Регион
Брнабиќ по третпат во Берлин, Меркел бара алтернатива за Вучиќ
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ е во посета на Берлин по трет пат за помалку од една година, но ова е прва официјална посета. Некои аналитичари проценуваат дека германската канцеларка Ангела Меркел затоа што Александар Вучиќ не го сработи својот дел од договорот, бара алтернатива во Ана Брнабиќ, пишува денес Дојче веле.
Иако премиерката на Србија е чест посетител на Берлин, а со германската канцеларка се гледа доволно и на меѓународни конференции, вчерашната посета на Берлин е нејзина прва официјална посета на германската метропола повеќе од две години по нејзиното доаѓање на чело на српската влада.Некои аналитичари проценуваат дека тајната на оваа „доцна посета“ лежи во односот на канцеларката со претседателот на Србија.
Долгогодишниот дописник за германската новинска агенција ДПА во Белград, авторот и публицист Томас Бреј, во пресрет на средбата во Берлин изрази мислење дека Меркел во премиерката Брнабиќ бара алтернатива за дијалог со Вучиќ.
„Вучиќ не го изврши својот дел од премолчениот договор меѓу Белград и Западот и не ги доведе српско-косовските односи на посакуваното ниво – додека, пак, Западот повеќе или помалку молчи за катастрофалната состојба во судството и медиумите во Србија. Затоа што Вучиќ не го изврши својот дел од договорот, Меркел сега бара алтернатива во директен дијалог со премиерката Брнабиќ“, рече Бреј.
Во исто време, тој верува дека ова ја покажува уште еднаш неинформираноста на германска дипломатија на Балканот. „Очигледно во Берлин, тие сè уште не сфатија целосно дека во Белград жиците ги влече Вучиќ и дека без него нема одлучување“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Кипар го подигна нивото на тревога, училиштата се затворени
Кипар го подигна нивото на тревога по нападот со беспилотни летала врз британската воена база РАФ Акротири на островот. Властите ги затворија училиштата и спроведоа евакуации каде што е потребно, бидејќи земјата е вовлечена во ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.
Во утринското обраќање до нацијата, кипарскиот претседател Никос Христодулидес рече дека безбедноста на земјата е најголема грижа на неговата влада.
„Се наоѓаме во регион со исклучителна геополитичка нестабилност, со бројни предизвици и проблеми, кој во моментов поминува низ невидена криза. Правиме сè што е потребно, а безбедноста на нашата земја и граѓаните е наш врвен приоритет“, рече тој.
Тој нагласи дека Кипар, членката на ЕУ најблиску до Блискиот Исток и популарна туристичка дестинација, инсистира дека нема да се вклучи во никакви воени операции.
„Остануваме посветени на хуманитарната улога што ја имавме цело време – секогаш како дел од решението, а не како проблемот – и ќе продолжиме да дејствуваме со истото чувство на одговорност“, додаде Христодулидес.
Осврнувајќи се на нападот што се случи синоќа, ретседателот рече дека „дрон Шахед погодил воени објекти во британската база во Акротири и предизвикал мала материјална штета“.
Грчките медиуми објавија дека бил неутрализиран и втор борбен авион, кој Иран исто така го насочил кон британската база, оддалечена околу 960 километри.
фото/ЕПА
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.

