Свет
Британски весници: Путин во војна испрати дебел генерал, кој јаде по пет пати на ден и пие литар вотка

Британските таблоиди пишуваат дека дебел пензиониран руски генерал бил испратен на бојното поле во источна Украина, бидејќи на рускиот претседател Владимир Путин му снемало високи офицери за војната.
Како што пишуваат, за пензионираниот генерал Павел, кој е на 67-годишна возраст и со околу 130 килограми, сега наводно е на чело на руските специјални сили кои дејствуваат во источна Украина, откако поранешниот командант на единицата беше тешко повреден во напад.
Павел наводно е ветеран од озлогласената руска војна во Авганистан.
„ Путин сега копа од дното на бурето. Повеќето од неговите најдобри високи команданти се убиени или повредени во борбите во Украина, па тој прибегнува кон испраќање офицери од втор ред на фронтот, кои потоа не издржуваат многу долго таму“, изјави висок разузнавачки извор за „Дејли Стар“.
Тој додава дека Путин сега ги повлекува генералите од пензија и дека Павел е еден од нив.
„ Путин е како мафијашки бос на кој никој не треба да одбие да му се покорува. Ако пензиониран генерал добие порака од Путин дека и е потребен на мајка Русија на бојното поле во Украина, тој не може да направи многу“, рече тој.
Павел бил војник повеќе од 40 години и станал командант на руските специјални сили, но тоа било пред 25 години, кога бил помлад и во форма, тврдат Британците. Се верува дека служел во Сирија непосредно пред да се повлече од активна служба пред пет години.
До неодамна живеел во предградијата на Москва, но се претпоставува дека минатиот месец му било наредено да се врати на активна служба. За него велат дека бил толку дебел што морало да му се направи специјална униформа и дека јадел пет оброци на ден и пие барем литар вотка.
Се верува дека Русија има до 10 генерали во војната во Украина и околу 30 високи офицери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Бик ајкула нападнала 10 годишник на Флорида, морале да му ја ампутираат ногата

На 10-годишно момче му била ампутирана ногата под коленото откако го нападнала џиновска бик-ајкула на брегот на Флорида!
Малиот Џејмсон Ридер нуркал 12 километри од Флорида Кис во саботата кога почувствувал остар убод на ногата. Целото негово семејство го гледало хоророт од чамецот кога го нападнала бик ајкула долга 2,5 метри. Го фатила за ногата и почнала да ја кине.
По кратка борба Џејмсон успеал да се врати во чамецот, но ногата настрадала. За среќа, на чамецот на неговото семејство имало медицинска сестра која веднаш ги презела сите мерки за да не искрвари момчето.
Околу раната била поставена обвивка за да се запре крварењето, а момчето со хеликоптер било пренесено во детската болница „Никлаус“ во Мајами.
A 10-year-old boy was airlifted to a Miami hospital where he had part of his leg amputated after he was attacked by a shark in the Florida Keys over the weekend, family members said. https://t.co/I25js5tO5Y
— NECN (@NECN) August 16, 2022
Неговиот вујко Џошуа Ридер рече:
„Тие беа на брод нуркајќи покрај плиток гребен кога се случи многу трауматичен настан и мојот внук Џејмсон беше нападнат од, како што веруваат, бик ајкула долга 2,5 метри. Тие мораа да му ја ампутираат ногата веднаш под коленото за да му го спасат животот“.
Свет
Салман Ружди во свесна состојба, разговарал со инспекторите за нападот

Писателот Салман Ружди е буден и комуницира со истражителите, но ќе треба да остане хоспитализиран поради сериозни повреди по нападот со нож во петокот во Западен Њујорк, јавува Си-Ен-Ен.
На 75-годишниот Ружди му беше извршена итна операција, откако маж го избоде неколку пати пред неговото закажано предавање во Њујорк.
Познатиот автор бил свесен и можел да одговара на прашања од истражителите. Не е јасно што им рекол Ружди на инспекторите по нападот, кој го потресе книжевниот свет и наиде на осуда од целиот свет.
Осомничениот за нападот е идентификуван како 24-годишниот Хади Матар. Тој скокнал на сцената во Њујорк и се фрлил на писателот, по што го избодел неколку пати. Осомничениот бил задржан од толпата додека полицијата не го приведе.
Писателот се здобил со три убодни рани во пределот на вратот, четири во пределот на стомакот, на десното око и градниот кош, како и рана на десната надколеница.
За време на сослушувањето, Матар се изјасни за невин за нападот врз познатиот писател. Обвинителот сепак оцени дека се работи за кривично дело со „умисла“ со умисла, поради што авторот на „Сатански стихови“ останал во болница со тешки повреди.
Судијата негираше кауција откако окружниот обвинител Џејсон Шмит и кажа дека Хади Матар презел однапред смислени чекори за намерно да му наштети на Ружди со тоа што однапред обезбедил пропусница за настан на кој познатиот автор зборувал и пристигнувал во Њујорк еден ден порано со лажна лична карта.
По нападот Ружди итно бил пренесен во болница, а извесно време бил приклучен на вентилатор бидејќи животот му бил во опасност. Лекарите сметаат дека е доволно стабилен за да биде изваден од вентилаторот, но се соочува со долг процес на закрепнување.
„Салман најверојатно ќе го изгуби едното око, нервите во раката му се отсечени, а црниот дроб му е пробиен и оштетен“, рече неговиот адвокат.
Свет
(Видео) Поради заразено шестгодишно дете Кинезите ја затворија „Икеа“ сосе купувачите

Хаос избувна во продавница на Икеа во Шангај во саботата, откако клиентите почнаа да бегаат од властите кои се обидоа да ги стават во карантин.
Здравствените власти се обиделе да ја затворат продавницата откако клиент бил во близок контакт со лице кое било позитивно тестирано за ковид.
На видеата се гледа како обезбедувањето во еден момент се обидува да ја затвори вратата, но толпата од другата страна насилно ја отвора и бега.
Yesterday, an abnormal health code case was presented at an IKEA in Shanghai, & the entire mall was suddenly blocked????
Some ppl forced their way out for fear of being sent to concentration camps, but there is actually nowhere to escape under #AmazingChina’s digital surveillance pic.twitter.com/MWpbTOJ3kz
— Donna Wong???????? (@DonnaWongHK) August 14, 2022
Претходно оваа година Шангај беше во двомесечна блокада, а оттогаш, во градот со 20 милиони луѓе, поради строгата стратегија „нулта случаи на ковид“, наредено е итно заклучување на места каде што има позитивни случаи. Затоа, многумина беа заклучени на необични локации, вклучувајќи ресторани, спортски сали или канцеларии.
Ненадејното затворање на продавницата на Икеа беше наредено поради близок контакт на шестгодишно момче кое беше позитивно тестирано по враќањето од патување во Тибет, изјави заменик-директорот на здравствената комисија во Шангај, Жао Дандан.
Оние кои беа во Икеа и околните области мора да бидат изолирани два дена, по што ќе бидат следени пет дена, објасни Жао.
До недела беа откриени речиси 400 блиски контакти на шестгодишното момче, кое е асимптоматично, а на дури 80.000 луѓе им беше наредено да одат на тестирање.
Кина се придржува до својот пристап за „нула случаи на ковид“ за да се спречи ширењето на коронавирусот, и покрај фактот што таквиот пристап има големо влијание врз економијата, а јавноста се повеќе се противи на тоа, пишува Би-би-си.
Сцените на паника во Икеа следеа по објавувањето на видеото минатата недела на кое се прикажуваат луѓе во друг дел на Шангај како излегуваат од зградата поради шпекулациите за абнормален резултат од тестот за ковид.
Заклучувањето ширум Шангај претходно оваа година доведе до широко распространети извештаи за недостиг на храна и лоши услови за живеење во карантинските центри.