 72“.
Митото било платено преку Маклолм Харис,самопрогласен консултант за уметнички дела и мода, и блогер кој исто така е обвинет и кој според обвинението тврдел дека бил агент на функционерот. Според комуникацијата со Хаирс од април 2014 година, двајцата се согласиле однапред да му платата 500.000 долари мито и уште два милиона долари кога зделката ќе биде склучена. Но се покажало дека Харис немал никакви врски со функционерот, и ги украл и потрошил тие 500.000 долари.
Бидејќи компанијата западнала во криза, Бан е верувајќи дека митото е исплатено и дека сé се одвива според планот, ја навел „Keangnam Enterprises Co Ltd. и нејзините кредитори да веруваат дека богатиот фонд ќе го купат Landmark 72. Кога целата работа пропаднала, на суд е покренаа постапка за ликвидација на фирмата, се наведува во судските документи.
Професионалниот дипломат, Бан Ки-мун никогаш не бил досега член на политичка партија, иако од 2004 до 2006 година беше министер за надворешни работи и трговија кај либералниот претседател Рох Му-Хјун. Јужнокорејските претседателски избори треба да се одржат до крајот на 2017 година/крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
Бодликава жица, зовриена атмоссфера, блокирани општини – Србите четврти ден протестираат на северот на Косово

Четврти ден КФОР ги контролира зградите на четири општини на северот на Косово. Вработените во локалните самоуправи не можат да одат во канцелариите, а Србите и за денеска најавуваат мирен протест, пишува РТС.
Командантот на КФОР, генерал-мајор Анџело Микеле Ристуца, коментирајќи ја интервенцијата на КФОР на северот на Република Косово, изјави дека ризикот е поврзан со тоа што премиерот Албин Курти, одлучил да продолжи со инаугурација на градоначалници во четири општини на север и покрај протестите на Србите и сомнежите на меѓународната заедница, пишува РТС.
Тој во интервју за италијанскиот весник „Република“ вели дека ситуацијата во Звечан, како и насекаде, е крајно нестабилна и може нагло да се промени за многу краток временски период.
„Тврдоглавоста на албанските локални власти да не постапуваат во согласност со укажувањата добиени од западните партнери, укажувања кои служат за олеснување на дијалогот, особено во светло на напредокот постигнат со договорите во Брисел и Охрид, во голема мера го ослабна балансот кој го имаше“, рече Ристуца.
Работници на општина Звечан утринава дошле пред зградата во 7 часот каде во книгата за евиденција на работното време се потпишале дека се уште се присутни на своите работни места, пишува Косово онлајн.
Општинската зграда е опкружена со бодликава жица и кордон на КФОР.
Како што јавува репортерот на Косово онлајн, ноќта во Звечан поминала мирно, а таква е моменталната состојба.
Покрај општинските работници, пред бодликавата жица и металната ограда поставена од војниците на КФОР полека се собираат и други граѓани, каде денеска ќе го продолжат својот мирен протест барајќи исполнување на нивните барања.
Вести
Серија експлозии во Киев, две деца загинаа: Путин го нападна главниот град на Украина четири пати оваа недела, но никогаш толку брутално како ноќеска

Во воздушен напад врз главниот град на Украина рано наутро загинаа три лица, меѓу кои две деца, објавија градоначалникот Виталиј Кличко и воените власти.
„Три лица загинаа, а четворица се ранети во областа Дешњан. Две деца се меѓу загинатите во областа Деснијан“, објави градската воена управа на Киев на Телеграм.
‼️ Night missile attack on Kyiv: all enemy targets destroyed. Three people died, there are injuries and damage…
▫️In several regions in the east and center of Ukraine, an air alert was announced due to the threat of missile strikes. A series of explosions rang out in Kyiv.… pic.twitter.com/bhDacMhdhE
— Lew Anno Suport #Ukraine 24/2-22 (@anno1540) June 1, 2023
Едно од убиените деца било на возраст меѓу 5 и 6 години, додека другото на возраст од 12 или 13 години, се вели во соопштението. Фотографиите објавени од воените власти покажуваат дека спасувачките тимови им помагаат на луѓето, како и оштетените згради.
Бројот на жртвите го потврди и градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.
Last night russia again fired missiles at Kyiv. All targets were shot down by the air defense. But the remnants fell on a hospital & a residential house in Kyiv’s most populated district Desnianskyi, killing three, incl a kid aged 11, & injuring ten. russia is a death cult pic.twitter.com/9HqLljN9kX
— Olena Halushka (@OlenaHalushka) June 1, 2023
„Според првите информации добиени од спасувачките екипи, тројца загинати, меѓу кои и две деца“, објави Кличко на Телеграм, кој подоцна изјави дека во градот се случила „серија експлозии“ и дека спасувачите се на местото на настанот и помагаат. да го изгаснат огнот.
Вести
Гром уби 26-годишен Британец додека пливал на Родос, Грција, неговата девојка го снимила

Британски турист загина откако го удри гром додека неговата девојка, од плажата, го снимала како плива со СУП даска во морето во Грција, јавуваат грчките медиуми.
26-годишниот маж трагично загина денес околу пладне близу брегот во областа Агиа Агати на Родос.
47-годишен локален фудбалер, Бразилец, Вандер Мачадо, се обидел да го спаси Британецот. Во изјава за грчкиот медиум „Родиаки“ тој истакна дека штом сфатил што се случило, го фрлил мобилниот телефон и скокнал во морето со облека на себе, пливајќи да стигне до Британецот.
„Штом му се приближив, видов дека е со лицето надолу во водата и лицето му беше црно. Веднаш знаев дека секоја секунда се брои и почнав да го влечам на земја. Се плашев дека и јас ќе настрадам од истото, бидејќи сè уште врнеше. Но, не застанав. Кога го извлеков почнав да му давам прва помош, да го масирам и се друго што знаев. Човекот сè уште беше жив, му го слушав срцето и имаше пулс“, изјави Мачадо.
Неговата преплашена девојка заедно со други посетители на плажата почнала да бара помош откако забележала дека има некаков проблем, а Мачадо се нашол во близина.
„Трагедијата почна да се одвива нешто по 1:30 попладне, среде невремето кое избувна. 26-годишниот млад човек беше во морето со СУП даска (за веслање). Потоа гром падна на мало растојание од местото каде што се наоѓаше и видовме дека е повреден, удрен од громот“, изјави Мачадо за „Родиаки“.
Спасувачите пристигнале набргу и ги извршиле сите процедури за реанимација за да го одржат во живот.
„За жал, малку подоцна дознав дека не успеал“, изјави Мачадо.
Британецот бил однесен во здравствениот центар Архангелос, каде службите за итна помош ја продолжиле битката на спасувачите да го одржат жив. Избезумено се обидувале да го реанимираат, но за жал не можел да се спаси.
Во моментот на трагичната несреќа, во областа во близина на грчкиот остров имало лоши временски услови и силни грмотевици.
За инцидентот е информирано Централното пристаниште на Родос, чии службеници ќе спроведат истрага за трагичниот инцидент.