Свет
Бајден се закани: Ќе има последици за Кина поради кршење на човековите права
Американскиот претседател, Џо Бајден, порача дека ќе има последици за Кина поради крешење на човековите права.
Тој наведе дека за тоа разговарал на телефон и со претседателот на Кина, Шји Џјинпинг.
„Ќе има последици за Кина“, порача Бајден за време на синоќешното телевизиско обраќање на Си-ен-ен.
Бајден одговараше на прашања што се однесуваат на муслиманското малцинство Ујгури во западниот регион Синџијанг.
САД повторно ќе ја преземат главната улога во борба за човековите права, нагласи Бајден, додавајќи дека ќе работи со меѓународната заедница Кина да го заштити малцинството.
„Кина се обидува да стане светски лидер, но за да станете тоа, мора да стекнете доверба кај другите земји. Сè додека сте вмешани во активности што се косат со основните човекови права, ќе биде тешко да станете лидер“, оцени Бајден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

