Свет
Бајден: Следната дебата треба да ја одложиме, ако Трамп сè уште има коронавирус

Демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден смета дека треба да се откаже изборната дебата со претседателот на САД, Доналд Трамп, ако тој уште е заразен.
Дебатата, која ќе биде втора по ред, треба да се одржи на 15 октомври, но целокупниот процес на американските претседателски избори е ставен во некој вид вонреден облик, зашто Трамп беше тестиран позитивно на коронавирус, поради што неколку дена беше во болница.
„ Ако сè уште има коронавирус, не би требало да ја водиме дебатата“, рекол Бајден.
Тој навел дека не знае каков е моментално статусот на Трамп, а дека дебатата на 15 октомври треба да се одржи во согласност со строгите здравствени препораки.
„Се радувам што ќе можам да водам дебата со него, но само се надевам дека ќе се почитуваат протоколите“, нагласил Бајден.
Американските медиуми пренесуваат дека тимот на Бајден е ставен во целосна подготвеност за нивниот кандидат за претседател да не се зарази со коронавирус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Началникот на украинската армија: Напредуваме во Суми

Вооружените сили на Украина го држат непријателот на фронтот – особено во правец на Суми, каде што спроведуваат активни операции и постигнуваат успех во напредувањето и ослободувањето на украинските територии, објави Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Олександр Сирски, на социјалната мрежа Фејсбук.
Според UNN, Сирски го напишал соопштението по состанокот на Штабот на Врховниот командант.
„Тешко е. Но, го држиме непријателот настрана. Спроведуваме активни операции во правец на Суми и постигнуваме одредени успеси во напредувањето, во ослободувањето на украинската земја“, нагласи Сирски.
Според него, единиците што учествуваат во борбените операции ќе добијат дополнителни средства.
„Според наредбата на претседателот, секоја бригада ќе добие дополнителни 7 милиони гривни (околу 145 илјади евра, оп. а.) за секој батаљон што учествува во борбени операции“, објави Врховниот командант на вооружените сили на Украина.
Тој, исто така, извести дека се подготвуваат одлуки за други потреби и прашања што беа покренати за време на работните обиколки на единиците.
Дополнително, според него, се отстранува прекумерната бирократија од армијата.
„Постапката за доделување на воините кои ги заслужиле највисоките почести ќе биде подобрена и поедноставена со цел да се избегнат непотребни административни пречки. На седницата на Штабот, се согласивме и за потребата од скратување и дигитализација на постапката за отпишување на средства“, рече Сирски.
Свет
(Видео) Трамп вели дека го прашал Орбан дали Украина може да ја победи Русија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на вчерашната прес-конференција одржана во Вашингтон изјави дека разговарал со унгарскиот премиер Виктор Орбан, кого го опишал како многу, многу паметен човек кој на некои луѓе им се допаѓа, а на некои не.
Тој вели дека го прашал Орбана, за кого рекол дека е добро запознаен со ситуацијата во Украина и Русија, дали Украина може да ја победи Русија во војна.
Donald Trump: “I asked a question to a very, very smart man, Victor Orban from Hungary. I said, “Can Russia be beaten by Ukraine?” He looked at me like, “What a stupid question”. He said, “Russia is a massive country, they fight wars. That’s what they do.” pic.twitter.com/bO62CIzdGQ
— Ostap Yarysh (@OstapYarysh) August 11, 2025
„Ме погледна во стилот: „какво глупаво прашање“, рече Трамп, а потоа додаде дека унгарскиот лидер му рекол: „Русија е огромна земја и тие ја освоија својата земја преку војни. Тие водат војна, тоа е она што го прават“.
„Кина победува преку трговија, Русија победува преку војни“, рече Трамп.
Свет
Трамп: Ќе се обидам да вратам дел од територијата на Украина, за танго се потребни двајца

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави во Белата куќа дека неговата средба со Владимир Путин ќе биде „разговор за да се опипа теренот“, но тој верува дека рускиот претседател „сака да го направи тоа што е можно поскоро“.
„Ќе разговарам со Владимир Путин и ќе му кажам: „Мора да ја запрете оваа војна, мора да ја завршите“, рече Трамп. Тој, исто така, изјави дека ќе „се обиде да врати дел од територијата на Украина“ за време на средбата со рускиот претседател.
„Русија окупираше голем дел од Украина. Тие окупираа стратешки важна територија. Ние ќе се обидеме да вратиме дел од таа територија на Украина“, рече тој на прес-конференција во Белата куќа.
Додаде дека се надева на „конструктивен“ разговор и дека веднаш по состанокот, „можеби додека ја напушта просторијата или додека е во авионот“, ќе ги повика европските лидери за да ги информира за содржината на разговорот.
„Се согласувам многу добро, мислам, со сите нив. Исто така се согласувам и со Зеленски, но многу, многу сериозно не се согласувам со она што го направи. Ова е војна што никогаш не требаше да се случи… Но, ќе разговарам со Зеленски. Следната средба ќе биде со Зеленски и Путин, или Зеленски и Путин заедно, и ќе бидам таму ако им требам“, рече Трамп.
Тој повторно го критикуваше украинскиот претседател, истакнувајќи: „Малку ми пречи што Зеленски рече дека мора да добие уставно одобрение. Мислам, тој има дозвола да оди во војна и да убива луѓе, но дали му треба дозвола за размена на територии? Ќе има размена на територии, го знам тоа преку контакти со Русија и преку разговори со сите – за доброто на Украина. Добри работи, не лоши работи, иако ќе има лоши работи за двете страни. Значи, има добро и лошо, но е многу сложено бидејќи границите не се рамни. Ќе има некои замени, некои промени на територијата.“
Трамп рече дека може да преговара за договор, но дека одлуката дали ќе го прифати или отфрли ќе зависи од Украина.
„Ќе се сретнам со него (Путин), ќе видиме кои се параметрите, а потоа ќе им се јавам на претседателот Зеленски и на европските лидери и ќе им кажам каква би можела да биде понудата. Нема да постигнам договор, тоа не зависи од мене. Мислам дека треба да се постигне договор за двете страни.“
Конечно, тој истакна: „Би сакал да видам прекин на огнот. Би сакал да видам најдобар можен договор за двете страни. Знаете, за танго се потребни двајца.“