Свет
(Видео) Австралиски научници тврдат дека го пронашле изгубениот брод на капетанот Кук

Австралиски научници тврдат дека го пронашле изгубениот брод на капетанот Џејмс Кук.
Кевин Сампшн, извршен директор на Австралискиот национален поморски музеј, изјави пред новинарите дека експертите, конечно, го пронашле овој познат брод по повеќе од две децении пребарување.
„Дефинитивно, можеме да потврдиме дека ова е потонатиот брод ‘Ендевор’. Ова е важен момент. Тоа е веројатно еден од најважните бродови во нашата поморска историја“, рече Сампшн.
„Ендевор“ бил бродот на британскиот истражувач Џејмс Кук, кој пловел по Тихиот Океан помеѓу 1768 и 1771 година. Со него тој открил области во светот што во тоа време беа во голема мера непознати за Европејците, вклучувајќи делови од Австралија и Нов Зеланд, пишува „Скај њуз“.
Но, во 1775 година бродот веќе бил во прилично лоша состојба и бил продаден на приватен сопственик, кој го преименувал во „Лорд Сендвич“. Бил потопен од британските сили во 1778 година во пристаништето Њупорт на Род Ајленд. Научниците ја истражуваа областа во последните 22 години и детаљно проверуваа неколку урнатини на локацијата. Тие го споредија нивниот изглед со скиците на „Ендевор“ и го анализираа потеклото на материјалот.
Сампшн рече дека последните парчиња од сложувалката допрва треба да се средат пред да се добие официјална потврда за пронајдокот, но додаде дека е убеден врз основа на архивски и археолошки докази дека тоа е „Ендевор“.
Американски експерти: Ова е прерана изјава
Но, експертите во САД не се толку оптимисти. Проектот за морска археологија на Род Ајленд (RIMAP) соопшти дека тоа е прерана изјава и прекршување на договорот. Извршниот директор на RIMAP, Кети Абас, рече дека тие се всушност водечката организација задолжена за ова истражување.
„Има многу неодговорени прашања што би можеле да покажат дека се работи за погрешна идентификација“, рече Абас.
„RIMAP ја разбира врската помеѓу австралиските граѓани со британско потекло и ‘Ендевор’, но ние имаме намера да ги базираме нашите заклучоци на релевантни научни процеси, а не на австралиски емоции или политика“, додаде таа.
Потонатиот брод за кој Самшн тврди дека е „Ендевор“ се наоѓа на 500 метри од брегот. Се наоѓа на 14 метри под површината, покриен со речиси 250 години наноси и тиња.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
95-годишна италијанска филмска дива во трка за Сенатот

Италијанската филмска икона Џина Лолобриџида ќе се кандидира за Сенатот следниот месец, неколку недели откако го прослави својот 95-ти роденден, јавува Си-Ен-Ен.
На изборите кандидатот на Суверена и Народна Италија ќе биде во градот Латина.
– Уморен сум од политичари кои меѓусебно се расправаат и никогаш не стигнуваат до поентата – изјави во неделата филмската дива за Corriere del Serra. – Ќе се борам луѓето да одлучуваат, од здравство до правда. Италија е во лоша состојба. Сакам да направам нешто добро и позитивно.
Иако имала „почит“ за работата на поранешниот италијански премиер Марио Драги, Лолобриџида вели дека не се согласувала со неговата политика. Таа решила да започне изборна кампања откако разговарала со адвокат.
Лолобриџида во разговорот изјавила дека е „добра пријателка“ со Индира Ганди, која била првата жена премиер на Индија.
– Ќе се гледавме секогаш кога ќе дојдеше во Рим. Таа беше извонредна жена.
Лолобриџида се приклучи на Булеварот на славните во Холивуд во 2018 година,пренесе Телеграф.рс.
Регион
Авион на Ер Србија принудно слетал во Црна Гора

Авионот на компанијата Ер Србија, Ербас 319, кој летал на релација Тиват – Белград, во вторникот околу 15 часот и 45 минути морал принудно да слета поради дефект на моторот, јавува Нова.рс.
– Тоа беше нешто како удар на гром. Авионот губел и менувал напојување, а една патничка видела искри под нејзините нозе и испуштање гориво од резервоарот во морето. Околу половина час кружевме над Бока Которска, а луѓето на копно забележаа дека од авионот излегува голема количина чад. Меѓу патниците имало и луѓе со мали деца кои почнале да плачат – вели патникот.
Тој додава дека во првите десет минути од летот екипажот не дал никакво објаснување, што уште повеќе ги загрижило патниците.
– Тогаш не известија дека има дефект на моторот и дека мораме да направиме подготовки за слетување на аеродромот во Тиват. Следеше стандардната процедура во таква ситуација, а тоа дополнително ги исплаши патниците, особено странците – додава патникот.
– Механичарите го прегледуваат авионот, а патниците чекаат нови информации за летот. Некои поради страв се откажале од денешниот лет и им помогнала аеродромската служба – изјавила патничката,пренесе 24часа.хр.
Европа
Естонија ги затвора границите за руските граѓани

Естонија оваа недела ќе ги затвори границите за повеќе од 50.000 Руси на кои претходно им биле издадени визи, со што ќе стане првата земја во Европската унија што ќе спроведе мерки кои имаат за цел да го отежнат влезот на обичните Руси во ЕУ.
Русинката Ана, која како и многу Руси секојдневно ја минува границата во естонскиот град Нарва, е загрижена дека повеќе нема да може да доаѓа во Естонија за да ги посети гробовите на своите роднини, пренесува Ројтерс.
„Се надеваме дека нашите земји ќе постигнат компромисно решение. Можеби ќе се договорат за нешто. Се држам настрана од политиката, но бидејќи моите роднини се закопани овде, би сакала да можам сепак да дојдам“, рече Ана и рече дека обичните луѓето не можат да решат ваков проблем,пренесе Танјуг.