Свет
Борел: Путин не успеа да го скрши отпорот на Украина и сега е принуден да се повлече
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел изјави денеска во разговор со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, во врска со украинскиот напад врз Курската област во Русија, дека рускиот претседател Владимир Путин не успеал да го скрши отпорот на Украина и дека сега е принуден да се повлече на територијата на Русија.
„Ја повторив целосната поддршка на ЕУ за борбата на народот на Украина“, напиша Борел на платформата Х.
Украина контролира 74 населени места во областа Курск во Русија, изјави врховниот командант на вооружените сили на Украина Александар Сирски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Момче падна од 13 кат на брод за крстарење
Крстарење од соништата на бродот „Хармонија на морето“ се претвори во хорор кога загина 12-годишно момче, паѓајќи од балкон на 13-ти кат на последниот ден од патувањето.
Неколку илјади луѓе се наоѓаа на палубите на бродот за крстарење, еден од најголемите во светот, кој се приближуваше до пристаништето Главстон, Тексас, на крајот од неговото седумдневно патување на Западните Кариби.
Очевидци наведуваат дека момчето си играло со пријателите непосредно пред да падне преку балконот во внатрешниот дел од на бродот. Станува збор за простор полн со барови, пабови и ресторани, објави „Дејлимејл“.
Персоналот на компанијата „Ројал Кариби“, во чија сопственост е овој брод, се обидел да го реанимира момчето, но тоа починало од повредите пред да се закотви во Главстон, се наведува во написите.
Свет
Две жени се прогласени за виновни а Брижит Макрон доби осум илјади евра отштета за тврдењата дека го сменила полот
Париското обвинителство потврди за порталот „Политико“ дека две жени се прогласени за виновни за клевета и им е наложено да платат отштета од неколку илјади евра поради ширење лажни гласини дека првата дама на Франција, Брижит Макрон е родена како маж и живее како трансродова жена.
Самопрогласените независни новинари и водители на каналот Јутјуб, во видео од 2021 година, без докази изјавија дека Брижит Макрон е родена како Жан-Мишел Троње и дека подоцна го сменила името и полот.
Во судењето учествувал и самиот Троње, кој всушност е брат на првата дама на Франција, додава „Политико“.
Лажните тврдења се проширија многу подалеку од Франција, а потоа беа поттикнати од теории на заговор и коментари од екстремно десничарски интернет фигури, како што е американскиот конзервативен коментатор Кендас Овенс, пренесува медиумот.
Обвинителството во Париз соопшти дека двете жени се казнети со по 500 евра, а на Брижит Макрон им е наложено да и платат 8.000 евра и 5.000 евра на нејзиниот брат на име граѓанска отштета.
Во едно интервју во 2022 година, Брижит Макрон рече дека на почетокот ги игнорирала лагите, но на крајот решила да се соочи со нив директно бидејќи тие ги погодиле нејзините родители и семејството, кои поседуваат и водат ланец на познати чоколадни продавници во северна Франција.
Свет
Нетанјаху: Треба да се изврши поголем притисок врз Хамас да го прифати предлогот за новиот договор
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека треба да се изврши поголем притисок врз палестинската милитантна група Хамас да го прифати новиот предлог за договор за Газа, откако Хамас рече дека е подготвен само да прифати договор за прекин на огнот без нови услови.
Главниот американски преговарач, шефот на ЦИА, Вилијам Барнс, во саботата изјави дека подетален предлог за прекин на огнот ќе биде претставен во рок од неколку дена, објави Ројтерс.
Преговарачкиот тим на Хамас вчера се состана со катарските и египетските посредници во Доха и ја потврди нивната подготвеност да се спроведе прекин на огнот во Газа врз основа на претходниот предлог на САД без нови услови од која било страна, се вели во соопштението на групата.
„Хамас се обидува да го сокрие фактот дека се уште е против договорот за ослободување на заложниците и го попречува“, рече Нетанјаху во изјавата, пренесува Танјуг.
Тој рече дека Израел го прифатил последниот предлог, додека Хамас го отфрлил и дури ладнокрвно убил шест израелски заложници.
„Светот мора да бара Хамас веднаш да ги ослободи нашите заложници“, рече Нетанјаху.
Партиите досега не успеаја да постигнат договор за прекин на 11-месечниот конфликт, обвинувајќи се меѓусебно за воведување нови барања што спречија да се постигне договор, наведува агенцијата.
Предлогот што го претстави американскиот претседател Џозеф Бајден во мај предвидуваше прекин на огнот во три фази, што ќе вклучува ослободување на израелски и странски заложници, пренесува Танјуг.