Европа
Велика Британија: Наводите на ЕУ за забрана за извоз на вакцини се лажни

Избувна нов спор меѓу Велика Британија и ЕУ откако претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, тврди дека Велика Британија го забранила целиот извоз на вакцини Ковид-19, што владата во Лондон остро го демантираше, пренесува Би-би-си.
„Би-би-си“ наведува дека министерот за надворешни работи на Велика Британија, Доминик Раб, изјавил дека тврдењата на највисокиот функционер на ЕУ се погрешни и дека никогаш немало целосна забрана за извоз на вакцини произведени на нејзино тло.
„Владата на Велика Британија не го блокираше извозот на која било вакцина против Ковид-19 или компоненти на вакцината. Секое укажување на забрана за извоз од Велика Британија или какво било ограничување на вакцините е целосно неточно“, рече Раб, пренесува Би-би-си.
Ова е вторпат од почетокот на годинава Велика Британија и ЕУ да расправаат околу производството и дистрибуцијата на вакцини против коронавирус, а причината за новиот конфликт е изјавата на претседателот на Советот на ЕУ кој рече дека е шокиран што ЕУ беше обвинета за национализам на вакцини, бидејќи таа воспоставила само механизам за контрола на извозот на вакцини произведени на нејзино тло.
„ЕУ никогаш не престана да извезува вакцини, а повеќето дози што овозможија масовна вакцинација во Израел се од Белгија, додека Велика Британија и САД директно забранија извоз на вакцини или компоненти од кои се направени“, рече Мишел.
„Би-би-си“ вели дека лидерите на ЕУ се под притисок поради бавното воведување вакцини против Ковид-19 на континентот, во споредба со Велика Британија, каде што 22,5 милиони луѓе, третина од возрасната популација, ја добија првата доза, па претходно овој месец Италија ја блокираше испораката на 250.000 дози вакцина на Оксфорд-Астразенека во Австралија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Фото) Естонија ја откри патеката на летот на руските авиони вклучени во упадот

Министерството за одбрана на Естонија ја објави патеката на летот на трите руски воени авиони кои го нарушиле естонскиот воздушен простор.
Во соопштението се наведува дека италијански борбени авиони на НАТО ги придружувале руските летала при напуштање на територијата.
„Нарушувањето“ се случило над Финскиот Залив, северно од главниот град Талин, соопшти министерството.
Објаснуваат дека руските авиони од типот МиГ-31 летале „паралелно со државната граница, од исток кон запад“.
Се додава дека тие навлегле помалку од 10 километри во естонскиот воздушен простор.
Европа
Сајбер-напад предизвика проблеми на европските аеродроми

Сајбер-напад насочен кон давател на услуги за системи за пријавување и качување во авион го наруши работењето на неколку европски аеродроми, предизвикувајќи одложувања и откажувања на летови на аеродромите во Брисел и Берлин, соопштија операторите.
Нападот ги оневозможи автоматизираните системи за пријавување и качување во авион, принудувајќи го оперативниот тим на аеродромот да премине на рачни процедури, што значително го забави процесот, се вели во соопштението на аеродромот во Брисел, објави Ројтерс.
Како што е наведено, сајбер-нападот имаше големо влијание врз распоредот на летовите, а патниците беа предупредени да очекуваат одложувања.
Давателот на услуги наведува дека активно работи на решавање на проблемот и враќање на системот во функција.
„Поради технички проблем со давател на систем кој работи низ цела Европа, има подолго време на чекање за пријавување. Работиме на брзо решавање на проблемот“, соопшти аеродромот во Берлин на својата веб-страница.
Аеродром Франкфурт, најголемиот во Германија, не беше засегнат и функционира нормално.
Засега не е познато кој стои зад нападот.
Европа
Остатоци од ракета пронајдени во источна Полска

Наводни делови од ракета, за која се верува дека е употребена за соборување беспилотно летало, можеби се пронајдени во источниот регион Лублин, соопшти полската воена полиција повеќе од една недела откога Полска, со поддршка од авиони на НАТО, собори руски беспилотни летала во својот воздушен простор.
Се очекува разгранокот на воената полиција во Лублин да спроведе форензичко испитување на деловите, соопштија властите на „Икс“.
Минатата недела Полска соопшти дека руски беспилотни летала го нарушиле нејзиниот воздушен простор во текот на ноќта кон средата додека Русија ја напаѓаше Украина.
Русија соопшти дека не ја таргетирала Полска.
фото: принтскрин