Свет
Биткоинот со нови рекорди, за 24 часа цената му порасна за 24 проценти
Цената на биткоинот и утрово продолжи со растот од синоќа, достигнувајќи нови рекорди и првпат еден биткоин вреди 48.000 долари.
Нова група инвеститори, во најпознатата и најважна криптовалута во светот, предизвика веста дека компанијата „Тесла“ купила биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари. Како што наведоа, тие сакале да обезбедат поголема флексибилност и да ги максимизираат своите приходи.
Исто така, „Тесла“ објави дека ќе овозможи употреба на биткоин како начин на плаќање при купување на нивните производи. По оваа објава, вредноста на биткоинот скокна дури 10,96 проценти – на 43.200 американски долари, а растот продолжи и по тоа.
Биткоинот зајакна неверојатни 23,93 проценти за 24 часа и се продаде за 48.049,91 американски долари во 2:03 часот по источноамериканско време.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

