Контакт

Европа

Бројот на заболени од ковид во Англија зголемен за 76,5 проценти за една недела

Објавено пред

Приближно едно од 640 лица во приватни домаќинства во Англија имало Ковид-19 во неделата до 29 мај, што е многу повисоко во однос на едно од 1.120-те лица во претходната недела, според Заводот за статистика на Обединетото Кралство (ОНС).

Ова е највисоко неделно зголемување од 1 април 2021 година и претставува пораст од 76,5 проценти, пишува „Скај њуз“.

Велс, исто така, покажува знаци на зголемување на процентот на позитивни на Ковид-19, и приближно еден од 1.050 луѓе бил заразен со коронавирус во неделата до 29 мај, што е повеќе од еден на 3.850 луѓе во претходната недела.

Во Северна Ирска и Шкотска, овој тренд е засега неизвесен, каде што бројот на заразени во недела до 29 мај е во голема мера ист како и претходната недела.

Европа

(Видео) Обид за филмски грабеж во Модена: запалени возила и расфрлани клинци по патот

Објавено пред

Синоќа во Модена се случил неуспешен обид за напад на блиндирано возило за да се ограбат парите и скапоцените предмети што ги превезувало, пренесува италијанската агенција „Анса“.

Разбојниците, како на филм, најпрво го блокирале автопатот на јужниот излез од Модена, истуриле клинци на патот за да го оневозможат сообраќајот, запреле и под закана со оружје одзеле две возила кои ги запалиле, а потоа запреле и два камиона и ги принудиле возачите да ги постават дијагонално, како барикада на патот.

И покрај ваквите подготовки, нападот и грабежот не успеале, а како што соопшти полицијата, за среќа нема жртви или повредени, иако очевидци велат дека слушнале експлозии и пукотници.

Чадот и пламенот од запалените возила биле видливи и километри подалеку од местото на инцидентот. Отпрвин постоел страв од посериозни последици, па во акцијата на полициските сили учествувал и медицински хеликоптер.

Разбојниците побегнале и по нив се трага.

Поради обидот за грабеж на автопатот меѓу Болоња и Модена, кој е важен сообраќаен центар, превозот бил блокиран неколку часа, а Италија била поделена на два дела. Утрово, како што пренесува агенцијата, сообраќајот на овој дел од автопатот се одвива нормално во двата правци.

Прикажи повеќе...

Европа

Шкотска студија: Делта-варијантата на коронавирусот двојно го зголемува ризикот од хоспитализации

Објавено пред

Индискиот сој на коронавирус или т.н делта-варијанта најнапред откриена во Индија двојно го зголемува ризикот од хоспитализација во споредба со претходно доминантниот вид во Велика Британија. Сепак, две дози од вакцината обезбедуваат силна заштита, покажа шкотска студија.

Првите докази сугерираат дека заштитата со вакцините од делта-варијантата на коронавирусот може да биде помала од нивната ефикасност против алфа-варијантата, која првпат беше откриена во Велика Британија.

Британскиот премиер Борис Џонсон вчера го одложи планот за укинување на блокадата за еден месец предупредувајќи дека ако не се стори ништо, бројот на хоспитализирани лица може да ги достигне бројките од врвот на првиот бран на пандемијата поради индискиот вид коронавирус.

Според планот што го објави Џонсон во февруари, повеќето епидемиолошки ограничувања требаше да бидат укинати на 21 јуни, а дотогаш пабовите, рестораните, ноќните клубови и другите угостителски објекти требаше да бидат целосно отворени.

Таа долгоочекувана одлука е одложена за 19 јули.

Шкотската студија проучувала 19.543 случаи и 377 хоспитализации меѓу 5,4 милиони луѓе во Шкотска, од кои делта-варијантата е пронајдена во 7.723 случаи и 134 хоспитализации.

Крис Робертсон, професор по епидемиологија на Универзитетот во Стратклајд, рече дека делта-варијантата, кога ќе се земат предвид возраста и истовремените болести, двојно го зголемува ризикот од хоспитализација, но дека вакцините го намалуваат тој ризик за речиси 70 проценти.

Експертите велат дека две дози вакцина обезбедуваат многу подобра заштита од делта-варијантата отколку само една доза вакцина и дека одложувањето од заклучувањето ќе им помогне на повеќе луѓе да добијат втора доза и да создадат имунолошки одговор.

Прикажи повеќе...

Европа

ЕУ го надмина прагот од 300 милиони вакцинирани граѓани

Објавено пред

Европската Унија го надмина прагот од 300 милиони луѓе вакцинирани против Ковид-19, соопшти денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен.

„Надминавме 300 милиони вакцинации во ЕУ“, напиша Фон дер Лаен на својот профил на „Твитер“.

„Секојдневно се приближуваме до нашата цел: следниот месец да испорачаме доволно дози за вакцинирање 70 % од возрасните во ЕУ“, додаде претседателката на Комисијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Израел ги укина маските во затворено

Министерството за здравство на Израел објави дека од денеска веќе не важи обврската за носење заштитни маски во затворен простор....

Македонија2 часа

Владата ќе одлучува за укинување на полицискиот час

На седница што ќе почне денеска во 13 часот, според соопштение од владините служби, на дневен ред пред министрите за...

Свет2 часа

СЗО: Опаѓа бројот на новозаразени од коронавирус во последните седум недели

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, рече дека има пад на новозаразени од коронавирус во последните...

Свет2 часа

Бајден вети дека ќе му ја каже црвената линија на Путин

Американскиот претседател, Џозеф Бајден, вчера во Брисел вети дека ќе му каже на својот руски колега Владимир Путин каде е...

Свет3 часа

Кина возврати на обвинувањата на НАТО: Кажувате невистини, ние сме мирољубиви

Кинеската мисија во Европската унија денеска ја осуди проценката на НАТО од вчерашниот самит дека Кина претставува „системски предизвик“. Водачите...

Македонија17 часа

Заев од НАТО Самитот 2021: Трансатлантското семејство е силно како никогаш порано

Премиерот Зоран Заев, заедно со лидерите на земјите членки на НАТО, учествуваше во централниот работен дел на годинешниот Самит на...

Свет18 часа

Бајден: Напад врз една членка на НАТО е напад врз секого

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Брисел рече дека колективната одбрана на НАТО, принципот дека нападот врз една членка се...

Свет20 часа

Земјите од НАТО заеднички ќе се бранат и од напади во вселената

Проширувањето на членот 5 од договорот за основање на НАТО, кој денеска ќе биде продолжен, им овозможува на членките на...

Македонија21 час

Четири нови случаи на Ковид-19, починал 66-годишен скопјанец

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.337 тестирања, а регистрирани се четири нови случаи на...

Европа21 час

Во Германија најнизок број на новозаразени во последните 9 месеци

Во Германија е регистриран најмал број на новозаразени од коронавирус на дневно ниво во последните девет месеци, па официјалните лица...

Економија22 часа

Од полноќ се зголемуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,15%...

Македонија23 часа

Груби и Мерко за рушењето на платформите во Струга: Зелената агенда е веќе во акција

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, заедно со министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, и...

Регион24 часа

Хрватска ги промовира ковид-автобусите

Министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош, и директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Цапак, промовираа вакцинација со...

Македонија24 часа

Бројот на ковид-пациенти во македонските болници падна под 100

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во...

Македонија1 ден

Кризниот штаб предлага да се укине полицискиот час, на свадба да може да има повеќе од 100 гости

Кризниот штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести, меѓу кои е и укинување на полицискиот час од среда,...

Свет1 ден

Кавалери од ЕМА реагира дека погрешно е цитиран: „Вакцината на ‘Астра зенека’ е добра за сите возрасти“

Марко Кавалери, шеф на работната група за коронавирус во Европската агенција за лекови, рече дека вакцината на „Астра зенека“ има...

Македонија1 ден

Македонија првпат на самит на НАТО како полноправна членка

Во Брисел денеска се одржува самит на НАТО на кој Македонија ќе го има своето прво учество како полноправна членка...

Спорт2 дена

Ангеловски: Нема разочарување, имаме уште два натпревари!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски по натпреварот со Австрија изјави дека репрезентацијата не успеала да се соземе...

Спорт2 дена

Пандев: За нас ова е големо искуство, жал ми е за навивачите

Фудбалската репрезентација на Македонија безмалку 80 минути имаше нерешен резултат во дуелот со Австрија, но во последните минути Австријците со...

Спорт2 дена

Македонија со пораз од Австрија на стартот на ЕП

Замените на австрискиот селектор Фода – Грегорич и Арнаутовиќ беа кобни за македонскиот национален тим во првиот меч на едно...

Досие