Свет
(Видео) Авион беше принуден да слета кога патничка се сетила дека си го заборавила бебето
Авион во Саудиска Арабија беше принуден да направи круг и да слета веднаш по полетувањето за Куала Лумпур кога на една од патничките ѝ текнало дека го заборавила бебето во чекалницата.
Локалните медиуми објавија снимка на која јасно се слуша гласот на пилотот, кој бара дозвола од контролорите на воздушниот сообраќај да се врати на аеродромот во Џеда.
„Нека Бог биде со нас. Можеме ли да се вратиме или што понатаму да правиме? Патникот го заборавил своето бебе во чекалницата“, се слуша гласот на пилотот на снимката.
Кога контролорот побарал од пилотот да го потврди тоа што го кажал, тој му одговорил дека патничка го оставила своето бебе на терминалот и дека одбива да продолжи со патувањето.
Операторот потоа им дал дозвола да се вратат на меѓународниот аеродром „Кралот Абдул Азиз“. „Добро, вратете се на терминалот. Ова е сосема нова ситуација за нас“, рекол контролорот на летот.
Луѓето што патувале од Џеда во Куала Лумпур веднаш објавиле на социјалните мрежи за настанот. Британскиот весник „Сан“ ја пофали реакциата на пилотот, а други жестоко дебатираат за невниманието на мајката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

