Контакт

Свет

Белоруските полицајци намерно прегазувани од автомобили во протестите

Објавено пред

Најмалку осум инциденти, во кои белоруските полицајци биле намерно удрени од автомобили во движење, биле регистрирани во разни градови во Белорусија изминатите два дена, објави во новинската агенција БелТА.

Според БелТА, полициските службеници ги сметаат овие инциденти за внимателно испланиран настан. Инцидентите се случија во главниот град Минск, Барановичи во западна Белорусија и во Зодино, град на 50-ина км североисточно од Минск.

На 9 август во Белорусија се одржаа претседателски избори. Прелиминарните резултати покажуваат дека актуелниот претседател Александар Лукашенко си обезбеди реизбор со 80,08 отсто од гласовите, а неговиот најголем ривал, Светлана Тикановскаја, доби 10,09 отсто од гласовите. Другите тројца кандидати не успеаја да добијат повеќе од два отсто.

Кога резултатите од анкетите беа објавени доцна на 9 август, во многу градови во целата земја избувнаа масовни протести, кои во некои случаи се претворија во судири со полицијата. Министерство за внатрешни работи соопшти дека биле приведени речиси 3.000 луѓе, повредени се десетици полицајци и демонстранти.

Регион

Вучиќ во Истанбул: Турција е една од најзначајните регионални сили

Објавено пред

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, вчера допатува во посета на Турција, за време на која денеска во Истанбул ќе има деловен ручек со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесува „Курир“.

Во изјава за српските медиуми, Вучиќ истакна дека е многу важно за Србија да има одлична комуникација со Турција, која според неговите зборови е една од најзначајните регионални сили.

„Многу е важно за Србија да има добра, одлична комуникација со Турција. Турција е една од најзначајните регионални сили, но е и една од силите која е сè поважна и во светски рамки. Нејзиниот демографски, економски, културен и секој друг потенцијал е огромен.

Важно е да имаме добри односи со неа. Со оние кои се блиски со Србија и имаат големо влијание во нашиот регион, се трудиме да сочуваме најдобри пријателски односи кои ќе ги унапредуваме во иднина“, истакна Вучиќ.

Тој рече дека мисли оти Турција е заинтересирана за повеќе теми, а дека за Србија е важно да се труди и да се обиде да ги сочува најдобрите односи со нејзините пријатели.

„Важно е работите да ги решаваме со дијалог, а турскиот претседател Ердоган секогаш сакаше да ја сослуша српската страна“, нагласи Вучиќ.

Пред да замине за Истанбул, српскиот претседател нагласи дека не мора ни да каже колку се важни разговорите со турскиот претседател.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Загина српски пилот откако при воена вежба се урна авион „миг-21“

Објавено пред

Загинал пилотот кој управувал со авионот на српската војска „миг-21“, кој денеска при воена вежба се урна на границата со БиХ, соопштија српските медиуми.

Ова било потврдено за агенцијата „Танјуг“ од страна на неговото семејство.

Загинатиот пилот бил на возраст од 43 години, а според членовите на семејството, починал кратко откако го надлетал своето село Доња Борина и семејната куќа.

Судбината на копилотот сè уште не е позната во јавноста.

Жителка на областа каде се урнал авионот изјавила дека била дома кога слушнала силен звук, поради што ја напуштила куќата и го видела авионот како лета многу ниско.

„Нешто одекна, излегов од куќата, авионот леташе толку ниско што за малку ќе ги потфатеше куќите и шумата“, објаснила таа.

Истакнала дека пилотот се борел за да не ги зафати куќите.

„Пилотот се бореше… Подоцна дознав дека е наш човек од Борина, кого го познавав“, рекла таа.

Според некои медиуми, едниот од пилотите се катапултирал и по него се трага.

Сепак, други медиуми јавуваат дека ниту еден пилот не се катапултирал, додека обвинителот за „Новости“ изјавил дека најверојатно и двајцата пилоти загинале.

Прикажи повеќе...

Регион

Србија и Косово ќе го именуваат спорното езеро по Доналд Трамп

Објавено пред

Србија и Косово во четвртокот се согласија да го именуваат езерото на спорна територија според претседателот Доналд Трамп, пренесува „Газета експрес“.

Езерото, познато кај Косоварите како Ујман, а кај Србите како Газивода, е предмет на спор меѓу двете земји: околу 80 отсто од неовите води се на Косово, а 20 отсто во Србија. Во четвртокот кај езерото се појави транспарент на кој пишуваше Езеро Трамп.

„Газета експрес“ дознава дека и косовскиот премиер Авдулах Хоти и српскиот претседател Александар Вучиќ изразиле подготвеност да го прифатат името.

„Како да се нарече езерото што е на Косово и на Србија е е сериозна точка на застој и покрај договорениот компромис од САД за почнување физибилити студија за создавање работни места и поголема енергија за регионот … така што двете страни се согласија за ново име – Езеро Трамп“, напиша поранешниот в.д. директор на Националното разузнавање (ДНИ) Ричард Гренел на Твитер.

Косовскиот премиер Хоти во четвртокот потврди дека иницијативата е вистинска, дека Гренел навистина ја покренал и дека не е невообичаено Косово да прави вакви потези.

„Како знак на почит и чест за нивната одлучувачка улога за слободата, независноста и признавањето на државноста на Косово низ целиот свет, ние ги именувавме нашите најдобри булевари според најистакнатите личности на САД, како на пр. претседателот Клинтон, Џорџ Буш, сенаторот Боб Дол, секретарката Медлин Олбрајт и други. Наша традиција и култура е да го почитуваме пријателот! Ова е благородна традиција на нашите предци што секогаш ќе ја почитуваме “, напиша Хоти на Фејсбук.

Српскиот провладин весник „Информер“ исто така објави фотографии и видео од езерото со натписи „Езеро Трамп“ и голем транспарент над мостот на кој пишува „Претседателе Трамп, косовските Срби ви благодарат што воспоставивте мир“.

Расправиите околу вештачкото езеро, изградено пред неколку децении од компанијата „Ибер Лепенци“ кога Косово беше дел од Југославија, почнаа по крајот на војната во Косово во 1999 година. Иако дел од езерото се наоѓа на српска територија, Косово тврди дека поседува сопственост на целата територија, што доведува до спорови околу тоа кој може да ги искористи неговите ресурси.

Сепак, се чини дека преговорите постигнаа голем успех откако косовските власти постигнаа договор со американскиот Стејт департмент да се спроведе физибилити студија правично и ефикасно распределување на ресурсите на езерото.

Не е првпат странска сила да именува знаменитости според актуелниот американски претседател. Во Албанија постои булевар „Доналд Трамп“, а владата на Израел преименуваше повеќе места по него, главно како признание за неговата поддршка за израелскиот суверенитет и неговата одлука да ја премести амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим.

Меѓу израелските локации преименувани по Трамп спаѓаат и плоштадите „Доналд Трамп“ во Ерусалим и Петах Тиква, како и именување на една населба на територијата на Голанската Висорамнина како Трамп хајтс. Властите во моментов планираат и една предложена железничка станица во Ерусалим да ја именуваат „Станица Трамп“.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа54 минути

Напаѓачот уапсен, полицијата пронајде мачета и сатар на местото на нападот во Париз

„Бев во мојата канцеларија. Слушнав врисоци на патот. Погледнав низ прозорецот и видов жена која лежеше на подот и имаше...

Европа2 часа

Четири лица прободени со нож во близина на седиштето на „Шарли Ебдо“

Најмалку четири лица се повредени во напад со нож во близина на поранешните канцеларии на францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“...

Македонија2 часа

Пендаровски до Пахор: Споделуваме сегашност во НАТО, уверен сум дека ќе имаме и заедничка иднина во ЕУ

Денеска во претседателскиот кабинет во „Вила Водно“ претседателот Стево Пендаровски на церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека...

Македонија3 часа

Казна за Рудникот САСА – ќе плати 65 илјади евра поради истекувањето јаловина

Откако при направениот увид и констатиран прекршок водостопанскиот инспектор на Државниот инспекторат за животна средина предложи постапка за посредување согласно...

Свет3 часа

(Видео) Ковид-19 создал мутација којашто е уште позаразна

Резултатите од една нова студија покажуваат дека Ковид-19 создал нова мутација која се чини дека е уште позаразна, а експертите...

Македонија4 часа

Николовски ќе бара мотивациско писмо од директорите за да спречи корупција

Вицепремиерот Љупчо Николовски бара од граѓаните да не очекуваат чудо за брзо време бидејќи проблемот со корупцијата во Македонија постои...

Македонија4 часа

Маричиќ не поддржува бирање државен јавен обвинител со политички договор

Не веруваме дека е добар начин на избор на обвинител со политички договор меѓу партиите, рече министерот за правда, Бојан...

Регион4 часа

(Видео) Во Србија се урна воен авион „Миг 21“

Авионот на српската армија „Миг 21“ се урна утрово при извршување на редовна задача за летање во селото Брасина, во...

Свет5 часа

Водечкиот германски епидемиолог предупредува: Пандемијата допрва ќе почне

Водечкиот германски епидемиолог Кристијан Дростен во својот говор на Светската здравствена конференција во Берлин предупреди на предвременото славење на успехот...

Свет5 часа

Трамп: Бајден ќе ја уништи Флорида, мојот план ќе го уништи вирусот

Како дел од предизборната кампања, американскиот претседател, Доналд Трамп, ги посети Северна Каролина и Флорида, некои од државите каде што...

Свет5 часа

Бројот на заболени од Ковид-19 во САД надмина 7 милиони

Бројот на заболени со коронавирус во САД вчера надмина седум милиони, што е повеќе од 20 проценти од вкупниот број...

Македонија5 часа

Заев: Бруталноста од полициски службеници врз граѓани Роми е за најсилна осуда

Премиерот Зоран Заев го осуди вчерашниот инцидент, во кој полицајци брутално тепаат Роми. Според него, таквото однесување е срамно за...

Регион5 часа

Албански претседател: Косово гарант за безбедноста на Балканот

Претседателот на Албанија, Илир Мета, на 75. заседание на ООН изјави дека членството на Косово во ООН би било корисно...

Свет20 часа

Гутереш: Вирусот се шири во сите правци, потфрли заедничката соработка

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска изјави дека светот не успеал да соработува во борбата против пандемијата на Ковид-19....

Топ21 час

(Видео) Во Визбегово пронајдена мини лабораторија за масло од канабис, уапсени три лица

Попладнево, околу 15 часот, Единицата за недозволена трговија со дрога извршила претреси во скопско Визбегово, при што пронајдена била мини...

Европа22 часа

Додека Навални закрепнуваше во Берлин, во Русија му го заплениле станот

Сметките на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални се замрзнати, а неговиот стан во Москва е одземен додека тој во болница во...

Македонија23 часа

Двајца починати и 152 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаја на...

Македонија24 часа

Владата ќе го разгледа барањето за продложување на породилното отсуство

Владата ќе ги разгледа барањата на родителите кои предлагаат времено продолжување на породилното отсуство за месец или два и ќе...

Свет24 часа

Ниту едно вакцинирано лице во Москва немало компликации

Не се забележани компликации кај ниту едно од 3.000 лица кои биле вакцинирани против коронавирусот во Москва како дел од...

Македонија1 ден

Врховниот суд ја потврди 4-годишната казна за Сеад Кочан

Врховниот суд ја потврди 4,8-годишната казна на Сеад Кочан за случајот „Труст“, која од Апелација му ја намали од изречените...

Досие