Свет
Британците упатија предупредување до своите граѓани во Либан: „Бидете внимателни“
Некои од вработените и членовите на нивните семејства се привремено повлечени од британската амбасада во Либан поради растечките тензии во регионот предизвикани од ескалацијата на ситуацијата во Газа. Британскиот Форин офис ја наведе сегашната безбедносна ситуација како причина за одлуката, која дојде откога Израел и либанската милитантна група Хезболах разменија оган по должината на границата.
Во советот на веб-страницата на Канцеларијата за надворешни работи се вели: „ФЦДО советува да не се патува во Либан поради ризиците поврзани со конфликтот меѓу Израел и окупираните палестински територии“. Минофрлачки и артилериски оган и воздушни напади се во тек во јужен Либан, на границата со Израел. Тензиите се високи и настаните би можеле да ескалираат без предупредување“, се вели во извештајот.
„Постои и ризик од граѓански немири. Имаше големи протести пред амбасадите, вклучително и пред амбасадите на САД и Франција на 17 октомври, се наведува во препораката.
„Поради безбедносната ситуација, дел од персоналот на британската амбасада и сите членови на семејството на персоналот се привремено повлечени. Амбасадата продолжува со суштинската работа вклучувајќи (обезбедување) услуги за британските граѓани“, се додава.
Четворица цивили се убиени во израелски воздушен напад во јужен Либан во неделата вечерта, меѓу кои и три деца, соопшти локален претставник на цивилната одбрана и државните медиуми. Израелската војска соопшти дека го нападнала Хезболах поради противтенковски оган, во кој загина еден израелски државјанин. Хезболах тврди дека за возврат лансирал проектили кон Израел од јужен Либан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бебе застрелано од мало дете кое во паркиран автомобил посегнало по наполнет пиштол во САД
Бебе било застрелано и убиено од мало дете кое додека биле во паркиран автомобил посегнал0 по наполнет пиштол и го повлекло чкрапалото, соопшти полицијата.
Пукањето се случило на паркинг во близина на медицински центар во Сан Антонио, Тексас.
Во возилото имало три деца и една жена, изјави началникот на полицијата на Сан Антонио, Вилијам Мекманус.
„Деца на возраст од 3, 2 години и 10 или 11 месеци биле во задниот дел на возилото“, рече тој.
Едно од постарите деца се фатило за наполнет долг пиштол што бил во задниот дел на возилото и „случајно го повлекол чкрапалото“, пукајќи во најмалото дете, рече началникот.
„Ова што го имаме денес овде е ужасна, страшна трагедија“, рече Мекманус на брифинг со новинарите.
Свет
Бразилскиот претседател Лула е стабилен по повредата на главата
Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва се чувствува добро денеска откако се здоби со повреда на главата во неговиот дом во текот на викендот, кога доживеа мало крварење на мозокот, изјави бразилскиот министер за институционални односи Александре Падиља.
Според лекарите Роберто Калил и Ана Хелена Гермољо, нов контролен преглед ќе биде извршен за 72 часа, пренесува Ројтерс.
Лекарите исто така потврдија дека бразилскиот претседател може да ја продолжи својата нормална работна рутина.
Свет
Ердоган: Турција сака да ја подобри соработката со БРИКС
Турција сака да ја подобри соработката со БРИКС и очекува дека претстојниот самит во Казан ќе даде поттик на овој потфат, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Искрено сакаме да ја продлабочиме нашата соработка со БРИКС. Верувам дека самитот во Казан значително ќе придонесе за овие напори“, рече Ердоган во Анкара.
Според турската телевизија ТРТ Хабер, Ердоган потврдил дека „на покана на рускиот претседател Владимир Путин утре ќе го посети Казан за да учествува на проширената средба на лидерите на БРИКС“.