Свет
Бил Гејтс: За имунизација, нема да биде доволна една доза вакцина против коронавирусот
Како што стојат работите, ќе биде потребна повеќе од една доза вакцина за имунизација против коронавирусот, а на повозрасните можеби и три, изјави Бил Гејтс за Си-би-ес.
Основачот на „Мајкрософт“, кој со своите изјави во врска со коронавирусот го крена светот на нозе и разгори теории на заговор, вели дека надежта оти една доза од вакцината ќе биде доволна – постоела, но само на почетокот на епидемијата.
.@NorahODonnell: “How many doses of the vaccine will we need?”
Bill Gates: “Well, none of the vaccines at this point appear like they’ll work with a single dose. That was the hope at the very beginning.” https://t.co/Layv872iZy pic.twitter.com/F47iInstYy
— CBS News (@CBSNews) July 22, 2020
„Во овој момент се чини дека ниту една вакцина што се развива нема да биде доволна за заштита во една доза. Тоа беше надеж на самиот почеток. Можеби вакцините што ќе бидат развиени подоцна ќе нè изненадат позитивно. Но, засега, како што стојат работите, не. Кога станува збор за повозрасните лица, тие можеби ќе треба да примат и повеќе од две дози“, рекол Гејтс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

