Свет
Бајден го номинира поранешниот амбасадор во Русија за нов шеф на ЦИА
Американскиот претседател Џо Бајден во средата му ја испрати на Сенатот номинацијата на поранешниот американски амбасадор во Русија, Вилијам Барнс, за позицијата директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), објави прес-службата на Белата куќа, пренесува ТАСС.
„Испратени номинации до Сенатот: Вилијам Џозеф Барнс да биде директор на Централната разузнавачка агенција“, се вели во соопштението.
Одлуката на Бајден за номинирање на дипломатот од кариера беше објавена на 11 јануари. Сега релевантниот комитет на Сенатот треба да закаже сослушување на кое номинираниот ќе одговара на прашањата на пратениците со последователно гласање за одобрување на неговата номинација.
Барнс беше амбасадор во Русија од 2005 до 2008 година. Од 2011 до 2014 година тој беше заменик-државен секретар, а последните години служеше како претседател на Фондација за меѓународен мир „Карнеги“.
Говорејќи за американско-руските односи во декември 2020 година, тој посочи на релативно тесен опсег на можности за интеракција меѓу Москва и Вашингтон.
Барнс укажа на важноста од продолжување на Договорот за намалување на стратешкото вооружување (нов СТАРТ) како дел од архитектурата за контрола на оружјето меѓу САД и Русија. Дополнително, тој го забележа растечкото влијание на Русија на Блискиот Исток.
Во своите мемоари со наслов The Back Channel: A Memoir of American Diplomacy and the Case for Its Renewal, објавени во 2019 година, дипломатот од кариера изрази мислење дека САД треба да се стремат не да го шират НАТО, туку да ги обединат сегашните членки. Тој исто така ја посочи поддршката за ЕУ како еден од приоритетите по брегзитот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

