Контакт

Свет

Берлускони за борбата со коронавирусот: Се плашев дека нема да преживеам

Објавено пред

Поранешниот италијански премиер, Силвио Берлускони, рече дека се плашел оти ќе умре од Ковид-19 и дека сè уште се чувствува многу уморен и исцрпен.

„Сè ме болеше, не можев да бидам во иста позиција повеќе од една минута. Се плашев дека нема да преживеам“, изјави Берлускони (83) за „Кориере дела сера“.

Берлускони помина повеќе од една недела во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано, каде што му беше дијагностицирана пневмонија поврзана со Ковид-19. Тој беше пуштен на домашно лекување во понеделникот.

„Во првите денови во болницата се плашев за својот живот, да“, рече тој.

„Мојот совет до сите пациенти е: не попуштајте, никогаш не губете надеж дека ќе оздравите. Коронавирусот може да се победи. Се чувствувам многу уморно, малаксано. Таков е Ковидот. Но, успеав да го надминам тој тежок предизвик и затоа сум среќен“, вели Берлускони.

Тој потврди дека некои од неговото семејство, вклучително и внуците, биле заразени, но немале сериозни симптоми и сите оздравеле.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Во Франција над 12.000 новозаразени

Објавено пред

Во изминатите 24 часа во Франција се регистрирани 12.845 случаи на коронавирус, соопштија денеска здравствените власти на таа земја.

Ова е првпат од 27 септември бројот на заразени со коронавирус да надмине 10.000.

Во изминатите 24 часа 63 лица починале како последица на Ковид-19, со што вкупниот број на смртни случаи во Франција достигна 31.956, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Досега во земјата се заразиле вкупно 563.535 лица.

Прикажи повеќе...

Свет

Москва тврди: Во Нагорно-Карабах пристигнале борци од Либија и Сирија

Објавено пред

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека борци од Сирија и Либија пристигнале во Нагорно-Карабах, регион каде четири дена трае конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан, во однос на спорните територии.

„Борци од илегални вооружени групи, особено од Сирија и Либија, се распоредени во зоната на конфликтот во Нагорно-Карабах, за да учествуваат во борбите“, соопшти руското министерство, додавајќи дека е крајно загрижено поради процесите што можат да ги зголемат тензиите во конфликтот и низ целиот регион.

Русија ги повика лидерите на засегнатите земји да преземат ефикасни мерки за да спречат регрутирање терористи и странски платеници во конфликтот и да ги повлечат од областа.

Ерменија ја обвини Турција, која го поддржува Азербејџан, за испраќање платеници во Карабах. Властите во Баку, пак, ги отфрлија тврдењата и возвратија со обвинување кон официјален Ереван.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска им предложил на своите ерменски и азербејџански колеги Москва да биде домаќин на разговорите за сепаратистичкиот регион Нагорно-Карабах во кој од 27. септември се водат жестоки битки.

Двете земји беа дел од Советскиот Сојуз пред тој да се распадне во 1991 година. Тие веќе четири децении се во конфликт околу регионот Нагорно-Карабах, кој е меѓународно признат како дел од Азербејџан, но е под контрола на Ерменците.

Прикажи повеќе...

Свет

Папата одбил да се сретне со Помпео, не сака да ја вмешува црквата во американските избори

Објавено пред

Ватикан објави дека го одбил барањето на Мајк Помпео за аудиенција кај папата Франциско и го обвини државниот секретар на САД дека се обидел да ја вовлече Католичката црква во претседателските избори во САД, осудувајќи ги односите на Ватикан со Кина.

Забелешките на Ватикан уследија откако Помпео во серија објави на „Твитер“ ја обвини црквата за нарушување на нејзиниот морален авторитет преку обновувањето на договорот со Кина за назначување бискупи.

Помпео, кој денеска престојува во Рим и треба да се сретне со официјални претставници на Ватикан в четврток, уште еднаш ја осуди Кина на конференцијата за верски слободи организирана од Амбасадата на САД.

Двајцата главни дипломати во Ватикан, државниот секретар и кардинал Пјетро Паролин и надбискупот Пол Галагер, изјавија дека папата Франциско го отфрлил барањето на Помпео за средба бидејќи не сака да се состанува со политичари пред избори.

„Да, тој побара. Но, папата веќе јасно стави до знаење дека не прима политичари за време на избори. Тоа е причината“, рече Паролин.

Ватикан и Пекинг потпишаа двегодишен договор за назначување кинески бискупи. Тој договор истекува следниот месец, но треба да биде обновен.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Објавен распоредот на телевизиските часови за учениците кои немаат компјутери

Учениците кои немаат компјутер или таблет за да следат онлајн-настава преку платформата на Министерството за образование часовите ќе можат да...

Македонија9 часа

Регистрирани 194 новозаразени, починаа 2 лица

Во последните 24 часа се направени 1.697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Регион11 час

Грчките свештеници загрижени за барањето до Вартоломеј за автокефалност на македонската црква

Грчките црковни кругови ги коментираа барањата на македонските власти до вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалноста на македонската црква. Задната врата...

Македонија12 часа

Сојузот на средношколците најави бојкот во ноември ако не се дозволи комбинирана настава

Сојузот на средношколците најави бојкот на наставата од ноември доколу во октомври остане стабилна епидемиолошката состојба, а институциите не дозволат...

Македонија12 часа

Милошоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против одлуките за вонредна состојба

Заврши координацијата на пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ по што пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, информира дека...

Регион13 часа

Албанија го одложи почетокот на училишната година

Албанија го одложи почетокот на училишната година за ноември откога бројот на заразени од коронавирусот во еден ден се зголеми на...

Топ14 часа

Приведена дилерка на кокаин во Тетово

Полицијата приведе 45-годишна жена од Теотово осомничена за продажба на кокаин. Според информациите од МВР, таа ја криела и ја...

Свет14 часа

Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании: го зголемуваме производството на вакцини со невидена брзина

Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании за да соработуваат во производството на вакцина против...

Македонија14 часа

Потрошени 6,7 милиони евра за итни набавки за заштита од Ковид-19, најмногу потрошило МВР

За итни набавки за заштита од коронавирусот, во првите шест месеци од кризата биле потрошени 6,7 милиони евра, покажува извештајот...

Македонија15 часа

Филипче на средба со медицинските сестри кои дадоа отказ од Инфективна – се обидел да ги убеди да останат

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово се сретнал со трите медицински сестри од Инфективната клиника кои дадоа отказ. Според објавата...

Свет16 часа

(Видео) Хаотична прва дебата меѓу Трамп и Бајден

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот противкандидат, поранешниот потпретседател и сенатор Џо Бајден, синоќа ја имаа првата од трите дебати...

Свет16 часа

Премиерот на Ерменија: За конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение

Премиерот на Ерменија, Никол Пашињан изјави дека за конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение. Пашињан за телевизијата Русија 1 рекол...

Свет1 ден

Кремљ: Путин планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус

Рускиот претседател, Владимир Путин, планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус, рече неговиот портпарол. „Путин планира да се...

Македонија1 ден

Алаѓозовски и Поповски именувани за национални координатори во Владата

Владата на денешната седница ги именува поранешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски и поранешниот министер без ресор задолжен за комуникации,...

Македонија1 ден

Игротеките почнуваат со работа

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на игротеките. „Владата го усвои протоколот за работа на игротеките во...

Македонија1 ден

Владата одобри целоднeвна настава во училиштата

По препорака на Комисијата за заразни болести, Владата на денешната седница одобри целодневна настава во училиштата. „Одобрена е организацијата на...

Македонија1 ден

(Видео) Потпишан етичкиот кодекс, функционерите се обврзаа на транспарентно и одговорно работење

На седница на Владата денеска беше потпишан кодексот за етичко однесување на носителите на јавни функции. По тој повод, заменик-претседателот...

Свет1 ден

(Видео) Војската на Нагорно-Карабах соборила два азербејџански хеликоптера

Војската на Нагорно-Карабах собори два азербејџански хеликоптера користејќи ракети „земја-воздух“ – „игла“, објави прес-секретарот за ерменското Министерство за одбрана, Шушан...

Македонија1 ден

Осум починати и 112 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на...

Македонија1 ден

(Видео) Фетаи ќе бара затворски казни за сите обвинети во „Насилство во Центар“

Обвинителката Фатиме Фетаи ќе бара затворска казна за Миле Јанакиески и другите обвинети со жалба во апелација откако Кривичниот суд...

Досие