Свет
Бајден: САД и ЕУ мора да се борат против „руските обиди“ да се уништи либералниот светскиот поредок
Русија е најголемата закана и се обидува да го наруши либералниот светски поредок, а најдобар начин е да се запре е силен сојуза меѓу Соединетите држави и Европската унија, тврдеше во средата американскиот потпретседател на заминување Џозеф Бајден, пренесуваат агенциите
Обраќајќи има се на учесниците на Светскиот економски форум во швајцарски Давос, американскиот потпретседател Џозеф Бајден ги продолжи серијата обвинувања од администрацијата на заминување на американските демократи дека Русија наводно се обидува да ја уништи Европската унија, и поради тоа смета дека е неопходно да се „предупреди Европа за најверојатното вмешување на Москва во претстојните изборни кампањи во неколку земји на ЕУ“.
Станува збор за Германија, Франција, Холандија и Чешка, каде одредени фаворити најавуваат преиспитување на досегашните политики во однос на Русија.
„Траба да очекуваме нови обиди на Русија да се вмеша во демократските процеси. Тоа повторно ќе се случи, ќе видите“, тврдеше Бајден.
Според него, рускиот претседател Владимир Путин го користи секое средство за да ја поткопа ЕУ и да предизвика несогласувања меѓу западните земји. Бајден повторно ја обвини Москва за наводно мешање во војната во Украина, како и нејзините наводни хакерски напади кои влијаеле врз американските избори.
„Целта е јасна: колапсот на либералниот меѓународен поредок. САД и ЕУ мора да ја предводат борбата за заштита на либералните вредности“, рече Бајден истакнувајќи дека НАТО мора да остане клучен елемент на американско-европските односи./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

