Свет
Болниците во Газа се изложени на ризик да се претворат во мртовечници, предупреди Црвениот крст
Болниците во Газа ризикуваат да се претворат во мртовечници бидејќи ќе ја загубат електричната енергија, предупреди Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК).
Единствената електрана во Појасот Газа престана да работи вчера поради недостиг на гориво. Ова значи дека Газа – вклучувајќи ги и болниците – се потпира на генератори, на кои им треба ново снабдување со гориво.
Најголем дел од снабдувањето со електрична енергија во Газа доаѓа од Израел, кој ја прекина струјата во областа по нападот на Хамас.
„Човечкото страдање предизвикано од оваа ескалација е ужасно и барам од страните да го намалат страдањето на цивилите“, рече регионалниот директор на МКЦК за Блискиот Исток, Фабрицио Карбони, пренесе Би-би-си.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

