Свет
(Видео) Автомобил прегази група луѓе на пешачка зона во Германија, има загинати
Најмалку две лица загинаа, а околу десет се повредени кога автомобил удрил во нив во пешачка зона, во градот Трир во западна Германија, соопшти полицијата.
Како што пренесува РТЛ, над местото на несреќата кружи хеликоптер, а училиштата во близина се заклучени и следат протокол за случај на можен терористички напад.
BREAKING – Car plows through pedestrians in the German city of Trier, at least 2 dead, 10 injured. The police rammed the car and arrested the driver.pic.twitter.com/oQHM83arwv
— Disclose.tv ? (@disclosetv) December 1, 2020
Еден од очевидците рекол дека голем сив „Ренџ Ровер“ поминал низ пешачката зона со огромна брзина и дека луѓето ги „фрлал во воздух“.
Полицајците ги предупредиле луѓето да го избегнуваат местото на несреќата.
Локалните медиуми известуваат дека возачот е задржан во полиција, додавајќи дека деталите за инцидентот се нејасни, пренесе „Дејли мејл“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

