Европа
Вакцината на „Астра зенека“ доведена во прашање поради грешка при тестирањето

Компанијата „Астра зенека“ и Универзитетот „Оксфорд“ признаа дека настанала грешка при тестирањето на вакцината против коронавирусот, што иницира многу прашања во врска со прелиминарните резултати што ги објавиле.
Соопштението беше објавено вчера, само неколку дена откако компанијата и Универзитетот објавија дека нивната вакцина е многу ефикасна не спомнувајќи зошто некои од учесниците во испитувањето не ја примиле целата доза за време на првата од двете вакцинации, пишува списанието „Тајм“.
Всушност, подоцна се покажало дека групата што примила помало количество вакцина е подобро заштитена од волонтерите што примиле две цели дози.
Во групата со ниски дози, според „Астра зенека“, вакцината се чини дека е ефикасна во 90 проценти од случаите, а кај групата што примила две полни дози била забележана ефикасност од 62 процента. Комбинирајќи ги двете групи, компанијата соопшти дека вакцината дејствувала во 70 проценти од случаите. Сепак, начинот на добивање на резултатите натерал многу експерти да ги преиспитаат своите методи.
Во изјавата од „Оксфорд“ вчера се вели дека некои шишиња користени во студијата немале соодветна концентрација на вакцината, па затоа некои волонтери добиле половина од дозата. Универзитетот рече дека разговарал за ова прашање со регулаторите и се согласил тестот во доцната фаза да заврши со две групи. Според нив, проблемот поврзан со производството е исправен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Евакуирана фабрика која произведува вакцини за „Астра Зенека“, се сомневаат на бомба

Полициските единици за отстранување бомби се испратени во фабрика во Велс, која произведува вакцини против коронавирус за „Астра Зенека“, пренесуваат светските медиуми.
Според британските медиуми, во фабриката пристигнал сомнителен пакет.
„Примен е сомнителен пакет, по што ги известивме надлежните органи. По нивен совет, дел од објектот беше евакуиран. Истрагата е во тек“, изјавија од фабриката.
Засега нема информации за можни жртви.
Road closed off and factory sealed off. pic.twitter.com/3hSnnUgS0s
— ian hunter (@ian_hunter9) January 27, 2021
Џон Роберт, сопственик на компанија лоцирана во близина на фабриката, тврди дека слушнал силен тресок околу 11:35 часот по локално време.
„Тројцата разговаравме кога слушнавме силна експлозија или тресок. Излегов надвор, не можев да видам ништо. Погледнав на друга страна и видов двајца мажи на покривот. По тоа, полицијата дојде и ги блокираше патиштата и ги претресе грмушките“, вели Роберт.
Неговиот син Марк рече дека полицијата ги затворила патиштата и дека слушнале дека таму има тим за отстранување бомби.
„Тие се тука околу еден час или нешто повеќе“, рече Марк.
Major Incident at Wockhardt, Wxm Ind Est, road closed @wrexham pic.twitter.com/cRfDYFX4wV
— Pauline Salisbury (@PaulSalisbury15) January 27, 2021
Би-би-си наведува дека полицијата поставила кордон во близина на фабриката и патиштата биле затворени, а органите за спроведување на законот апелирале до граѓаните да ја избегнуваат таа локација.
Европа
Германски гувернер ја навреди Меркел, па се извини поради изјавата

Гувернерот на германската сојузна држава Тирингија, Бодо Рамелов, се извини затоа што германската канцеларка ја нарекол „малата Меркел“ за време на неодамнешниот видеоразговор и ненамерно покажал „мачо“ однесување.
Во денешниот број, дневниот весник „Ди цајт“ наведува дека Рамелов рекол дека деминутивот требало да го користи за политичари.
„Наместо тоа, јас зборував за жена. Тоа беше глупаво и звучеше навредливо“, рече Рамелов и истакна дека тој лично и се извинил на канцеларката, пренесува АП.
Покрај тоа, локалните медиуми посочија дека Рамелов за време на состанокот играл игра „кенди краш“ на телефон.
„Многу луѓе играат шах или судоку, јас играм ’кенди краш’“, рече тој.
Европа
(Видео) Серија земјотреси ја погодија Шпанија во текот на ноќта

Серија земјотреси ја тресеа шпанската провинција Гранада во текот на ноќта, а најсилниот од нив беше 4,3 степени.
Првите два земјотреса се почувствувани во 21:36 часот во Санта Фе и Каучина кај Гранада и биле со јачина од 4,3 и 4,1 степени, објави Националниот географски институт.
До 22:18 часот беа почувствувани осум послаби земјотреси со јачина од околу 2,9 степени, пренесува шпански „Ел паис“.
Сликите објавени на социјалните мрежи покажуваат дека жителите излегле на улица во пижами, иако е во сила полицискиот час поради пандемијата на коронавирус.
Around a dozen earthquakes with magnitudes of 2.9 to 4.3 shook Spain’s Granada province Tuesday night. Many families fled their homes despite the coronavirus curfew and sought shelter outdoors. Since December, the area has been hit by more than 280 tremors https://t.co/qpGAGCRwNz
— El País English Edition (@elpaisinenglish) January 27, 2021
Од декември тој дел на Шпанија го потресоа 170 земјотреси и како што рече градоначалникот на Гранада, Луис Салвадор, подобро е да има неколку земјотреси од четири степени, отколку еден од осум.
„Ни беше кажано дека ваквите земјотреси стануваат послаби и спречуваат поголеми“, рече тој.
Експертите сметаат дека најновите сеизмички активности се резултат на приближувањето на евроазиските и африканските плочи за четири до пет милиметри.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот