Европа
Белгија ја продолжи забраната за патување и покрај критиките од ЕУ
Европската комисија вели дека се изненадени од одлуката на белгиските власти да ја продолжат забраната за сите неважни патувања во и надвор од границите на земјата.
Пред две недели Комисијата испрати писмо до Белгија во кое бара објаснување за строгите ограничувачки мерки воведени на границите на земјата на почетокот на февруари, a со цел да се спречи ширењето на новите видови на коронавирус за време на училишните и карневалските празници во Западна Европа.
И покрај критиките на Европската комисија, белгиските национални власти одлучија мерката за затворање на границите, која требаше да трае до 1 април, да ја продолжат и за велигденските празници, до 18 април.
Од седиштето на ЕК велат дека ќе ги истражат сите опции што се наоѓаат на маса за да се обезбеди функционирање на внатрешниот пазар и да им се гарантира правото на слободно движење на граѓаните.
Во исто време, белгиските национални власти нагласуваат дека на Европската комисија ѝ го објасниле постоењето на такви мерки како уреден и важен елемент на целокупните мерки за борба против ширењето на вирусот.
Се додава дека на 26 март, забраната за сите неесенцијални патувања повторно ќе биде разгледана од ненационалниот Советодавен одбор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Русија ја нападна Украина со 188 проектили, ракети и дронови, тврди Киев
Додека властите во Киев велат дека се пресретнати сите проектили насочени кон главниот град на Украина, се известува за штета од околните области.
Неименуван инфраструктурен објект е погоден на една локација надвор од Киев, а приватна куќа, нестанбена зграда и структура од типот на хангар на друга, соопшти регионалната администрација додавајќи дека две лица побарале лекарска помош.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека од 188 нападни воздушни средства – проектили и беспилотни летала – лансирани од Русија, пресретнале 76 крстосувачки ракети „Калибр“, три ракети „Кх-59/Кх-69“ и 35 дрона.
„Непријателскиот напад со проектили и беспилотни летала беа насочени кон енергетските капацитети на Украина“, се вели во соопштението.
Европа
(Видео) Експлозии во Краснодар, Русите тврдат дека ги собориле сите дронови
Руското Министерство за одбрана извести дека во текот на ноќта системите за противвоздушна одбрана пресретнале и уништиле 25 украински беспилотни летала над Кубан, Крим, како и регионите Брјанск и Ростов.
Како резултат на напад со дрон во Краснодарската област, една жена е повредена.
The Russian Ministry of Defense reported that overnight air defense systems intercepted and destroyed 25 Ukrainian drones over Kuban, Crimea, as well as the Bryansk and Rostov regions. As a result of a drone attack in the Krasnodar region, one woman was injured.
Footage shows… pic.twitter.com/AnXMM4ksUO
— ASTRA (@ASTRA_PRESS) November 28, 2024
Снимката покажува една од експлозиите во Славјанск-на-Кубан, регионот Краснодар.
Европа
(Видео) Русите објавија снимки од авионите што ја нападнаа Украина
Екипажот Су-34 нападна концентрација на персонал, оклопна и автомобилска воена опрема на украинските вооружени сили во пограничниот регион на областа Курск, објави руското Министерство за одбрана на својот канал на Телеграм.
Нападот беше извршен со воздушни бомби со универзален модул за планирање и корекција, додаваат од руското Министерство за одбрана.