Свет
Велика Британија ги отвора тениските и голф-терените
Британската влада објави дека тениските и голф-терените ќе бидат отворени во Англија од среда, но не за спортисти и натпревари, туку луѓето на нив ќе може да играат само со членовите на своето семејство.
Спортските сали и базените остануваат затворени, но пливањето од среда ќе биде дозволено во морето и во езерата. Шкотска, Велс и Северна Ирска мораат сами да одлучат дали ќе ги отворат тениските и голф-терените, а нивните влади веќе објавија дека имаат намера да ги задржат строгите мерки уште некое време.
Британскиот премиер, Борис Џонсон, не посочи кога професионалните спортисти би можеле да се вратат на терените, па засега нема ништо од продолжението на фудбалската Премиер лига.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

