Свет
Болница во Бостон отпушти 200 невакцинирани работници
Речиси 200 вработени во болница во американската сојузна држава Масачусетс добија отказ бидејќи не се вакцинирале против коронавирусот во одреден временски период.
Вработените во болницата во Бостон имале рок до 1 ноември за целосна вакцинација против Ковид-19, јавуваат агенциите.
Од раководството на болницата изјавиле дека чекале уште еден месец и на крајот ги раскинале договорите со персоналот кој не бил вакциниран.
„Вакцинирани се 98 отсто од персоналот во болницата, а со тие два отсто што дадоа отпор ја прекинавме соработката“, се вели во соопштението.
Во него се наведува дека приоритет на болницата е да ги заштити персоналот и пациентите и дека отпуштањето на невакцинираните работници е единствената опција.
Во таа болница во Бостон работат околу 15.000 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

