Свет
Британскиот Врховен суд одлучува дали Џонсон го прекршил законот со суспендирањето на Парламентот
Британскиот Врховен суд треба да одлучи дали премиерот Борис Џонсон го прекршил законот кога го суспендирал Парламентот. Џонсон ги распушти пратениците од 9 септември до 14 октомври пред брегзитот, кој е закажан за 31 октомври.
Единаесет врховни судии во следните три дена ќе ги сослушаат обвинувањата дека Џонсон незаконски постапил кога ја советувал кралицата Елизабета Втора да го суспендира Парламентот. Рочиштето се пренесува во живо на интернет-страницата на Врховниот суд.
Адвокатите што ја оспоруваат пророгацијата денеска изјавија дека постојат цврсти докази оти премиерот Џонсон во пратениците видел пречка и со суспензијата на Парламентот сакал да ги замолчи.
Суспензијата иницира правни постапки, на кои нижите судови донесоа контрадикторни пресуди. Високиот суд во Англија пресуди дека суспензијата е политичка, а не правна работа, додека шкотските судии пресудија дека Џонсон постапил незаконски за да избегне демократски надзор.
Врховниот суд ќе расправа за две прашања: дали тоа прашање е за суд и ако е – дали владата го прекршила законот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.
Свет
Израел погодил станбена зграда во Либан, најмалку четворица загинати
Најмалку четири лица загинале, а шест се ранети во израелски напад врз четирикатна станбена зграда во источниот либански град Баалбек, јави либанската државна агенција ННА.
Спасувачките екипи работат на извлекување луѓе од под урнатините.
Нападот доаѓа по ескалацијата на борбите долж либанско-израелската граница, откако Хезболах испалил дронови и ракети кон Израел. Од тогаш групата продолжила со ракетни напади, а Израел извршил низа воздушни удари низ Либан и испратил војници на југот.
Хезболах соопштил дека неговите борци испалиле голем број ракети кон израелски сили во близина на градот Метулa, како одговор на израелските напади врз десетици либански градови.
Израелската војска во средата ги предупредила жителите на 16 села во Либан да се евакуираат.
Според либанското министерство за здравство, од почетокот на последната ескалација во израелските напади загинале најмалку 50 луѓе, а 335 се ранети.
Фото: ЕПА

