Контакт

Свет

„Бебето му го дадов на маж да го спаси од пожарот и сега ги нема“- морничави сведоштва на траектот на смртта

Објавено пред

Најмалку 39 лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени во несреќа кога траект се запали во јужниот дел на Бангладеш.

Пожарот избил во близина на градот Џалакати додека пловел од главниот град Дака кон Баргуна.

Некои од жртвите починале со давење откако скокнале во водата. Бројот на жртви се очекува да се зголеми бидејќи многумина имаат тешки изгореници.

Се претпоставува дека пожарот избувнал во котларницата, а наводно траел со часови. Од друга страна, сопственикот на бродот, Хум Џалала Шеик, негираше дека причината е механичка грешка.

Тој за локалните медиуми изјави дека дошло до експлозија на вториот кат од траектот, а пожарот подоцна се проширил и во котларата.

„Внук ми скокна во реката, не знам што се случи со него“, рекла една баба и додала дека повеќето луѓе спиеле во моментот на пожарот.

„Спиевме на душек, со мене беше мојот деветгодишен внук Наџим, скокна во реката, не знам што се случи со него“, рече таа.

Друга жена, која патувала со нејзиниот татко, сестра и шестмесечен внук, изјавила дека нејзиниот внук исчезнал.

„Кога избувна пожарот, му го дадов бебето на маж кој се обидуваше да го спаси, но сега не можеме да ги најдеме“, рече таа.

Наводно, на траектот имало околу 500 луѓе.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Франција ги советува граѓаните да го одложат патувањето во Украина

Објавено пред

Франција ги советува своите граѓани да го одложат патувањето во Украина што не им е потребно и да не патуваат во пограничните области на северот и на истокот на земјата поради ескалација на тензиите со соседна Русија.

„Ако е можно, препорачуваме да ги одложите патувањата во Украина кои не се од клучно значење за вас, се вели во соопштението на француското Министерство за надворешни работи.

Прикажи повеќе...

Свет

Русија моментално живее во „агресивна средина“ – прва реакција на Кремљ по потегот на НАТО

Објавено пред

Портпаролот на НАТО Дмитриј Песков изјави дека НАТО најави дека ќе го зголеми контингентот, ќе ги концентрира војниците и средствата на источниот раб и дека ќе ги зголеми тензиите во безбедносната сфера.

– Сакам да свртам внимание на фактот дека сето ова се случува, не поради она што го прави Русија, туку поради она што го прави НАТО, САД и поради информациите што ги шират – нагласи Песков. Тој истакна дека сета оваа информативна хистерија е проследена со многу лаги.

Тој привлече внимание и на концентрацијата на украинската војска и опрема на линијата на одвојување во Донбас, што покажува дека Киев подготвува офанзива. Тоа многу ја загрижува Москва.

Песков посочи дека рускиот претседател Владимир Путин ги презема неопходните мерки за да ја обезбеди безбедноста и интересите на Русија и нејзините граѓани.

– Ние бевме иницијатори на преговори, консултации (за безбедносни гаранции за Русија) и очекуваме да добиеме писмен одговор на нашите предлози оваа недела, што треба да помогне да се избегнат вакви тензични ситуации во иднина – изјави портпаролот на Кремљ.

Според него, за жал, Русија моментално живее во „агресивна средина“.

– Ги прочитавме изјавите на претставниците на земјите од НАТО, апсолутно непријателски настроени кон нас. Тоа е реалноста во која живееме – заклучи Песков.

Сојузниците на НАТО денеска ја ставија својата армија во подготвеност и испратија дополнителни бродови и борбени авиони во нивните бази во Источна Европа.

Прикажи повеќе...

Свет

Австралија со предупредување за своите граѓани: Напуштете ја Украина што поскоро!

Објавено пред

Федералната влада во Канбера ги предупреди сите австралиски граѓани кои се во Украина да ја напуштат земјата што е можно поскоро.

Предупредувањето дојде набргу откако британските власти и САД побараа од своите граѓани и вишокот дипломатски персонал што е можно поскоро да го напуштат Киев поради актуелната ескалација на кризата и заканата од војна.

Министерката за надворешни работи Мариса Пејн побара од највисоките безбедносни претставници да разговараат за киберпомошта со нивните украински колеги, што е значаен чекор во засилувањето на поддршката на Австралија за Украина, со порака до Русија да ги „деескалира“ тензиите.

Федералната влада донесе одлука во понеделникот околу 21:15 часот (по локално време) да ја предупреди Украина да не „патува“ и им порача на Австралијците да ја напуштат земјата сега комерцијално и да бидат свесни дека летовите може да се променат или прекинат на краток рок.

„Австралијците кои ќе одлучат да останат во Украина треба да ги преиспитаат своите лични планови за безбедност, да бидат подготвени да се засолнат таму доколку е потребно, да одржуваат зголемена безбедносна свест и да се регистрираат во Министерството за надворешни работи и трговија“, соопшти владата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Митрески: Предвремени избори нема да има

За укинување на техничка Влада потребен е консензус, предвремени избори нема да има, ВМРО-ДПМНЕ прави театар изјави на денешната прес-конференција...

Македонија2 часа

Османи за БТВ: Резултати се очекуваат и од Македонија и од Бугарија

Резултати се очекуваат и од Северна Македонија и од Бугарија, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи во ексклузивно интервју...

Економија3 часа

Повторно поскапување – од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените...

Македонија3 часа

Мицевски: Поднесовме предлог за укинување на техничката Влада

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ до Собранието денес поднесе предлог на Законот за изменување и...

Македонија4 часа

Работна група од македонски и бугарски експерти ќе работи на железничкото поврзување

Владата го прифати усогласениот текст на Меморандумот за разбирање за развој на железничко поврзување меѓу Република Северна Македонија и Република...

Свет4 часа

Бродови и авиони во базите на НАТО – алијансата испраќа дополнителни сили во Источна Европа

Сојузниците на НАТО денеска ја ставија својата армија на подготвеност и ќе испратат дополнителни бродови и борбени авиони во нивните...

Македонија4 часа

Зимското одржување на патиштата оваа сезона ќе чини осум милиони евра

Државните институции склучиле договори за јавни набавки со приватни фирми за механизација, работници, сол и ризла за одржување на улиците...

Свет5 часа

Тедрос: Светот е во клучна пресвртница, земјите мора да работат заедно

Во екот на уривањето на рекордите на новозаразени луѓе во светот, СЗО ги повика сите земји да работат заедно за...

Македонија5 часа

(Видео) Јанакиески спроведен на судење со полициско возило

На патерици, легнат во полициско возило, Миле Јанакиески е земен од дома со судска наредба и спроведен на судење. Денеска...

Свет6 часа

По САД и Британија повлекува дел од персоналот во амбасадата во Киев

Велика Британија почна да го повлекува персоналот од амбасадата во Украина поради предупредувањата за руската инвазија. Според извештајот, официјалните лица...

Свет6 часа

Kазнети 3.600 долари зашто на една минута го напуштиле карантинот

Тајванските здравствени власти казнија индонезиски рибари со 3.610 долари затоа што ги напуштиле хотелските соби за време на карантин за...

Свет7 часа

СЗО најавува крај на пандемијата во Европа

Сојот омикрон на коронавирус, кој би можел да зарази 60 отсто од Европејците до март, започна нова фаза на пандемијата...

Македонија18 часа

Локализиран пожарот во „Жито Битола“

Локализиран е пожарот што избувна околу 17 часот во „Жито Битола“. Пожарникарите остануваат на терен, до целосно гасење на огнот....

Македонија19 часа

Нови 1.424 случаи на коронавирус, починаа 20 лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 5.604 тестови, а регистрирани се 1.424...

Свет21 час

НАТО испраќа се’ повеќе оружје во Украина

Во последните денови, членките на НАТО испраќаат оружје и воен персонал во Украина, како и во блиските европски земји, во...

Македонија23 часа

„Преговорите ги диктира Софија, ова е пазар дипломатија“ – опозицијата со критики за начинот на кој Владата преговара со Бугарија

Остри критики за начинот на којшто се водат преговорите со Бугарија упатија говорниците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на трибината насловена „Заштита...

Економија1 ден

Ковачевски: Сите работници кои работат во недела мора да добиваат најмалку 50 отсто повисока дневница

„Денешната посета на „Дура Аутомотив Системс“ е одлична можност да се види како изгледа примената на законското решение „Недела неработен...

Топ1 ден

Прегазен малолетник на улица во Тетово, возачот избегал

Седумнаесетгодишно момче било прегазено од автомобил вчера на улицата Благоја Тоска во Тетово. Возачот кој управувал со возилото избегал од местото,...

Свет1 ден

Директорот на „Фајзер“: Годишните вакцини против ковид би биле подобри од честите бустери

Алберт Бурла, извршен директор на компанијата „Фајзер“, рече дека годишната вакцинација против короната би била подобра опција од почестите засилувачки...

Регион1 ден

Вучиќ добил список со седум лица кои му спремале атентат

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синoќа се обрати до јавноста по обелоденувањето на веста дека бил подготвуван атенатат врз него....

Досие