Европа
Бајден меѓу првите се залагал за западна интервенција на завојуваниот Балкан
Сенторот Џо Бајден уште пред многу други политичари се залагал за воена интервенција против Слободан Милошевиќ, пишува „Индекс.хр“, повикувајќи се на анализи објавени во германските медиуми.
Како член на Комитетот за надворешни работи, Бајден отпатувал на едена недела во Европа во април 1993 година за да добие слика од прва рака за крвопролевањето во војните за време на распадот на Југославија.
Во окупираното Сараево, тој се состанал со Алија Изетбеговиќ, тогашниот претседател на Претседателството на БиХ, а во Белград разговарал со српскиот лидер Слободан Милошевиќ и воениот водач на босанските Срби, Радован Караџиќ.
Бајден имал тричасовна средба со Милошевиќ во Белград, на која, наводно, го нарекол „воен злосторник“, како што подоцна тврдеше. Тој го повтори ова во својот подоцнежен говор пред Сенатот во 1995 година.
Како што потсетува дописникот на „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЗ), Михаел Мартенс, извештајот на Бајден за ситуацијата на Балканот бил исклучително јасен и далекувиден.
„Доколку владите на НАТО-земјите ги следеа препораките на Бајден во тоа време, можеа да се избегнат страшни масакри и десетици илјади смртни случаи на Балканот. Но, предлозите на сенаторот станаа применета политика дури неколку години подоцна“, наведува ФАЗ.
Демократскиот кандидат за претседател Џо Бајден минал голем дел од својата политичка кариера како сенатор од Делавер. Бајден бил избран за американскиот Сенат во 1973 година и со текот на времето се профилирал како еден од сенаторите кои најмногу се занимаваат со надворешна политика. Тој бил член со години, а потоа претседател на Комитетот за надворешни работи на Сенатот и учествувал во формирањето на американската политика во однос на распаѓањето на Југославија и војните што следуваа на овие простори од 1991 до 1999 година.
Според тоа, Бајден е добар познавач на состобите на Балканот, што може значително да влијае на политиката на САД кон регионот ако стане нов претседател на САД, оценува хрватски „Индекс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Лавров: Западот мора да разбере дека Русија има стратешка иницијатива во Украина
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју објавено вчера вечер изјави дека Западот мора да разбере дека Русија има стратешка иницијатива во Украина, додека разговорите за можно решение за ставање крај на војната продолжуваат.
Лавров за новинската агенција РИА изјави дека Западот мора да се помири со реалноста на теренот речиси четири години по почетокот на руската инвазија на Украина, која ја опиша како „Специјална воена операција“.
Тој рече дека Соединетите Американски Држави сега ја поддржуваат идејата, која им стана јасна на сите, дека се потребни нови избори со истекот на мандатот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Лавров, исто така, повтори дека решението бара крај на секоја идеја за присуство на НАТО во Украина и дека земјата мора да прифати неутрален, неврзанички статус.
Европа
Медведев: Зеленски ќе мора да се крие до крајот на животот
По нападот со беспилотни летала врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во регионот Новгород, Володимир Зеленски ќе мора да се крие до крајот на животот, напиша Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Рускиот совет за безбедност.
„Овој смрдлив киевски гад се обидува да го саботира решавањето на конфликтот“, напиша Медведев во објавата.
The stinking Kiev bastard is trying to derail the settlement of the conflict. He wants war. Well, now at least he’ll have to stay in hiding for the rest of his worthless life.
— Dmitry Medvedev (@MedvedevRussiaE) December 29, 2025
Медведев, исто така, напиша дека Зеленски „сака војна“ и дека сега ќе мора да се крие „до крајот на својот безвреден живот“.
Европа
(Видео) Лукашенко се судри со играч за време на натпревар во хокеј: снимката од неговото паѓање стана вирална
71-годишниот белоруски претседател Александар Лукашенко падна на мразот за време на натпревар во хокеј. Снимката од инцидентот стана вирална на социјалните мрежи.
Снимката покажува како хокеар со број 68 случајно го удира Лукашенко, кој го носеше дресот со број 01, во грбот. По судирот, Лукашенко ја изгуби рамнотежата и падна на мразот, удирајќи ја главата на лизгалиштето.
Во тимот на Лукашенко, дресот со број 68 го носеше Јарослав Чуприс, поранешен играч на белоруската репрезентација. По падот, натпреварот беше накратко прекинат, а Чуприс побрза да му помогне на Лукашенко да стане. Неколку играчи од тимот, исто така, дојдоа до него.
Lukashenko spectacular fall on the ice — like a sack of potatoes 🤣
The ageing hockey player lost his balance, dropped his stick, fell on his back and managed to get up only with the help of another player — who had a unique chance to give Belarusians a perfect New Year’s gift. pic.twitter.com/d9oeuZdseA
— NEXTA (@nexta_tv) December 28, 2025
„Типична работна ситуација: мора да ги зајакнете сопствените редови за другите да размислат двапати. Сè е во ред. Се чувствувам добро, освен истегнатиот мускул на грбот. Се подготвувам за следниот натпревар“, рече Лукашенко по натпреварот.
Канцеларијата за односи со јавноста на Лукашенко објави дека натпреварот завршил нерешено 5-5 и дека синот на Лукашенко, Николај, го израмнил резултатот со гол триесет секунди пред крајот.

