Вести
Белата куќа го осуди расистичкиот напад врз двајца индиски државјани

Белата куќа во вторникот „го осуди нападот мотивиран од расна омраза“ врз двајца индиски државјани минатата седмица во сојузната држава Канзас, по кој една од жртвите почина.
По критиките за изостанување на осудите на американскиот претседател Доналд Трамп за споменатиот напад, портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, го осуди нападот и рече дека Трамп ќе зборувал за тоа во текот на говорот во Конгресот во вторникот вечерта и ќе го осуди насилството.
„Би сакала да повторам дека претседателот најостро го осудува тоа и кое и да е друго расно или верски мотивирано насилство. За нив нема место во нашата земја“, порача Сандерс.
Педесет и едногодишниот белец Адам Парингтон кој во средата во бар во предградие на Канзас Сити, во централниот дел на САД во моментот на нападот извикувал „заминувајте од мојата земја“, пукал во двајца индиски инженера и го убил 32-годишниот Сринаваси Кучиболт.
Потоа се сокрил во блискиот ресторан и се фалел дека убил „двајца Иранци“, изјавила келнерката, соопштија неколку локални медиуми. Потоа беше уапсен. Овој напад е изведен во тензична атмосфера во САД, каде што од минатата седмица се забележани неколку антисемитски а потоа и расистички напади.
Индискиот дневен весник The Times of India пишуваше дека ова убиство ја шокирало индиската заедница во САД и бара од Трамп јасно да каже дека таквата омраза во Америка е неприфатлива./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
Русија за истрагата за експлозијата на „Северен тек“: Шведска нешто крие

Руските власти ја обвинија Шведска дека крие информации за истрагата за експлозијата што го оштети гасоводот „Северен тек“ минатата година.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија има право да ги знае деталите од истрагата и дека е збунета од одбивањето на Шведска да соработува со руските обвинители.
Имено, Москва му предложи на Стокхолм поведување заедничка истрага за експлозиите, но Шведска и Данска го одбија тој предлог.
Захарова сугерира дека зад таа одлука има скриени причини.
„Можеби, по спроведувањето на истрагата, руските истражители би можеле да дојдат до незгоден заклучок за тоа кој ја извршил саботажата. За тоа кој ја смислил и ја извршил. Шведска крие што точно открила во текот на истрагата“, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, како што објави „Гардијан“.
Вести
(Видео) Силно невреме го зафати Солун, издадено предупредување

Улиците во Солун се поплавени откако ненадејно невреме го зафати градот, придружено со силни грмежи.
Возилата беа спречени да минуваат, па сообраќајот беше запрен во голем дел од градот. Во многу случаи водата ја достигнувала висината на тротоарот, а сопствениците на продавници се обидувале со метли да спречат да влезе во објектите.
Εν τω μεταξύ στη Θεσσαλονίκη pic.twitter.com/yQLkl87XmI
— Αντιτέτοιος (@VPetsopoulos) September 2, 2022
Кога започна невремето, на улиците имало многу луѓе кои се обидувале да најдат засолниште под блиските балкони, пренесува грчкиот портал „Вориа“.
Грчката хидрометеоролошка служба за денеска издаде итно предупредување за влошување на времето и обилни дождови и невреме.
Покрај Солун, големо невреме го зафати и Халкидики, а обилни врнежи имаше и во градот Вурвур, како и во Пефкохори.
Вести
Украина апелира до Русија да го дозволи коридорот во Мариупол

Украина денеска испрати нов апел до Русија да дозволи хуманитарен коридор во Мариупол и да ги пушти цивилите од овој опколен град.
Бараме отворање на хуманитарен коридор за цивили – објави вицепремиерката Ирина Верешчук на украинската телевизија, пренесува „Ројтерс“.
Верешчук нагласи и дека руските вооружени сили спречуваат хуманитарна помош да стигне до жителите на градот Херсон на југот на земјата.
Украина денеска соопшти дека нејзините напори за евакуација на цивилите од опколените градови првенствено биле насочени кон Мариупол, но не објави никаков нов договор со Русија, кој би овозможил безбеден премин за нејзините заробени жители, пренесе Ројтерс.