Свет
Бајден за пресудата против новинарот на Волстрит журнал: Русите го прогонуваат затоа што е Американец
Американскиот претседател Џо Бајден остро ја критикуваше 16-годишната затворска казна за американскиот новинар Еван Гершкович изречена од рускиот суд во петокот, велејќи дека Русија го прогонува „затоа што е новинар и Американец“.
Во соопштението објавено од Белата куќа, Бајден рече дека Гершкович „не извршил никакво злосторство“, додавајќи дека американската влада ќе продолжи да се бори за ослободување на новинарот на „Волстрит журнал“, како и за ослободување на сите американски граѓани незаконски приведени во странство.
„Новинарството не е кривично дело“, рече Бајден, додавајќи дека и тој и Обединетите нации рекле дека Русија незаконски приведува новинар.
„Ќе продолжиме цврсто да ја поддржуваме слободата на печатот во Русија и во светот и да се спротивставуваме на оние кои сакаат да ги напаѓаат медиумите или да ги прогонуваат новинарите“, рече американскиот претседател.
Одлуката на рускиот суд ја осудија и германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок и британскиот премиер Кир Стармер.
Journalismus ist kein Verbrechen und die Wahrheit lässt sich nicht wegsperren. Die Verurteilung Evan #Gershkovich|s zeigt Putins Angst vor der Kraft von Fakten. Das Urteil ist politisch motiviert und Teil von Putins Kriegspropaganda. #FreeEvan
— Außenministerin Annalena Baerbock (@ABaerbock) July 19, 2024
Баербок ја опиша одлуката на рускиот суд како „политички мотивирана“.
„Новинарството не е криминал, а вистината не може да се затвори“, напиша таа на социјалната платформа Х.
Таа рече дека пресудата покажува дека рускиот претседател Владимир Путин „се плаши од моќта на фактите“, а пресудата ја нарече „дел од воената пропаганда на Путин“.
The sentencing of @WSJ reporter Evan Gershkovich is despicable and only serves to underscore Russia’s utter contempt for media freedom.
Journalism should not be a crime.
Gershkovich must be released immediately.
— Keir Starmer (@Keir_Starmer) July 19, 2024
Стармер ја опиша 16-годишната затворска казна како „одвратна“ и повика 32-годишниот новинар „итно да биде ослободен“.
Пресудата „служи само да го истакне целосниот презир на Русија кон слободата на медиумите“, напиша Стармер на Икс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Серија земјотреси утрово ја погодија Грција а најсилниот регистриран во близина на Закинтос
Серија земјотреси ја погодија Грција, а најсилниот од сите земјотреси беше со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала, кој беше регистриран во петок, 31 јануари 2025 година во 08:36 часот, во областа на Јонското Море, во близина на Закинтос.
Неколку минути пред овој земјотрес Грција ја погоди послаб земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала, регистриран во 08:28 часот. Пред тоа беше регистриран земјотрес со јачина од 2,1 степени според Рихтеровата скала.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа со географски координати на географска ширина 37.4804 и географска должина 20.606, пренесуваат медиумите во регионот.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 5 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
Свет
Градоначалникот на италијански град го ограничува автобускиот сообраќај поради масовниот туризам
Градоначалникот на популарниот италијански ски-центар Рокарасо, Франческо ди Донато, го ограничи бројот на автобуси дозволени во градот на 100 во текот на викендот поради проблемот со прекумерниот туризам, објави денеска Гардијан.
Минатиот викенд, 260 автобуси со над 10.000 туристи од јужните италијански региони пристигнаа во Рокарасо.
Ди Донато рече дека одморалиштето веќе е зафатено, но дека никогаш немало прилив на туристи како минатиот викенд, пренесува Танјуг.
Тој навести дека можеби ќе повика војска за да го реши проблемот, но засега го ограничи бројот на туристички автобуси кои можат да влезат во градот во сабота и недела на 100, а автобуските компании ќе мора однапред да резервираат места преку интернет.
Просечно 20.000 скијачи одат во Рокарасо за време на викендите во јануари и февруари, со дополнителни 15.000 туристи кои доаѓаат само за да го посетат.
.
Регион
Регионот денеска ги бојкотира продавниците: Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска и БиХ против големите супермаркети поради енормно високите цени
По повиците на социјалните мрежи, денеска се очекува граѓаните во државата да ги бојкотираат маркетите поради високите цени на прехранбените производи. Иницијативата која прво се случи во Хрватска, а подоцна слични акции беа најавени и во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Словенија, доби поддршка од пошироката јавност, како и од партиите од власта и од опозицијата.
И премиерот Христијан Мицкоски деновиве искажа разбирање за бојкотот и најави засилени контроли и казни за трговците кои го изигруваат законот и мерки за заштита на животниот стандард.
Бојкот се одржува и во Црна Гора, на кој со денови повикуваат групи граѓански активисти, невладини организации и синдикати, а делумно и Владата. Истата ситуација се случува и во Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина.
Алтернатива Црна Гора денеска ги повика граѓаните да ги бојкотираат супермаркетите и продавниците во земјата. Целта на бојкотот е да се испрати предупредување до сопствениците на пазарот дека Црна Гора конечно може да се обедини.
Вчера во Хрватска започна најавениот седумдневен бојкот на поголемите маркети како и на одредени производи.
„Јас го поддржувам бојкотот, ако мнозинството луѓе бојкотираат, тоа ќе има влијание однадвор“, изјавила жена за Индекс пред продавница во Загреб.
Група граѓани на Босна и Херцеговина, со денови незадоволни од високите цени на храната, иницираа бојкот на продавниците, кој е закажан за денеска, пренесува „Кликс“.
Во најавата за бојкот се повикуваат сите граѓани да не ги трошат своите пари во продавници, пекари, трговски центри, бензински пумпи и ресторани денеска, 31 јануари.