Контакт

Свет

Блумберг размислува да се кандидира за претседател на САД

Објавено пред

Милијардерот Мајкл Блумберг сериозно размислува да влезе во трката за претседател како номинација од Демократската партија. Поранешниот градоначалник на градот Њујорк е загрижен од моменталните кандидати од демократите, кои, според него, не се доволно добри за да го победат Доналд Трамп на изборите во 2020 година.

Се очекува 77-годишниот Блумберг оваа недела да ги потпише документите за примарната Демократска претседателска кампања во Алабама. Вкупно 17 кандидати моментално се во трката против Трамп.

Поранешниот потпретседател Џо Бајден, сенаторот на Масачусетс, Елизабет Ворен, и сенаторот на Вермонт, Берни Сандерс, се демократските кандидати.

Некои анализи велат дека Ворент и Сандерс, кои се сметаат лево од Бајден, и ако ја добијат партиската номинација, сепак би можеле да ги загубат изборите против Трамп.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

(Видео) Возач загина кога со камион излета во провалија на автопат во Словенија

Објавено пред

Унгарски возач на камион, на возраст од 53 години, загина во сообраќајна несреќа која утрово се случила на љубљанската обиколница.

Како што пишуваат локални медиуми, сообраќајката ја предизвикал возач на автомобил кој изгубил контрола и се судрил со приколката на товарното возило, при престигнување на камионот.

Возачот на камионот изгубил контрола и возилото излетало преку заштитната ограда, во провалија длабока околу 20 метри, пренесува „Независне новине“.

Според информациите, возачот на автомобилот не е повреден.

Прикажи повеќе...

Свет

Моралес ги повика папата Франциско и ОН да помогнат Боливија да излезе од кризата

Објавено пред

Поранешниот претседател на Боливија, Ево Моралес, ги повика Католичката црква, Обединетите нации и европските земји да дејствуваат како посредници во дијалогот со неговите противници за решавање на политичката криза во оваа јужноамериканска земја, пренесува ТАСС.

„Барам меѓународните организации, како ОН, пријателските европски земји и Католичката црква претставена од папата Франциско, да му се приклучат на нашиот дијалог за да ја смират нашата сакана Боливија. Насилството претставува закана за животот и за социјалниот мир“, напиша тој на „Твитер“.

Моралес претходно повика на дијалог што ќе ги вклучува сите движења во општеството, граѓанските организации и политичките партии.

Претседателските избори во Боливија се одржаа на 20 октомври. Според Врховниот изборен суд во Боливија, на изборите победи Ево Моралес. Неговиот главен ривал, експретседател Карлос Меса, изјави дека нема да ја признае победата на Моралес во првиот круг. По објавените резултати од гласањето, почнаа протестите.

Армијата, опозицијата и синдикатите побараа Моралес да се повлече. На 10 ноември претседателот ја објави својата оставка опишувајќи ги овие случувања како државен удар.

Во вторникот Моралес пристигна во Мексико, каде што му беше даден политички азил. Во меѓувреме, боливискиот сенатор Жанин Ањез се прогласи за привремен претседател на земјата. Уставниот суд во Боливија го поддржа предавањето на власта.

Прикажи повеќе...

Свет

Москва ја призна Жанин Ањез за привремен претседател на Боливија

Објавено пред

Москва ја признава Жанин Ањез за привремен претседател на Боливија, но Москва ја загрижува фактот дека немало кворум при гласањето за неа во парламентот, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, пренесува „Спутник“.

„Забележавме дека во моментот на именување на таа должност на Ањез немало кворум, затоа тука гледаме определени моменти, кои, се разбира, ќе ги земеме предвид. Меѓутоа, јасно е дека токму таа ќе биде прифатена како лидер на Боливија во периодот до решавањето на прашањето за новиот претседател по пат на избори, а тоа е внатрешна работа на Боливија“, изјави Рјабков.

На изборите одржани на 20 октомври Моралес победи во првиот круг, но неговиот главен конкурент, Карлос Меса, не ги призна резултатите од гласањето.

Во неделата вооружените сили на Боливија го повикаа Моралес да ја напушти функцијата за да се осигури стабилност во земјата. Целото високо раководство поднесе оставка, власта ја презеде опозициската потпретседателка на Сенатот, Жанин Ањез, а Моралес ја напушти земјата и доби политички азил во Мексико.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 минути

Минималната плата ги скара пратениците од власта и опозицијата

Минималната плата ги скара пратениците од власта и опозицијата, при што за едните е популистички чекор, а за другите решение...

Македонија20 минути

Обвинителство: Случајот со катната гаража на „Никофон“ е во предистражна постапка

Случајот за кривичната пријава во врска со катната гаража која „Никофон“ треба да ја гради кај „Аутомакедонија“ сè уште е...

Македонија4 часа

Нападнати двајца новинари во близина на угостителски објект во Скопје

Двајца новинари синоќа биле физички нападнати од страна на неколку 20-годишни лица. Од МВР информираа дека нападот се случил на...

Македонија4 часа

Сведочење на полицаец: Проверив 78 луѓе од Избирачкиот список, ниту еден не беше на пријавената адреса

Полицаецот Агрон Кранлиевски од Ресен во предметот „Титаник“ на СЈО сведочеше дека во 2012 година правел проверки на живеалишта на...

Македонија4 часа

Контрола на автобуси и комбиња во Тетово – 14 возеле патници со неисправни сопирачки, 8 без технички преглед

Вчера, во Тетово, била спроведена акциска контрола за техничка исправност на возилата што вршат јавен превоз на патници, најмногу автобуси...

Македонија4 часа

Заев заедно со Мицотакис и Борисов учествува на самит во Солун

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска учествува на годинашниот самит во Солун, кој е под покровителство на претседателот на Република...

Свет5 часа

Насилството во Хонгконг ескалира: демонстрантите со стрели ги гаѓаат полицајците

Полицијата во Хонгконг соопшти денеска дека демонстрантите со стрели ги гаѓале полицајците што патролирале во близина на Политехничкиот универзитет, а...

Европа6 часа

(Видео) Вонредна состојба во Венеција

Италијанската влада денеска ќе прогласи вонредна состојба поради поплавата во Венеција со цел што побргу да се мобилизираат средства за...

Македонија6 часа

Едно од девет возрасни лица во Северна Македонија има дијабетес

Во Северна Македонија едно од девет возрасни лица има дијабетес или околу 175 илјади луѓе, објави Асоцијацијата за детски дијабетес на...

Регион17 часа

Полициско куче откри рекордна количина хероин во Словенија, вредна речиси 90 милиони евра

Словенечката полиција и цариниците заплениле 730 килограми хероин во пристаништето Копер, што е најголема количина хероин запленета во историјата на...

Свет18 часа

(Видео) Трамп: Се обидуваат да ме спречат

Ова е најголема измама во историјата на американската историја, порача американскиот претседател Доналд Трамп, во врска со почетокот на јавните...

Македонија18 часа

(Видео) Пендаровски: Реформите се потребни за да ја вратиме довербата на граѓаните

Функционалната правна држава е основен услов за опстанок на поредокот и неговиот одржлив развој. Реформите во сферата на владеењето на...

Регион19 часа

Страшна сообраќајна несреќа во Словачка, најмалку 12 загинати и 20 повредени

Најмалку 12 лица, од кои четири деца, загинаа денеска во судир на автобус и камион во западниот дел на Словачка....

Македонија20 часа

(Видео) Заев-Мас: Да се изнајде начин што побрзо до позитивна одлука за Северна Македонија

Претседателот на Владата, Зоран Заев и министерот за надворешни работи на СР Германија, Хајко Мас изразија жалење за одлуката на...

Македонија23 часа

„Никофон“ платил 1.800 место 5.000 денари за квадрат за гаражата кај „Аутомакедонија“, Центар бара раскинување на договорот

Заедно со граѓаните до крај ќе се бориме кај „Аутомакедонија“ да не се изгради катна гаража, туку парцелата да им...

Македонија1 ден

(Видео) Зеќир Рамчиловиќ изгласан за потпретседател на Собранието

Со 62 гласа „за“, 16 „против“ и без воздржани, пратеникот Зеќир Рамчиловиќ е изгласан за потпретседател на Собранието. За оваа...

Македонија1 ден

Во Швајцарија уапсени членови на „Пинк Пантер“, меѓу кои и еден Македонец, ограбиле златарница

Швајцарската полиција уапси двајца црногорски државјани, двајца германски државјани, едно лице од Босна и Херцеговина и едно од Северна Македонија...

Македонија1 ден

Груевски нема да одговара за „Траeкторија“ поради застареност на делото

Експремиерот во бегство, Никола Груевски, нема да одговара за кривичното дело во предметот „Траекторија“, кое се однесува на изградбата на...

Македонија1 ден

Закажано првото рочиште за „Рекет“

Првото рочиште за предметот „Рекет“, во кој се обвинети Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, и...

Македонија1 ден

Заев: „Југохром“ ќе биде затворен додека не се стават филтрите

„Југохром,“ додека не се стават филтрите, нема да функционира, истакна премиерот Зоран Заев пред вчерашната владина седница во Тетово зборувајќи...

Досие