Свет
Вархељ: Интеграцијата на Западен Балкан е меѓу главните приоритети на ЕУ

Европскиот комесар за проширување, Оливер Вархељ, денеска изјави дека главен приоритет на таа канцеларија е интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија и дека е неопходно враќање на суштинските принципи на проширувањето на ЕУ.
Говорејќи на конференцијата во Трст со наслов „Италија и Западен Балкан: раст и интеграција“, Вархељ нагласи дека Трст не е само „портата кон Западен Балкан, туку и портата кон Централна Европа, што само покажува колку можеме да направиме заедно“.
Тој оцени дека „потребно е повеќе Трст на Балканот“ и поголемо присуство на Италија бидејќи во пресрет на рускиот напад врз Украина, интеграцијата на Западен Балкан е меѓу трите најважни приоритети на ЕУ, а тој рече: „не само ЕУ како институција, туку и на сите нејзини водачи“, пренесе „Танјуг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Мостот кај Мелитопол што го погодија Украинците бил особено важен

Советникот на украинското Министерство за внатрешни работи, Антон Герашченко, објави дека украинските сили го погодиле железничкиот мост кај Мелитопол.
„Мостот беше важен и го поврзуваше Мелитопол со првите борбени линии во Запорожје“, напиша тој.
Ukrainian Army hit a railway bridge near occupied Melitopol today with HIMARS. The bridge was important for connecting Melitopol with the frontlines in Zaporizhzhia region.
The destruction is significant, Russian soldier admits. pic.twitter.com/tBuDmKuM4e
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) January 29, 2023
„Штетата е значителна, дури и рускиот војник го признава тоа“, рече тој.
Претходно проруските власти објавија дека во овој напад загинале неколку лица.
Свет
Шолц: Украина нема да биде снабдена со борбените авиони што ги бара

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека Украина нема да биде снабдена со борбените авиони што ги бара и предупреди дека не смее да дојде до војна во трката за вооружување.
Во интервју за германскиот весник „Тагешпигел“, Шолц изјави дека во наредниот период ќе се фокусира на испорака на тенкови „Леопард“ во Украина, пренесе Би-би-си.
„Факт е дека штотуку донесовме одлука за испраќање тенкови, поради што ми изгледа несериозно што во Германија веќе се започнува нова дебата за испраќање оружје во Украина“, рече Шолц.
Во средата, Германија се обврза да и’ испорача 14 тенкови Леопард на Украина, по неколкунеделен притисок од сојузниците, а во исто време, САД, исто така, одлучија да ѝ дадат на Украина тенковите М1 Абрамс.
Два дена подоцна, украинскиот заменик-министер за надворешни работи Андриј Мелник го повика Западот да им обезбеди борбени авиони – американски Ф-16 и Ф-35, Еурофајтер, Торнадо, француски Рафал и шведски Грипен, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски додаде ракети со долг дострел на тој список.
Од Вашингтон беше најавено дека во четврток ќе разговараат за идејата за испорака на авиони многу внимателно со Киев, додека барањето за испорака на ракети не е коментирано, но се знае дека Америка го одбива.
Шолц денеска повтори дека НАТО не е во војна со Русија и порача дека сојузниците „нема да дозволат да дојде до таква ескалација“.
Тој потврди дека редовно разговара со рускиот претседател Владимир Путин и прецизираше дека последен пат се слушнале во декември.
Неопходно е да се разговара, рече Шолц и додаде дека секогаш испраќал јасна порака дека нападот врз Украина е неприфатлив и oти оваа ситуација може да се реши само со повлекување на руската армија.
Свет
Турција би можела да го поддржи влезот на Финска во НАТО, рече Ердоган

Ердоган рече дека Турција може да го прифати членството на Финска во НАТО, пренесува АФП.
За потсетување, Турција ја блокира Шведска по демонстрациите пред турската амбасада претходно овој месец. Во исто време Финска најави дека е можно да се почне да се размислува за влез во НАТО без Шведска.