Свет
Британија трет ден по ред бележи рекордни бројки на заразени
Велика Британија трет ден по ред бележи рекорден број на нови случаи на Ковид-19. Денеска се пријавени 93.045 нови инфекции.
Здравствените власти пријавиле и 111 смртни случаи последните 24 часа, а соопштено е дека во моментот 7.611 пациенти имаат потреба од болничко лекување, од кои 875 се на респиратор, пишува британски „Гардијан“.
Велика Британија вчера пријави 88.376 нови случаи, а претходниот 78.610, што исто така беа рекорди за време на пандемијата и по претходно пријавениот максимум во јануари.
Вкупно досега се регистрирани повеќе од 10.000 случаи на сојот омикрон, а Британија е прва во светот што регистрирала смрт од последиците на инфекцијата со новиот сој на Ковид-19, објави „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

