Свет
Британската полиција го истражува нападот врз секретарот за правда на Хонг Конг
Полицијата во Велика Британија соопшти дека почнала истрага за наводниот напад врз секретарот за правда на Хонг Конг, Тереза Ченг, во Лондон. Според полицијата, досега немало апсења во врска со инцидентот, пренесува „Спутник“.
„Жената беше донесена во болница од лондонската амбулантска служба и има повреда на раката. Во тек се истраги за да се утврдат целосните околности на инцидентот“, соопшти полицијата.
Ченг, кој пристигна во Велика Британија за да присуствува на настан посветен на промовирање на улогата на Хонг Конг како центар за разрешување спорови и склучување договори, беше цел на демонстранти во четвртокот, кои извикуваа: „Убиец!“ и „Засрами се!“. Пекинг претходно ја обвини Велика Британија за поттикнување немири по инцидентот во кој секретарот за правда на Хонг Конг беше нападнат од маскирани демонстранти во Лондон. Кина остро го осуди инцидентот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран ги затвори училиштата
Сите образовни установи во Иран ќе бидат затворени до крајот на март, а наставата ќе се одвива онлајн, објави новинската агенција Тасним.
Портпаролот на Министерството за образование изјавил дека мерката е воведена како одговор на „воената агресија на ционистичкиот режим со поддршка од САД“.
Одлуката ќе важи до крајот на персиската календарска година, односно до 21 март.
Фото: Depositphotos
Свет
Израелската војска повика на итна евакуација во јужен Бејрут
Израелските одбранбени сили (ИДФ) издадоа обемен налог за евакуација на делови од јужен Бејрут, додека продолжуваат нападите врз цели на Хезболах во Либан.
Во објава на платформата Икс, портпаролот на ИДФ, Авихај Адраеи, наведе дека лицата во зоната за евакуација се наоѓаат во близина на „објекти и интереси поврзани со Хезболах“.
„Поради ваша безбедност и безбедноста на членовите на вашето семејство, мора веднаш да ја евакуирате оваа зграда и соседните објекти и да се оддалечите од нив на најмалку 300 метри“, се наведува во пораката.
Фото: Depositphotos
Свет
Иран: Не планираме да го затвориме Oрмутскиот Теснец
Иран засега не планира да го затвори Oрмутскиот Теснец по нападите на САД и Израел, изјави министерот за надворешни работи Абас Арагчи во интервју за „Ал Џезира“.
„Во оваа фаза не планираме мерки што би ја нарушиле пловидбата“, изјави тој.
По ескалацијата на конфликтот, дел од бродските компании и осигурители го суспендираа транзитот низ теснецот.
Преку Oрмутскиот Теснец дневно минуваат околу 20 милиони барели нафта и значителен дел од глобалните испораки на течен природен гас.
Фото: Depositphotos

