Свет
(Видео) Австралиска сенаторка му викаше на Чарлс: Ова не е твоја земја, ти не си мој крал
Кралот Чарлс се соочи со скандирањата „ти не си мој крал“ од жена сенатор веднаш кога го заврши својот говор во австралискиот парламент. Лидија Торп викаше и ја прекина церемонијата во главниот град Канбера околу една минута пред да биде испратена од обезбедувањето.
Кралот само што се оддалечи од говорницата за да ѝ се придружи на кралицата Камила кога Торп почна да вика додека одеше напред од задниот дел на собранието. Откога упати обвинувања за геноцид, таа можеше да се слушне како вика: „Ова не е твоја земја, ти не си мој крал!“
WATCH: The King and Queen look on as Aboriginal Australian senator Lidia Thorpe shouts “You are not my King, you committed genocide against my people. “You destroyed our lands, this is not your land.”
The senator was criticised in 2022 was calling Queen Elizabeth II a coloniser pic.twitter.com/UZdGd3P1S9— Russell Myers (@rjmyers) October 21, 2024
По смирувањето на ситуацијата, кралската двојка ги поздрави граѓаните собрани околу парламентот. Се собраа и помал број демонстранти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Штрајкот во Лувр привремено прекинат
Вработените во Музејот Лувр во Париз гласаа за прекин на штрајкот што започна поради платите и условите за работа, иако нивните барања остануваат, изјавија претставници на синдикатот.
„На општ состанок одржан денес, вработените во Музејот Лувр едногласно одлучија да го прекинат штрајкот за да му се овозможи на музејот да се отвори и да прима посетители“, се вели во соопштението на синдикатот CFDT-Culture.
Музејот беше целосно затворен во понеделникот бидејќи вработените започнаа штрајк, а делумно е повторно отворен од средата. Музејот во вторник и онака не работи.
Синдикатите изјавија дека го осудуваат „недостатокот на конкретни одговори во врска со безбедносниот план на музејот и иднината на институцијата, во клима на влошување на инфраструктурата и влошување на условите за работа“.
Тие, исто така, изразија жалење за „молчењето на директорот на музејот, кој ниту се сретнал со вработените, ниту дал изјава“.
Закажан е нов состанок за 5 јануари за продолжување на започнатиот притисок, доколку не пристигнат очекуваните одговори.
Свет
Данска ја обвини Русија за сајбер-напади врз инфраструктура и веб-страници
Данските власти објавија извештај на воената разузнавачка служба, во кој се наведува дека Русија извршила сајбер-напади врз инфраструктура и веб-страници во таа земја во текот на 2024 и 2025 година, а се откриваат и нови случаи, кои претходно не биле пријавени, објавува денес „Асошиетед прес“.
Според извештајот, Москва е одговорна за деструктивните сајбер-напади врз данската компанија за вода во 2024 година, како и за серија напади врз данските веб-страници пред регионалните и локалните избори минатиот месец.
Данската разузнавачка служба додаде дека овие напади се дел од хибридната војна на Русија против Западот и претставуваат обид за предизвикување нестабилност.
Се вели дека сајбер-нападите на Москва се дел од поширока кампања за заканување и казнување на земјите што ја поддржуваат Украина.
Западните претставници наведуваат дека има сè повеќе инциденти во рамките на саботажната кампања во цела Европа зад која стои Русија.
Според „Асошиетед прес“, документирани се 147 вакви инциденти, вклучувајќи два случаја пријавени од Данска оваа недела.
„Руската држава користи и групи и поединци како инструменти на хибридна војна против Западот, а целта е да предизвика нестабилност и да ги таргетира земјите што ја поддржуваат Украина“, се вели во извештајот на данската разузнавачка служба.
Германските власти го повикаа рускиот амбасадор во Берлин на 12 декември откога Министерството за надворешни работи на земјата ја обвини Москва за саботажа, сајбер-напади и мешање во изборите, потсетува „Асошиетед прес“.
Како што изјави портпаролот на Министерството, Мартин Гизе, меѓу овие напади е и нападот врз германската контрола на воздушниот сообраќај во текот на 2024 година.
Фото: депозитфотос
Регион
Путин првпат зборуваше за НИС: Верувам дека Белград ќе ги исполни своите обврски
Рускиот претседател Владимир Путин повеќе од две децении одржува годишна прес-конференција, на која ги презентира своите политички ставови и анализи на јавноста во Русија и во странство.
За време на конференцијата, новинар од Србија го потсети рускиот претседател дека Нафтената индустрија на Србија (НИС), заедничко вложување меѓу Русија и Србија, ги трпи последиците од западните санкции. Тој го праша Путин како ја коментира оваа ситуација?
„Што се однесува до НИС, притисокот од западните санкции продолжува, а ова е показател за политичка моќ. Москва претпоставува дека Белград ќе ги исполни своите обврски, а двете земји ќе спроведат многубројни други проекти“, рече Путин не сакајќи да се продлабочува на оваа тема.
Претходно денес, рускиот претседател изјави за „Спутник“ дека знае што се случува со компанијата НИС и дека се надева оти ќе се најде заедничко решение.
„Знаеме што се случува со компанијата НИС. Имаме меѓудржавен договор и претпоставуваме дека пријателското српско раководство ќе го земе ова предвид. Имаме идеја за насоката во која сакаме да се движиме заедно. Работиме на тоа и се надевам дека ќе го најдеме потребното решение“, рече рускиот претседател.
Тој исто така рече дека без оглед на надворешната аспирација за подобрување на односите, притисокот со санкции ќе продолжи како начин за покажување сила, пренесува „Раша тудеј“.
„Москва претпоставува дека Белград ќе ги исполни своите обврски и дека Русија и Србија ќе спроведат многубројни други заеднички проекти“, рече тој.
НИС е под санкции на САД од почетокот на октомври поради мнозинската руска сопственост, што значително го комплицира работењето на една од најважните компании за функционирање на целата српска економија.
Рускиот „Газпромнефт“ е мнозински сопственик на НИС, а рускиот претседател рече дека земјата инвестирала повеќе од три милијарди долари во компанијата.
фото/депозитфотос

