Контакт

Европа

Британците плаќаат глоба ако задоцнат по детето во градинка или училиште

Објавено пред

Родителите во Велика Британија минатата година платиле 151 милион фунти само од казни за доцно земање на децата од градинка или училиште, пишува „Нетмамс“.

Повеќе од 259 илјади родители платиле повеќе од сто фунти во текот на тој период, а еден од 20 задоцнил барем 26 пати.

Мама Рокси Тејлор изјави за „Сан“ дека била казнета со глоба од 10 фунти затоа што доцнела десет минути додека да ја земе ќерка си Савана.

Казните се разликуваат и секоја институција има своја тарифа. Некои наплатуваат една фунта за минута задоцнување, некои имаат заокружени цени, а некои ништо, но постојат и институции што ќе ги избркаат децата ако родителите често доцнат да ги земат.

Лиз Бајрам од британското Здружение на професионалците, кое се грижи за децата, вели дека со овие средства се покрива исплатата на прекувремени работни часови на вработените.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Ричард Гир: Салвини е мал Трамп кој користи омраза и незнаење

Објавено пред

Италијанскиот министер за внатрешни работи и лидер на десницата, Матео Салвини е мал Трамп кој ги искористува стравовите на луѓето за да освои гласови, изјави американскиот актер Ричард Гир, кој е ангажиран по прашањето за мигрантите во Медитеранот.

Гир (69) неодамна се судри со Салвини во врска со бродот на хуманитарната организација Open arms „Отворени раце“. Италија забрани бродот, во кој има над 100 мигранти, да се закотви во нејзино пристаниште.

Салвини тврдеше дека организацијата лаже за состојбата на мигрантите и дека медицинскиот преглед од италијанските власти покажал оти ситуацијата на бродот не е алармантна.

„Вашиот министер за внатрешни работи го има истиот менталитет како претседателот Трамп. Всушност, јас го нарекувам ‘мал Трамп’. Тој го користи истото радикално незнаење, искористувајќи ги стравот и омразата“, изјави Гир за италијанскот дневен весник „Кориере дела Сера“.

Холивудскиот актер го посети хуманитарниот брод пред две недели им донесе храна на мигрантите и им даде утеха дека ситуацијата добро ќе заврши.

Потоа Салвини го повика да ги однесе мигрантите во Холивуд и да ги прими во неговите вили.

„Ако вашиот министер помине неколку часа со овие луѓе, слушајќи ги нивните приказни и семејни трауми, тој би го сменил ставот“, рече актерот.

Тој додаде дека би сакал да се сретне со Салвини затоа што е сигурен дека министерот не е таков како што се прикажува во јавност.

Во меѓувреме, Салвини потклекна под политичкиот притисок и порача дека ќе им дозволи на малолетните мигранти да се симнат од бродот во кој се наоѓаат две недели.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Скандал во Велика Британија, принцот Ендрју ја посетувал вилата на Џефри Епштајн

Објавено пред

Кратката матна снимка на војводата од Јорк, на која се гледа млада жена како мавта од вилата на милијардерот Џефри Епштајн во Њујорк, предизвика внимание во јавноста, а Бакингамската палата ќе мора некако да ја исправи штетата.

Вториот син на кралицата Елизабета Втора и принцот Филип, се појави на снимка што ја објави „Мејл“ во неделата. Снимката го прикажува принцот Ендрју како мавта на црнокоса жена на прагот од вилата на Епштајн во Њујорк.

Епштајн беше обвинет за подведување малолетнички, а неодамна изврши самоубиство во затвор.

Прикажи повеќе...

Европа

Расте бројот на самоубиства меѓу француските полицајци

Објавено пред

Тројца членови на единицата за интервенции, еден постар офицер и наставник во Полициската академија, се меѓу осумте француски полицајци што неодамна извршиле самоубиство, со што бројот на вакви случаи во земјата годинава се искачи на 64.

Бројот на самоубиства меѓу француските полицајци сега е поголем од бројот на оние што загинале на должност, пренесе агенцијата АП.

И на заштитниците им е потребна заштита, велат полициските синдикати, кои бараат поголема помош во стопирањето на овој негативен тренд, најлош во последните 30 години.

Оние што избрале да посегнат по својот живот доаѓаат од сите делови на Франција и се на различна возраст.

Собраниското испитување објавено во јули покажува дека најчести причини за самоубиствата наводно биле стресот и очајот меѓу припадниците на француската полиција, меѓу другото, предизвикани и од прекувремената работа по серијата терористички напади од 2015 година, а честопати и од насилните антивладини протести од ноември минатата година.

Во извештајот се наведува дека бројот на полициските самоубиства е дури 36 проценти повисок од оној што се бележи кај целокупното француското население.

Самоубиствaта кај полицајците се проблем во многу земји, но во Франција бројот е исклучително голем.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија22 минути

За изземање на Фетаи и Бубевски од „Титаник 3“ ќе одлучува Јанева

Судијката Марија Клетничка даде нова пауза до 14 часот, во која, шефицата на СЈО, во оставка, Катица Јанева треба да...

Топ2 часа

Возач загина во сообраќајна несреќа кај Свети Николе

Четириесет и петгодишен возач од Куманово загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово – Свети Николе. Како што соопшти полицијата,...

Македонија2 часа

15-годишник се удави во Пчиња

Петнаесетгодишник од селото Љубодраг влегол во вода од ископ на сепарација на реката Пчиња и починал. Како што соопшти МВР, телото...

Свет2 часа

ОН: Во светот во моментот има дури 70 милиони бегалци, што е рекорд по Втората светска војна

Бројот на бегалци во светот достигна рекорден број од 70 милиони, што е најмногу од Втората светска војна, соопштија ОН....

Македонија2 часа

Фетаи: Постапката за „Рекет“ ја води друго обвинителство и не сакам да се мешам

Обвинителката Фатиме Фетаи пред почетокот на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ рече дека не сака да се меша во...

Европа3 часа

Три децении од падот на Железната завеса

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и германската канцеларка Ангела Меркел денеска во пограничното место Шопрон ќе ја одбележат 30-годишнината од падот...

Свет4 часа

Трамп за купувањето на Гренланд: Не е приоритет, но стратешки е интересно

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја коментираше идејата за купување на Гренланд од Данска, наведувајќи дека тое не е приоритет,...

Македонија15 часа

(Видео) Пожар над Усје

Нов пожар над скопската населба Усје избувна вечерва, откако пожарникарите со часови се обидуваат да го локализираат огнот над населбата...

Свет16 часа

Голем пожар на Канарските острови, евакуирани над 4.000 лица

Околу 4.000 лица се евакуирани поради пожар што избувна по втор пат за една недела и уништи рурална област на...

Свет16 часа

Жителите на Нов Зеланд доброволно предале над 10 илјади парчиња оружје на полицијата

Повеќе од 10,000 парчиња огнено оружје се предадени доброволно на властите во Нов Зеланд, како дел од акцијата што беше...

Македонија17 часа

Димитров: ,,Рекет” е раскрсница – едниот пат води кон иднина, другиот кон бездна

Дискредитацијата на СЈО преку аферата ,,Рекет” е со цел да и се избега на правдата, смета министерот за надворешни работи...

Свет17 часа

1,7 милиони луѓе на протест во Хонгконг

Најмалку 1,7 милиони граѓани излегоа на улиците во Хонгконг, на уште еден од низата масовни продемократски протести, соопштија организаторите на...

Спорт19 часа

Ландстрам со гол во сите четири англиски лиги – Шефилд јунајтед со победа (видео)

Шефилд јунајтед имаат одличен старт на својата прва премиерлигашка сезона по долга пауза, откако со 1:0 ги победија Кристал палас...

Македонија23 часа

Изгаснат пожарот над скопското село Буковиќ

Шумскиот пожар кој вчера наутро избувна на планината над скопското село Буковиќ е изгаснат и целосно ставен под контрола, информираат...

Регион23 часа

(Видео) Пациент со држач за инфузија уби четири лица во психијатриска болница во Романија

Еден пациент во психијатриска болница во романската општина Сапока, со држач за инфузија убил четворица други пациенти. Тој ги нападнал...

Свет1 ден

Протести во САД: Ако не се смени законот за оружје, треба да се смени Конгресот

Низ САД се одржуваат протести на кои се бара од Конгресот да ги заостри законите за контрола на оружјето, по...

Свет1 ден

„Сандеј Тајмс“ објави таен владин документ за ризиците од брегзит без договор

Ако нема договор за брегзит со ЕУ, Велика Британија ќе се соочи со недостиг од гориво, храна и лекови, објави...

Свет1 ден

Работници во Пенсилванија добиле понуда или да присустуваат на митинг на Трамп или да не земат плата

На вработени во нафтено-хемиски комплекс во Пенсилванија им било кажано дека ако не присуствуваат на говор на американскиот претседател Доналд...

Свет1 ден

Во бомбашки напад на свадба во Кабул убиени над 60 луѓе, меѓу нив и деца

Најмалку 63 луѓе се убиени а над 180 се ранети во бомбашки напад на свадбена веселба во Кабул, пренесуваат светските...

Свет2 дена

Ново убиство на метро станица во Германија, маж и жена избодени до смрт

Маж и жена се избодени до смрт на преполна метро станица во германскиот град Изерлон, соопшти полицијата, наведувајќи дека се...

Досие