Свет
Бомбашки напад во Авганистан – убиени 34 лица

Најмалку 34 лица загинаа, а 24 се ранети во два одделни бомбашки напади во источен и јужен Авганистан, потврдија официјалните лица на земјата.
„Во напад во источната провинција Газни, 31 војник беше убиен, а 24 ранети кога напаѓач влезе во воена база со воено оклопно возило полно со експлозив и активираше бомба“, изјави претставник на Советот за национална безбедност на Авганистан.
Нападот го потврди и портпаролот на Министерството за внатрешни работи Тарик Аријан, иако тој не даде детали за жртвите.
Вториот напад се случил во јужен Авганистан, а мета на самоубиецот бил шефот на покраинскиот совет во Зубал. Еден бомбаш самоубиец усмрти најмалку три лица и рани 12, меѓу кои и деца.Началникот на покраинскиот совет Атајан Хакабајат го преживеал нападот со полесни повреди, иако меѓу убиените има и еден од неговите телохранители, изјави портпаролот на покраинската полиција, Хикматула Кочаи.
Никој сè уште не ја презеде одговорноста за нападите.Бомбашките напади се случија додека претставници на авганистанската влада и талибанците за прв пат водат разговори во Катар за лице со цел да се стави крај на децениската војна во земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Уапсен маж кој фрли бомба во Сараево

Полицијата со поддршка на специјалната единица, уапси синоќа маж кој фрли експлозивна направа во населбата Грдоњ, во Сараево.
Нема повредени.
За време на неколкучасовниот претрес, мажот се криел во населбата, а според босанскиот портал „Клих“, повикувајќи се на неофицијални информации, кај него биле пронајдени пушка, пиштол и бомба.
Осомничениот и бил претходно познат на полицијата и се лекувал на Клиниката за неврологија во Сараево.
Засега е непознато зошто ја фрлил бомбата.
Регион
Во Србија денеска ќе пристигнат уште 100.000 дози од руската вакцина

Вечерва 100.000 нови руски вакцини „Спутник В“ ќе пристигнат во Србија и тие ќе бидат пренесени од аеродромот „Никола Тесла“ во институтот Торлак, а утре ќе започне нивната дистрибуција до центрите за вакцинација, изјави министерот за иновации и технолошки развој Ненад Поповиќ
Како што беше соопштено од министерството, Поповиќ утрово телефонски разговарал со рускиот министер за индустрија и трговија Денис Мантуров, а во разговорот било потврдено дека „братска Србија останува приоритет во доставувањето на вакцините за Русија “.
„Ова е уште еден доказ дека секогаш можеме да се потпреме на нашите руски браќа и дека, како и многу пати досега во нашата историја, Русија никогаш не ја оставила Србија на цедило“, рече Поповиќ, додавајќи дека оваа испорака е потврда за најдобрите односи на Србија и Русија.
Поповиќ потсети дека Србија се согласи да купи вкупно два милиони вакцини од Русија и оти целата количина на вакцина ќе биде доставена до Србија до крајот на април, се додава во соопштението.
Свет
(Видео) Немири на улиците во Даблин поради карантинот

Стотици луѓе излегоа на улиците на Даблин, вчера, во знак на протест против мерките за затворање и избувна насилство.
Полицијата се судри со демонстрантите кои се обидоа да се пробијат до главниот парк, јави телевизијата РТЕ.
Неколку лица се уапсени.
Владата го осуди насилството.
„Нема оправдување за насилство врз полицијата или било кој“, оцени вицепремиерот Лео Варадкар.
Ирската влада неодамна објави дека ќе го продолжи најстрогиот карантин до 5 април, иако училиштата постепено ќе се отвораат од понеделник.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер