Свет
Британија воведе нови санкции против Русија, на удар 92 поединци и организации
Велика Британија воведе санкции против 92 лица и организации поради одржувањето на референдумот во непризнаените сепаратистички републики Донецк и Луганск, како и делови од регионите Херсон и Запорожје, кои се под контрола на руските сили, соопшти денеска британското Министерство за надворешни работи.
Агенцијата „ИМА-консалтинг“ и „Гознак“ се најдоа на листата со санкции, пренесува „Интерфакс“. Беа воведени санкции против одговорните за организирање на референдумот и против голем број олигарси и врвни менаџери на големи руски државни компании. На списокот има 23 високи вработени во Гаспромбанка, 16 вработени во Сбербанк и десет претставници на Совкомбанка.
Во санкциите се вклучени и членовите на одборот на директори на Гаспромбанк, поранешниот шеф на ВЕБ, Владимир Дмитриев, и генералниот директор на друштвото за управување „Лидер“м Анатолиј Гавриленко.
За одржување на референдумот беа санкционирани уште 33 лица, меѓу кои шефот на владата на Херсонската област, Сергеј Елисеев, министерот за образование на непризнаената ЛНР, Иван Кусов, шефот на воено-цивилната администрација (МАЦ) на регионот Запорожје, Евгениј Балицки, вицепремиерот на непризнаената ДНР, Евгениј Солнцев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.
Свет
Израел погодил станбена зграда во Либан, најмалку четворица загинати
Најмалку четири лица загинале, а шест се ранети во израелски напад врз четирикатна станбена зграда во источниот либански град Баалбек, јави либанската државна агенција ННА.
Спасувачките екипи работат на извлекување луѓе од под урнатините.
Нападот доаѓа по ескалацијата на борбите долж либанско-израелската граница, откако Хезболах испалил дронови и ракети кон Израел. Од тогаш групата продолжила со ракетни напади, а Израел извршил низа воздушни удари низ Либан и испратил војници на југот.
Хезболах соопштил дека неговите борци испалиле голем број ракети кон израелски сили во близина на градот Метулa, како одговор на израелските напади врз десетици либански градови.
Израелската војска во средата ги предупредила жителите на 16 села во Либан да се евакуираат.
Според либанското министерство за здравство, од почетокот на последната ескалација во израелските напади загинале најмалку 50 луѓе, а 335 се ранети.
Фото: ЕПА

