Свет
Британската влада го замрзна имотот на Роман Абрамович

Роман Абрамович, сопственикот на Челзи, е еден од седумте руски олигарси санкционирани од британската влада. Нивниот имот е замрзнат, како и сите трансакции, објави Би-би-си.
Да потсетиме, на Абрамович претходно му беше забранет влез во Велика Британија, бидејќи е еден од клучните соработници на рускиот претседател Владимир Путин, кој нареди инвазија на Украина.
На третиот ден од почетокот на руската инвазија на Украина, рускиот тајкун реши да го предаде управувањето со Челзи на своите повереници. Покрај Абрамович, санкциониран е и неговиот поранешен деловен партнер Олег Дерипаск.
Санкционирани се и Игор Сечин, извршен директор на Роснефт, Андреј Костин (Андреј), претседател на ВТБ банка, Алексеј Милер, директор на Гаспром, Николај Токарев, претседател на Транснефт и Дмитриј Лебедев, претседател на Управниот одбор на Росија.
Инаку, британската влада досега воведе санкции за повеќе од 200 физички лица.
Chelsea FC owner Roman Abramovich sanctioned by UK https://t.co/cRJTREedQV
— BBC News (UK) (@BBCNews) March 10, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Папата Франциско: Срцето ми е скршено поради трагедијата во Тексас

Папата Франциско изрази сочувство за трагедијата во училиште во Тексас и упати молитви за жртвите и нивните семејства за време на неделната аудиенција.
„Моето срце беше скршено поради пукањето во основно училиште во Тексас“, рече тој.
Папата, исто така, повика на посилна контрола на оружјето и посветеност за „вакви трагедии никогаш повеќе да не се случат“.
Сочувство денеска упатуваат и други европски лидери, вклучително и премиерите на Словачка, Ирска и Финска, пишува Си-ен-ен.
Свет
Обама по масакрот во Тексас: Нашата земја е парализирана поради лобито на производителите на оружје

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави Барак Обама изрази револт поради масакрот во училиштето во Тексас.
Тој на Твитер напиша дека тој и неговата сопруга Мишел се тажни и лути поради тоа што им се случило на жртвите и нивните семејства.
– Речиси 10 години по Сенди Хук и 10 дена по Бафало – нашата земја е парализирана. Не поради страв, туку поради лобито на производителите на оружје и политичките партии кои не покажаа подготвеност да дејствуваат на кој било начин што може да помогне да се спречат овие трагедии.
Да потсетиме, Салвадор Рамос уби 21 лице, меѓу кои 19 деца, пренесуваат медиумите.
Across the country, parents are putting their children to bed, reading stories, singing lullabies—and in the back of their minds, they’re worried about what might happen tomorrow after they drop their kids off at school, or take them to a grocery store or any other public space.
— Barack Obama (@BarackObama) May 25, 2022
Европа
Финска: Регистриран прв случај на мајмунска сипаница

Финска најверојатно го регистрирала првиот случај на мајмунска сипаница, соопшти денеска болницата во Хелсинки.
Светската здравствена организација во вторникот соопшти дека 131 инфекција со вирусот на мајмунска сипаница и 106 други сомнителни пациенти се потврдени откако првиот случај беше откриен надвор од земјите каде што инфекцијата традиционално се шири на 7 мај, пред се во Западна и Централна Африка, објави Ројтерс.
Потврдени се 131 инфекција со вирусот на мајмунска сипаница и 106 други сомнителни пациенти.