Контакт

Свет

Бајден: Можно продолжување на рокот за евакуација по 31 август

Објавено пред

Американскиот претседател, Џо Бајден, изјави дека тешката и болна евакуација на Американците и десетици илјади други луѓе од Кабул се забрзува и најави можност за продолжување на рокот за напуштање на Авганистан, кој беше постигнат со талибанците, по 31 август.

Бајден ја бранеше својата одлука за прекин на конфликтот и инсистираше на тоа дека излегувањето на сите Американци од Авганистан ќе биде тешко дури и во најдобри можни околности.

Критичарите го обвинуваат Бајден за сериозен пропуст во неговото образложение, бидејќи чекал премногу долго за да нареди почеток на евакуацијата, што стана сериозно комплицирано по неочекувано брзиот пад на владата во Кабул, пренесува АП.

„Евакуацијата на илјадници луѓе од Кабул е тешка и болна, без оглед кога започна. Ќе беше исто ако започневме со евакуација пред еден месец, бидејќи не постои начин да се извлечат толку многу луѓе од Авганистан без страдањата и загубите што ги гледаме на ТВ“, рече Бајден и потврди дека во тек се разговори за потенцијално продолжување на евакуацијата и по истекот на рокот, 31 август.

Сепак, тој изрази надеж дека рокот нема да мора да се продолжи, но исто така најави можност за консултации со талибанците за тоа прашање.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Убиецот на Џорџ Флојд се жали на неправедно судење

Објавено пред

Дерек Човин, поранешниот полицаец од Минеаполис, осуден за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, ќе поднесе жалба на обвинението.

Осудениот Човин тврди дека имало неколку проблеми поврзани со неговото судење, вклучително и дека тоа не требало да се случи во сојузната држава Минеаполис поради влијанието на јавноста.

Потсетување, тој беше осуден на 22 години затвор бидејќи со коленото притисна врз вратот на Флојд, во зафат кој траеше дури девет минути при неговото апсење, што предизвика смрт на Афроамериканецот.

Според судските документи доставени овој четврток, Човин тврди дека судијата го злоупотребил своето дискреционо право одбивајќи го неговото барање за преместување на рочиштето од Минеаполис.

Исто така, осудениот одби да има законски застапник за жалбената постапка, бидејќи обврската за јавно финансирање на неговата одбрана престана откако беше осуден.

Затоа, тој исто така поднесе барање да го искористи своето право на бесплатна одбрана.

Прикажи повеќе...

Свет

Спречен уште еден масакр во Русија

Објавено пред

Уапен е студент на Филолошкиот факултет во рускиот регион Краснојарск, кој планирал убиство на колега, потврди директорот на Истражниот комитет, Александар Бастрикин.

„ Го спречивме нападот во регионот Краснојарск, а студентот кој го планираше злосторството беше приведен“, рече Бастрикин, пренесе ТАСС.

Тој не даде повеќе детали, но потсети дека претходните години биле извршени повеќе од десет напади врз образовни институции во различни руски региони.

Во понеделникот, на 20 септември, студент од Државниот универзитет во Перм изврши терористички напад во студентски дом и уби шест лица, а повеќе од 40 рани.

Прикажи повеќе...

Регион

Осумгодишно девојче кое лани исчезна во Германија, пронајдено во Хрватска

Објавено пред

Државното обвинителство во Хајлброн, Германија, објави повлекување на налогот за потрага по исчезнатото осумгодишно девојче Тара Р., по кое се трага од минатата година.

Како што објави полицијата во Ален, мајката на осумгодишната Тара Р. побегнала со своето дете во Хрватска, пренесува „Феникс Магазин“. Тие двете биле пронајдени во стан, но не е соопштено во кој град.

Локалните власти сега се грижат за Тара Р. сè додека таа не се врати во Германија. А нејзината мајка е уапсена.

Тара Р. исчезна во септември 2020 година, а полицијата јавно ја бара од мај 2021 година. Полицијата не соопшти повеќе детали за случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Работник од Скопје почина при пад од зграда во изградба

Градежен работник паднал и починал додека работел на зграда во изградба во Гази Баба. Според информациите, се работи за М.Ц....

Македонија2 часа

Јавни обвинители ќе следат дали има нерегуларности на локалните избори, формирана е привремена комисија

Јавниот обвинител донесе одлука за формирање привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со локалните избори закажани за 17...

Македонија2 часа

Притвор за кумановската докторка која барала поткуп од 200 евра од пациенти за да ги оперира

Кумановското обвинителство поведе постапка против кумановска докторка на возраст од 51 година, вработена во „Општа болница Куманово“- очно одделение, поради злоупотреба...

Свет4 часа

Поранешниот каталонски лидер уапсен на Сардинија

Водачот на каталонските сепаратисти Карлес Пучдемон беше уапсен од италијанската полиција на Сардинија, пренесува „Ројтерс“. Шпанија го обвини Пучдемон за...

Македонија4 часа

Гутереш и Пендаровски разговараа за преспанскиот договор и бугарското вето

Средба на претседателот Пендаровски со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на...

Свет4 часа

Напад во САД, еден загинат и 14 повредени во маркет

Едно лице загина, а 14 се повредени во напад што се случи во градот Колиервил, недалеку од Мемфис во американската...

Македонија17 часа

Регистрирани 526 нови случаи на коронавирус, починаа 28 лица

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 3.632 тестирања, а регистрирани се...

Свет17 часа

Гутереш предупреди на потенцијална нова студена војна помеѓу Кина и САД: „Мора да ја избегнеме“

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, предупреди на потенцијална нова студена војна помеѓу Кина и Соединетите Американски Држави и...

Топ20 часа

Ограбена аптека во Чаир, на сопственикот му се слошило и починал

Сопственик на аптека на улицата Џон Кенеди починал набргу откако објектот бил ограбен, јави МВР. Тој не бил во аптеката...

Македонија22 часа

Ќе се воведуваат брзи тестови во училиштата

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека ќе се воведат брзи антигенски тестови во училиштата. Според него, најголем дел од...

Македонија1 ден

Трета доза вакцина за граѓаните над 60 години, здравствените работници и тие со имунокомпромитирани состојби

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека во земјава ќе се воведува трета доза вакцина. Станува збро за вакцината „Фајзер“,...

Свет1 ден

СЗО: Загадувањето на воздухот е поопасно отколку што мислевме

Светската здравствена организација предупредува дека загадувањето на воздухот е уште поопасно отколку што се мислеше – бидејќи концентрацијата на опасни...

Европа1 ден

Директорот на „Модерна“ очекува крај на пандемијата за една година

Извршниот директор на компанијата „Модерна“, Стефан Бансел верува дека пандемијата на коронавирус ќе заврши за една година, бидејќи зголеменото производство...

Спорт1 ден

(Видео) Хулиганите дивеат на стадионите во Франција

Нови навивачки инциденти го обележаа колото во Лига 1. Навивачи на Монпелје и Бордо се тепале пред натпреварот на двата...

Свет1 ден

Шестчасовни разговори меѓу руските и американските воени челници

Највисоките американски и руски воени претставници вчера одржаа шестчасовни разговори во Хелсинки, што беше нивна прва директна средба од 2019...

Македонија1 ден

Пендаровски ќе се обрати на 76. Генерално собрание на ОН

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Њујорк ќе се обрати на Генералната дебата на 76. Сесија на Генералното собрание на Обединетите...

Свет2 дена

Рендгенски снимки покажуваат како вакцината ги штити белите дробови од Ковид-19

Во целиот свет, бранот на делта варијантата доведе до зголемување на бројот на заразени со коронавирус. Истата ситуација беше забележана...

Македонија2 дена

Приведена очна лекарка од Куманово, која преку поткуп собрала 116.000 денари

Полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Куманово, утрово, во 7 часот, извршиле претрес во просториите на очното...

Македонија2 дена

Филипче: Пристигнаа 110.612 вакцини од „Фајзер“ за кои има голем интерес

Денеска, во земјата пристигнаа 110.612 вакцини од производителот „Фајзер“/„Бионтек“, објави на социјалните мрежи министерот Венко Филипче. Како што посочува тој,...

Македонија2 дена

Законот за употребата на јазиците нема да се менува во зависност од пописот, рече Заев

Пописот нема ретроградно да влијае на Законот за употреба на јазиците, туку целта е да се знае колку граѓани има...

Досие