Свет
Бајден: Задолжителна вакцинација во сите компании со над 100 вработени

Американскиот претседател, Џозеф Бајден, изјави дека сите вработени во компании со најмалку 100 вработени ќе мора да се вакцинираат или ќе одат на редовни тестови за ковид, пренесува „Си-Би-Ес њуз“.
Белата куќа проценува дека оваа наредба ќе влијае на повеќе од 80 милиони работници во Америка.
„Мојата претседателска работа е да ги заштитам сите Американци. Така, вечерва ја информирам јавноста дека Министерството за труд развива закон за итни случаи, кој ќе бара сите вработени во компании од најмалку 100 луѓе да бидат целосно вакцинирани или да мора еднаш неделно да покажуваат дека се негативни на тестот за ковид“, рече Бајден, додавајќи дека многу големи компании веќе го имаат ова правило.
Тој додаде дека суштината е дека Америка ќе ги заштити вакцинираните работници од невакцинирани колеги.
Бајден, исто така, рече дека вакцинацијата ќе биде побарана од здравствени работници кои прифаќаат еден од двата вида здравствено осигурување – „Медикер“ или „Медикејд“ – како и за сите државни вработени и изведувачи и некои други категории.
Новата задолжителна вакцинација е дел од стратегијата на Белата куќа во шест чекори во борбата против вирусот, стратегија која вклучува и давање трета, засилувачка доза, со цел да се спречи зголемен број случаи, хоспитализации и смртни случаи од ковид.
Шесте чекори вклучуваат вакцинирање на невакцинираните, зајакнување на заштитата за вакцинираните, одржување на училиштата отворени и безбедни, зголемување на бројот на тестови и барање маски, заштита на економското закрепнување и зголемување на здравствената заштита за луѓето со ковид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Убиецот на Кирк го признал злосторството пред својот татко, но не сакал да се предаде

Откако американските власти ги објавиле фотографиите од лицето кое било барано за убиството на политичкиот активист, Чарли Кирк, таткото на Тајлер Робинсон го препознал својот син и се соочил со него, пренесува „Си-би-ес њуз“ повикувајќи се на извори од федералните полициски агенции.
Според истите извори, Робинсон пред својот татко признал дека тој е лицето од фотографиите. Таткото го убедувал да се предаде, но младиот човек одбил, заканувајќи се дека попрво би си го одзел животот одошто да заврши зад решетки.
Во драматичната ситуација, таткото побарал помош од семеен пријател – свештеник за млади, кој воедно е и судски службеник за обезбедување. Свештеникот на крај ја повикал американската полиција, која го привела Робинсон и го држела на безбедно до пристигнувањето на агентите на ФБИ. Младиот човек потоа бил предаден во притвор.
Свет
(Видео) Трамп: Ја решив војната меѓу Албанија и Азербејџан

Американскиот претседател Доналд Трамп, во гостување на „Фокс њуз“, изјави дека успеал да реши војна меѓу Албанија и Азербејџан – конфликт што никогаш не постоел.
Очигледно, тој ја помешал Албанија со Ерменија.
Трамп раскажа дека, наводно, ги довел лидерите на „двете држави“ во својот кабинет и ги натерал да се прегрнат и помират.
„22 години се борев, убивав негови луѓе“, наводно рекол едниот; „Седум години убивав нивни луѓе“, додал другиот.
„Јас им реков: ’Ајде да се прегрнете’. И го решивме проблемот“, изјави Трамп.
Trump confused Armenia with Albania during a Friday interview on Fox News.
“I ended wars that were thought to be unsolvable. Azerbaijan and Albania. It went on for many, many years,” he said. pic.twitter.com/86KJvi17Rm
— NEXTA (@nexta_tv) September 12, 2025
Свет
Осомничениот за убиството на Чарли Кирк се брани со молчење

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк, престанал да комуницира со истражителите откако ангажирал адвокат. Деталите од неговиот прв разговор со полицијата се непознати.
„Тајлер Робинсон, човекот осомничен за пукањето и убиството на Чарли Кирк во среда, не разговара со истражителите“, потврдија за „Си-ен-ен“ два извори запознаени со случајот.
Еден од изворите рече дека Робинсон првично комуницирал со полицијата, но набрзо замолчил откако утрово ангажирал адвокат. Засега не е познато што разговарал со истражителите пред да одлучи да молчи.