Свет
Белгиската министерка за здравство се појави во парламентот со невообичаена маска
Белгиската министерка за здравство, Меги де Блок, бчера во парламентот носела невообичаена маска за лице со која привлекла големо медиумско внимание. На маската ѝ било испечатено нејзиното лице.
Фотографијата со маска ја прикачила на својот твитер-профил и напишала дека целиот приход од продажбата на маски оди во хуманитарни цели.
Gisteren zette ik een masker op waarvan de opbrengst naar het goede doel gaat.https://t.co/t2eRNgn77W
— Maggie De Block (@Maggie_DeBlock) July 15, 2020
Белгија, која по смртноста од коронавирус беше меѓу државите со средна големина на најтешко погодените од Ковид-19, успеа да ја стави пандемијата под контрола и вчера првпат од 10 јуни објави дека нема ниту една жртва.
Во Белгија, која има 11,5 милиони жители, бројот на смртност изнесува 850 на еден милион, што, освен државата Сан Марино, е највисока стапка на смртност во светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху најави дека израелските напади врз Иран ќе се интензивираат
Нападите на Израел врз Иран ќе продолжат да се интензивираат, вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по состанокот со министерот за одбрана Израел Кац, началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-потполковник Ејал Замир, и шефот на Мосад, Дејвид Барнеа.
„Нашите сили сега напаѓаат во срцето на Техеран со зголемен интензитет, а ова само ќе се интензивира дополнително во наредните денови“, вели Нетанјаху од покривот на седиштето на ИДФ Кирја во Тел Авив.
„Сепак, ова се болни денови“, вели тој, осврнувајќи се на смртоносните ирански напади во Тел Авив и Беит Шемеш.
„Моето срце е со семејствата и во име на сите вас, граѓаните на Израел, им испраќам желби за брзо закрепнување на ранетите.“
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.

