Свет
Бил Гејтс се залага за продолжување на работата на УСАИД
Коосновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, по состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп и шефицата на кабинетот на Трамп, Сузи Вајлс, изјави дека го поддржува продолжувањето на работата на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).
Гејтс рече дека се сретнал со Трамп во Белата куќа за да се заложи за продолжување на исплатите на странска помош со кои управува УСАИД, објави „Ен-би-си њуз“.
Гејтс, кој беше коосновач на непрофитната фондација „Гејтс“ во 2000 година, истакна дека бил на терен со УСАИД велејќи дека работата на Агенцијата обезбедила неверојатни придобивки.
УСАИД е основана 1961 година и е една од најголемите официјални агенции за помош во светот и има мисии во повеќе од 100 земји, пред сѐ, во Африка, Азија, Латинска Америка, Блискиот Исток и во Источна Европа.
Трамп на почетокот на февруари потврди дека ќе ја укине УСАИД откако неговата администрација објави дека размислува за спојување на УСАИД со Стејт департментот, со цел да го намали бројот на вработени во Агенцијата и да ги усогласи нејзините трошоци со политиката на Трамп – „Америка на прво место“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Холандија почнаа парламентарните избори
Во Холандија утрово почнаа парламентарните избори, избирачките места се отворија во 7:30 часот и ќе бидат отворени до 21:00, по што ќе започне пребројувањето на гласовите и објавувањето на првите резултати, јави холандскиот јавен сервис „НОС“.
Право на глас имаат околу 13,5 милиони граѓани, а гласањето се одвива на 27 партии со 1.166 кандидати за 150 пратенички места.
Некои избирачки места беа отворени уште од полноќ. На поголемите железнички станици има и мобилни пунктови за гласање.
Анкетите покажуваат дека трката е исклучително тесна, а крајнодесничарската Партија за слобода (PVV) на Герт Вилдерс има шанса за силен резултат, иако повеќето партии не сакаат коалиција со него. Поддршка имаат и левите и десноцентристичките партии.
По распадот на претходната четирипартиска влада, парламентот брои дури 15 партии, па аналитичарите предупредуваат дека формирањето нова влада може да трае со месеци.
Свет
Куба ја погоди ураган, еден од најсилните од 2017 година
Откако ја погоди Јамајка како еден од најсилните урагани во Атлантикот, Мелиса накратко ослабе. Додека го преминуваше островот, таа изгуби дел од својата енергија бидејќи повеќе не беше над топлото море кое ја „хранеше“.
Кога северниот брег на Јамајка беше зад него, ураганот повторно се засили до четврта категорија и формираше добро изразено око на бура. Потоа Мелиса по втор пат дојде до копно, овој пат во југоисточна Куба, како ураган од категорија 3 со ветрови до 205 километри на час – еден од најсилните што го погодија островот од ураганот Ирма во 2017 година.
Потоа бурата ќе ослабне, но се очекува да се забрза кон североисток, преминувајќи ги Бахамите во текот на денот и приближувајќи се кон Бермуда, задржувајќи ја силата на ураган од прва категорија.
фото: принтскрин
Свет
(Видео) Јамајка прогласи катастрофа, објавени снимки
Ураганот Мелиса помина над Јамајка, но обемот на штетата сè уште не е познат – само зората ќе покаже што е уништено.

Премиерот Ендру Холнес вчера го прогласи островот за зона на катастрофа и предупреди на „разорни последици“. „Досега имаме извештаи за оштетени болници и обемни штети на станбени и комерцијални згради“, рече Холнес синоќа.
Jamaica 🇯🇲
Hurricane Melissa aftermath pic.twitter.com/WcUVfhbgTR— Rusty Sun Compass (@sun_iscompass) October 29, 2025
Мелиса ослабе на категорија 3 додека се приближува кон Куба
Националниот центар за урагани објави дека Мелиса малку ослабела и сега е ураган од категорија 3, со ветрови до 205 километри на час.
И покрај ова, се очекува да остане моќен ураган додека поминува над Куба и Бахамите и во близина на Бермудите.

