Свет
Бајден и Џјинпинг ќе се сретна на самитот
Кинескиот претседател Шји Џјинпинг ќе се сретне со американскиот колега Џо Бајден на самитот на Г-20 во Индонезија и на самитот на АПЕК во Тајланд следната недела, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи.
Белата куќа вчера потврди дека двајцата лидери ќе се сретнат на самитот на Г20. Како што е наведено, Бајден и Шји ќе се сретнат на 14 ноември. Тоа ќе биде нивна прва средба лице в лице откако Бајден стана претседател.
Двајцата лидери ќе разговараат за напорите за одржување и продлабочување на линиите на комуникација меѓу САД и Кина, одговорното управување со конкуренцијата и заедничката работа на полињата каде што има усогласени интереси, се вели во соопштението.
Тие особено ќе разговараат за работата на транснационалните предизвици кои ја засегаат меѓународната заедница, соопшти Белата куќа.
„За време на самитот, Шји Џјинпинг ќе оствари билатерални средби со францускиот претседател Макрон, американскиот претседател Бајден, сенегалскиот претседател Меки Сал и аргентинскиот претседател Алберто Фернандез, изјави за новинарите во Пекинг портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Хуа Чунјинг.
Индонезија ќе претседава со овогодишниот самит на Г-20, но подготовките за самитот на островот Бали од 15 до 16 ноември се во сенка на војната во Украина, глобалната криза со храна и енергија како резултат на тој конфликт и тешките меѓународни санкции наметнати на Москва.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

